Ногу ми го фалат сјајчето. Го имате пробано, дали сте задоволни. И колку чини? (незнев каде да го сместам прашањето, па га ставив овде )
^ го имам јас користено околу 90 денари е ,трае подолго,само не ми се допадна што е некако ептен леплив... можеби е таков затоа што е погуст за разлика од другите сјаеви.
дефинитивно сјај.Mоже и првин кармин а потоа сјај,но не практикувам само кармин,сјајот ги прави усните поубави.
Не користам сјаеви, многу се лепливи и никако неможам да ги поднесам. Најчесто користам лабело, понекогаш и кармин во зависност од приликата.
Повеќе сакам и користам сјај Би сакала да користам кармин, но само црвен засега не, бидејки сметам дека не стои на 14 годишно девојче
Сакам и кармин и сјај за усни.. Обожавам црвен кармин во последно време,некако ја искажува сексипилноста на жената,ми се мена и вкусот за боите во козметиката.. Порано сакав безбојни сјаеви и несакав кармини,но сега сакам се позабележливи бои.. Ги користам овошните сјајчина за усни од Авон (но како што кажав црвената боја а може и темно розева ) А пред некое време си купив и црвен кармин од Авон
Сега за сега сјајот одлично си ја врши својата задача! Можеби some day кога ќе бидам bizness woman ќе морам да имам и по некое карминче
Најчесто користам сјај за усни, кармин многу ретко... Од сјајчињата сакам на црвена и розева нијанса. Не експериментирам на сина , виолетова и слични нијанси. Некако невкусно ми изгледа. А кармин исто така обожавам на црвена и розева нијанса
Го обожавам сјајов , ништо не го заменува.Секојдневен е , за на училиште е супер . Па зависи понекогаш и а излегување. Мириса на детски мастики и јоргован
Неможам да користам сјај за уста, па така да најчесто сум со кармин. Сјајот ми лепи, ме нервира, а често се случува ако е вкусен да го "изедам" после пет минути, и да испадне џабе сум ставила. Затоа кармин, имам повеќе нијанси на бои, од различни производители, но омилен ми еден што го имам од L'Oreal. (за жал не можам да си дозволам да имам повеќе од еден и тој го чувам за поспецијални прилики) Ефектот што се постигнува ми е неверојатен, и многу ми трае. (тоа си оди и со цената) А за секој ден Лабело!
Користам исклучиво сјај за усни. Најважно и е да не пука устата (бидејќи денес се повеќе сјаеви се неквалитетни) и да има нежна боја и да не светка многу па устата да ми биде ко новогодишна елка
Ова чудо! Ко сјај е ама има мат финиш, не лепи, ко кармин е ама не е кармин, не се осеќа ич на уста! мојата нова љубов официјално
Па повеќе корстам сјај за усна ..го комбинирам со пудра. Прво нанесувам тенок слој на пудра на устата па потоа сјајот.Обично користам розевкасти светли сјајчина и излага прекрасно..Пробајте па кажете ми дали ќе сте задоволни..
Ги користам и двете, но почесто кармин. Сјај ретко за излегување ставам врз карминот да ми светка малку устата. Ми лепи ептен, а богамио јас го лепам на дечко ми и така на никој не ни се допаѓа сјајот. А карминот некако повеќе ми трае.
Сјаеви иам од секоја боја, ама не ги користам ептен се лепливи тешки, така ги иам колку да ги гледам.Знам да ставам некогаш, на некоја посвечена прилика, ама ретко се случува. Обично користам лабело она што е на rosal hydro care, пошто ем ми ја омегнува устата ем и дава сјај. А кармини си користам почесто, највеќе месо боја и некои нежно розеви, а исто така си имам и црвен кармин, ама него поретко го користам .
И двете! Ама озбилно имам тон и од едните и од другите. Сјаевите ми се полесни, кога сакам набрзина да излезам ставам сјај. Сега гледам се комбинирале, па ај и јас ги комбинирам Кармините ме асоцираат за нешто маку поозбилно, од тоа што мајка ми секое утре ставаше кармин за на работа, па така мене кармин ми беше само за на работа, како дете. Сакам повеќе нежни бои на кармини па и на сјаеви, сите веријанти на розево, па и крем и кафено. Црвено многу ретко, имам само еден асален. Најчесто кармините ми се од Авон, дека ги земав на некои акции. А сјаеви имам од секаде. би сакала овој да го пробам
Многу си ги сакам и двете ама некако сјај кога ќе ставам одма се брише ми се лепи по коса и сакам кога ќе ставам да стои долгоооо или воошто не ставам одам само со лабело ,а па да го бакнам мачоров со сјај ајј ич несакам потоа сум како свиња валкана во устата и често ставам креон за усни барем стои суво и угледно .Проблем човек што да се праи