Кога се работи за шминка јас не сум јас ако меѓу две нешта не го изберам третото Така е и во овој случај. Устата многу често ми пука до крв, затоа обично користам гроздова маст. Тоа а и + многу ми се слатки кутивчињата Кога би морала да бирам меѓу кармин и сјај, тогаш би го одбрала...сјајот. Едноставно не ги сакам кармините.
Користам сјај за усни,затоа што мислам дека сеуште сум малечка за кармин.И не сакам да се шминкам со моливчиња со креони :\ имам една другарка која користи креон, и мене тоа не ми се доппаѓа :\
До скоро преферирав сјајеви, но сега некако повеќе сакам кармини, и бидејќи немав си купив од Голден Роуз неколку боички
во мојата колекција можеше да се најде и по некој сјај, но веке не користам само кармини многу е непријатно чуството кога трошки од храна ти се лепат на усните, или има по некоја светка а треба да изгледаш пристојно
Јас си сум по сјај4ињата од секогаш. Или пак имам од Австралија мешавина кармин и сјај4е и такво користам ама ретко пошо тешко се вади
Ве молам препорачајте ми некој сјај за усни што не се лепи и да е розев ама да се познава добро не премногу светол за преку ден. И да е некој добар
Дали некоја од вас ги има користено овие сјајеви на Диор и Ланком? И најважното дали се лепат? Сакам да купам некој добар сјај розева боја Спојлер се извинувам што пишувам пост врз пост
Менне овој ми е најјдобар. Името кажува се! Од Oriflame е, околу 150 - 160 денари. А што е најважно трае долго време, до 5 часа, можеби и повеќе.
кармин но во некоја светла боја светло розев но практикувам да носам сијај за усни исто така со светли и весели бои
Прекинав да користам сјај за усни. Ако дуваше ветар, косата ми се лепеше за устата и... Не користам многу и кармини, само во некоја посебна прилика. За хидратација на устата користам лабело постојано, ама кармини не многу.
Кармин forever Или лабело. Ама и тоа да не е безбојно туку што е можно потемно Мразам сјаеви, едноствано смешно изгледам со сјај. Додуша, најдов еден што ми се допадна, од Макс Фактор- Мат. И не е нешто лудо скап, 280ден го купив. Кога ќе се погледнам во огледало без обоена уста, имам впечаток дека сум болна! xD Навика...