Кармин Vs. сјај за усни

Дискусија во 'Лице' започната од Mishela, 30 август 2010.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    63.144
    Пол:
    Женски
    Па девојки, што сакате и користите повеќе сјаеви или кармини, што ви е најважно кога ги купувате (квалитет, цена, марка..) и какви се бои може да се најдат во вашите колекции ? :)
     
  2. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    479
    На кармин и лабело сум алергична, така што користам стриктно сјаеви за уста. Ги имам испробано сите на Нивеа и омилени ми се, а често купувам и од Авон во различни бои.
     
    На resenska и Mia-K им се допаѓа ова.
  3. puflaa

    puflaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    21
    Кармин не користам, некако ми е за жени :P
    Лабело и сјај секојдневно и тоа од АВОН најчесто. Сега моментално имам неколку сјаја во златна боја,праска,црвенкаст,темно розев,безбоен... Многу се! :rofl:
     
  4. maja0

    maja0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно сјај за усни. Од Орифлејм, Авон имам купувано мал милион сјаеви. Сега користам сјај за зголемување на усните од Авон и од Нивеа сјајче праска боја.
     
  5. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    4.468
    Допаѓања:
    49.891
    Пол:
    Женски
    Сакам и сјај и кармин. Кармин црвен, а сјај розев. Купувам и од парфимерии и обични маалски продавнички.
     
  6. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    кармини сега за сега не користам, само лабела и сјајчиња во разни бои, ама сепак најдобри ми се безбојните си ја бендисвам бојата на устата :lol:
     
  7. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    573
    Допаѓања:
    1.261
    Користам и кармини и сјаеви за уста, ама повеќе ги сакам кармините за навечер а за преку ден сјајче или лабело зависи. Кармини користам претежно розеви нијанси, најчесто ги порачувам од авон
     
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.136
    Пол:
    Женски
    Користам повеќе сјај за усни во боја од Голден Роуз,ретко користам кармини,многу ретко,доколку користам најчесто светло кафен кармин или нежна нијанса,црвени никако :) не ми стојат :) додека за сјај за усни истото :) некогаш практикувам да ставам кармин, а потоа малку сјај за усни нормално во иста боја или пак седефест кармин за колку да им дадам на усните ефект на полни усни,сјај,иако се полни но не многу :) таман се :) значи правам комбинации и од кармин и сјај за усни.
     
  9. skygirl

    skygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    152
    Повеќе сјај за усни или некој светол розев кармин.
     
  10. ludacaa

    ludacaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    178
    повеке користам нежни сјајчиња а да знам по некогаш да лупнам и црвен кармин :rofl: :rofl: :rofl:
     
  11. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    484
    Лабело обавезно, сјај преку ден (дон жуан) а за навечер кармини.
     
  12. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.348
    Ретко користам сјај за усни, да не речам, воопшто не користам, леплив ми е, а тоа ми смета. Ако се одлучам да ставам сјај на усните, ставам од сјајот кој што се суши, како сјајчињата на max factor. А на кармините имам мерак, како малечка дури сум ги јадела од што сум ги сакала. Сега, мислам дека карминот не е соодветен за моите години, па така да и не ставам кармин за излегување и слично, добро ретко, и некоја посветла нијанса која што нема да биде многу впечатлива и нема да се приметува. А и не ми треба, ни кармин, ни сјај, си ја сакам бојата на усните! :$
    Сепак, јас сум си за лабелото. И е со заштитен ефект, и добро изгледа на усните! Не ми треба никакво лепило на усните. :lol:
     
  13. Harlow

    Harlow Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    104
    За моја возраст, само сјаеви. Преферирам понежни, месо боја, светло розево, или безбоен. :)
     
  14. martincencee

    martincencee Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2010
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    74
    Сјаеви!И најчесто користам на Менхетен или Лореал некако најубави ми се и не се собираат како остатоци на краевите на устата.Ааааа и исто така ќе заборавев уствари до сега најубавиот ми бил на Ланком ама поскапичок ми е тој и поретко можам да си го дозболам(по густ е некако и мн долго трае). :)
     
  15. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    2.857
    Допаѓања:
    3.610
    Дечко ми ич не сака кога ставам сјај или кармин :D Поточно кажано кармини не ни употребувам,едноставно не ми стојат никако! Најчесто си употребувам сјајчиња и лабела.Имам сјајчиња за уста од авон,од пазарче еден ефтин си го зедов месо боја и имам уште еден леплив и безбоен на голден роуз.Тој многу ми се допаѓа и често си го употребувам.
     
  16. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.894
    Кармини не користам, освен еден од месо боја кој го ставам како подлога, а сјај - обавезно! Без сјај не излегувам од дома. И лабела користам исто така. Најмногу ги сакам сјаевите од Nivea и од Авон. :)
     
  17. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.898
    Користам само еден или два кармина и одозгора ставам сјај :) Лабела и сјаеви не знам ни јас колку имам .. не знам ни каде ми се . Имам од орифлејм , авон .. од тука по парфимериите што купувам . Лабелата ми се од нивеа . Имам и од странство што ми ги донесоа за нега на усни , лути се ама после усните многу убаво изгледаат. Не сум нонстоп со огледалцето и сјајот во рака . Ставам кога искачам и после дали не сакам дали заборавам не знам :D
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.730
    Допаѓања:
    74.035
    Пол:
    Женски
    Најчесто користам лабело. Барем сега може да се бира, има во сите бои и вкусови. Сјај за усни имам само еден, во принцип не сакам усните да ми се лепат на секое затворање на устата, па затоа поретко ги користам, освен ако налетам на некој кој не лепи толку, како овие на Орифлејм со вкус и мирис на шумско овошје. Кармини повеќе користев како помала, металик нијанси најчесто, сребрена, златна, металик виолетова и слични. Понекогаш ставав и месо боја. Сега имам месо боја кармин, како и еден во т.н deep red нијанса, кој го ставам само површно, колку усните да ми добијат боја (бледи ми се многу).
     
  19. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.547
    Допаѓања:
    285
    Пол:
    Женски
    Повеке сакам сјај..одколку кармини..и сјајот го користам секогаш кога и да излегувам...дали навечер или преку ден...користам сјаеви од авон од орифлем..имам и некои од парфимерии ..најчесо во розева боја...светли...кармини понекогаш ги ставам само како подлога а после нив ставам сјај...најчесто се во кафеава боја..месеста...а црвени кармини не користам...бидејки не ми ни стоат.. :)
     
  20. swety

    swety Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    5
    poveke koristam labelo karmini ne se gadam od niv cat pat moze i sjajce no mnogu retko se desava toa imam 2-3 taka stojat proziren,nezno rozev i meso boja ali poveke sakam labelo sega sakam od tie sjajcinjata na nivea bi koristela sjajcinja ama koga bi imale prekrasen ovosen miris
    pa dajte nekoja preporaka da ne lupam pari za gabe :)