Повеќе користам сјај за усни,кармин само кога излегувам навечер или за посвечени работи..Kога ги купувам најважен ми е квалитетот,сјајчињата обично ми се некој нежни бои а кармин користам темно црвен
Лабело најубаво. Двете си имаат предноси. Кармин, ми се допаѓа, ретко ставам. Многу убави бои има. Сјај, е поженствено. Свети, али што лепи
кармин дефинитивно. имам месо боја највише,по некој црвен,портокалово-розев(омилениот) и не ми текнуваат други..иначе купувам марка секогаш..не би да експериментирам и ставам се живо и диво на лице.
До пред година дена,одговорот гарант би бил сјај,ама во последно време се повеќе користам кармини. Преку ден повеќе сакам nude,голи бои,светло розевки евентуално,а за искачања знам и да откачам некои појаки бои.Црвен кој е веќе класика нели,портокалов,сега хит ми се и оние burgundy бои или вампирски ко што ги викаат -темно црвен,бордо,кафеави дури и темно лилаковите ми се симпатични. Сјајчиња користам секакви во сите бои и преку ден и навечер,ама баш сјајчиња, не течни кармини.Мислам дека ги имам скоро па милионче Тука се негде
Кармин! Женственост бе, ниво. Сјајчиња користам онака за преку ден, секојдневна работа се тие барем за мојава возраст, а за навечер користам кармин, црвен. Се осеќам поженствена, позгодна, поубава, ми дава самодоверба црвениот кармин. Знам некогаш да ставам и виолетов, розев, светлорозев-некоја месо боја така нешто зависи од облеката, ама ако не е црвен кармин обично е сјај или лабело, најчесто.
За ислегување немам користено сјај не памтам од кога,ама за денски па...така да навечер кармин,дење сјајче
Имам кармини еден милион..шала на страна имам и сјај за усни!Скоро сите ми се различни марки кармините највеќе ми се на oriflame потоа имам од avon и други марки ама излижени им се имињата а и не ги памтам..јас каков ќе најдам таков купувам не гледам каква е марката највеќе имам црвени потоа розови па кафеаво-кремави, портокалово-црвено и други бои...Сјај за усни користам највеќе и купувам од oriflame..P.S не купувам скапи гледам да се некаде под 300-250 денари
Па скоро секогаш употребувам сјај, не користам кармини освен за некоја специјална пригода. Иначе најважно ми е дали е убав, не некаков леплив и гаден Квалитетот се подразбира, а за бои.. па незнам, моментално си користам светло розев, си купувам најчесто од Авон.
Најчесто користам сјај за усни.Сметам дека подобро ми се вклопуваат во мојот начин на шминкање,а од боите најчесто користам месо боја и нежно розево
Па зависи од останатата шминка ако очите ми се поистакнати ќе ставам сјај а ако очите се понежно нашминкани тогаш ставам кармин,обожавам кармини во силни бои како црвена и циклама а знам во последно време да ставам и кафеав-месо боја а над него танок слој од бледо-розов кармин-преубаво седи пробајте !
најчесто користам кармин обично посветли нијанси имам и на циклама за излегување го ставам и си најдов уште една супер нијанса од rimmel kate moss кармините 08 ни розова ни кафеава мене ми е моментално најдобра еве ја ( сликите се преземени од друг сајт)
и двете, прво нанесувам кармин па врз него сјај во иста или слична боја, не носам само кармин или само сјај, двете или ниедно
Ја имам истата нијанса од rimmel и сум презадоволна,многу ми е нежна. Инаку користам и сјај за уста,но сепак преферирам кармини во вакви некои неутрални,понежни нијанси.