Кармин, некој поквалитетен и немаш гајле. Не обожавам многу сјаеви многу ми се лепливи и ми изгледаат несредено
Секогаш Сјај, кармин поретко, а кога ставам кармин обавезно ставам сјај, неможам без него и најчесто карминот и сјајот ми се во розева или кремаста боја, се наоѓа и по некој кафеав но ретко и секако неизбежниот безбоен сјај. А во последно време користам лабело, бидејќи комплетно ми го заменува и сјајот и карминот, не сум можела да замислам дека со лабело ќе излезам, ама ова си ја врши работата максимално: баш е вака сочен како на сликава. у план сум да си земам и црвено.
кармин дефенитивно од макс фактор, или пак нешто орифлем од типот џордани. ахх се што е покапо е поубаво.. како и да е јас повеќе си го аресам сјајот, а карминот го користам кога сум располоЖена
Моментално користам еден на max factor и ко кармин и ко сјај е има две четкички едната е со акрмин другата со сјај и баш сум задоволна,долготраен е
Сјај не користам, имам многу сјајчиња дома,ама ми тежи на устата и ми се лепи, ептен ми смета. Кармини сакам повеќе и тоа строго мат, без никакви светки.. Најчесто си ставам од Gosh, дреч портокалов..
Кога како.Но повеќе сакам сјаеви иако во последно време никако да си купам,па затоа ставам само лабело или евентуално црвен кармин.
Имам само два кармини, почесто купувам сјаеви во различни бои. Ги сакам оние на Нивеа и имам неколку од Авон. Само што, во последно време во каталозите ги нема тие што мене најмногу ми се допаѓаа
Се заљубив во едно сјајче од Менхетен го пробав од тестер,300 и нешто е мора да си соберам пари да си го купам,здравје.Кремасто е,Nude,знаете на какво мислам. Мислам дека е последното иако на сликава изгледа темно,ама вакво е на уста
Сјајчињата тотално ги откажав. Не можам уште да ги дотрошам сите залихи од порано, ама почнаа да ме нервираат - премногу ми лепат, го лепам и дечко ми ако сакам да го бакнам, а по некое време стоење замирисуваат повеќето од нив. И некако ми станаа нападни, такви светлуцави усни, не бре, не ги сакам. Кармини преферирам повеќе, сонувам за еден од Clinique, кај нас се околу 1500 ден. што е претерано, ама вујна ми ми носи од Америка кога доаѓа. Ниту ги суши усните, нит се размачкува, долготраен, мат, значи нема поубави кармини. Во меѓувреме, ги користам овие две лабела, многу убаво мирисаат, само на Нивеа е повеќе пигментирано со светки и траат, а во меѓувреме ги негуваат усните. И дечко ми не ми бега, кога му се приближувам да го скокотнам.
Јас ги имам овие од Клиник, од Америка се донесени (една тетка работи во Клиник и имам доста шминки од таму, сенки, кармини, маскари и многу сум задоволна Инаку јас користам кармини, моментално од Авон порачувам имам 5-6 и многу се квалитетни, долго траат ама кога се намалени се 250 ден најмалку, не од оние што се по 100 и нешто кога ќе се намалат се надевам ме разбравте Еве слики:
Oфицијално изјавувам, дека го пронајдов мојот совршен кармин! Вуала ! Не е типичен кармин - ми изгледа ту како сјајче, ту како лабело и кога го ставате на усните изгледа тоолку нежно, им дава розевкаста боја, не сјае, не лепи, траен е и мириса прекрасно - баш како што јас сакам! Истата нијанса е од сликичката и го фатив случајно на попуст!
A кое лабело од нивеа или росал најмнојгу остава боја?Јас го имам користено Nivea strawberry kiss,и убаво беше,како некое нежно црвено карминче да сум ставила,сега го земав fruity shine cherry,и тоа е добро ама сакам некое повеке што се познава.Има такво?