Кога ми е за до работа или факултет, претпочитам само сјај за усни, додека кога излегувам или е некоја поинаква прилика, кармин и врз него малку сјајче.
Во последно време ни кармин ни сјај туку само моливче за уста и тоа Малена ептен ми се допага, не ми ја суши устат така самото од себе како прсно доаѓа, ептен ми се допага и барем трае и трае со часови и што е најважно не ми се размакува
Најчесто сјај за уста и тоа во неутрални бои,а за излегување знам да употребам и кармин во некоја појака боја,најчесто розева
Несакам сјајчиња, строго кармини кај мене Најсексиљави ми се усните со мат кармин, убаво претходно отцртани со моливче. Преферирам темни тонови, чоколадни. Сјаеви многу ретко, некогаш ако ми текне ради реда . Ги имам скори сите нијанси на кафена и темно црвена (што оди накај кафена), a може да се најде и некој неутрален, светол. Розев кармин ич не ми стои. Од летово првпат решив да ставам црвен кармин и тоа многу светла црвена ама ич не ми прави ќејф. Планирам потемен да си купам Секако квалитетот е поважен. Не планирам супер лепак да чувам на уста само поради бојата или да ми мириса на нафталин... најчесто оваа боја ја носам (4ката )и не ја менувам ни под разно Уште да беа MAC хахах
Кармин користам за излегување а со сјај сум секогаш.. На факс, на шетање, таму ваму со сјај.. Инаку многу ми се свиѓа црвен кармин како седи и некои кафени нијасни.. Розови кармини баш и не сакам многу но некогаш ми се случува да ставам па над карминот сјајче..
Јас сум за комбинација од двете,а и така е поубаво не пука устата. Инаку најмногу користам црвен и кармин со боја како моите усни.
Јас користам и кармини и сјаеви за уста , но повеке сум ЗА кармин бидејки многу ми се лепи устата од сјаевите Инаку преферирам силно розеви нијанси , силно црвени , боја на праска , беж боја. А црни нијанси никако Моментално овие 2 кармина ги користам и многу сум задоволна
Случајно да не ги има новите карминчиња на MaxFactor: Lipfinity? Нешто како фломастерчиња се, одамна вакви барам...
Jас повеке сакам сјај,но ме нервира тоа што оставаат бело на усната и изгледа непривлечно,па мораш да се гледаш на секое в огледало дали имаш нешто и да се чистиш и мене нервира тоа што како ми тежи на уста да го ставам,јас нема да издржам веднаш ке го избришам A кармин си е кармин,нитѕ се прави бело,не го чуствуваш дека го имаш на усна
Женски да ве прашам нешто,дали имате видено ваков сјај ама има матирачки ефект и на усните изгледа како да имаш кармин.Конкретно го барам овој на Manhattan.
Почесто користам сјај , поубаво ми изгледа и ја омекнува устата.Посебно од нивеа ми се омилени, розевкасти нијанси... =)
Користев сјај..Но на живци ми оде тоа што косата се лепе за него и затоа сега користам од оние лабелата во тубичка од орифлејм и супер се ја омекнуваат устата а и немаат лош мирис...
и јас од истата причина се нервирам и затоа претежно си користам карминче,а некогаш и мешано карминче со сјајче.