Не е до кармините. И јас сум ист случај, што и да ставам, после еден час устата ми е сува, па морам да ставам нов слој. Сум користела и скапи и ефтини прозиводи и секогаш е исто. Пробај, пред да ставиш кармин, барем 15 минути претходно да ставиш дебел слој лабело или вазелин и убаво да ти се впие во устата. И барај кармини, не сјаеви, што се хидратантни. Устата се суши од дехидрираност, од студ, а може и од лоша навика, ако ја грицкаш или подлижуваш. Јас ова несвесно го правам и не знам како да се одвикнам.
Кармин имам користено многу ретко и тоа карминот што е од Авон за помеки усни од мед и млеко. Сјаеви имам премногу и ги користам.Розев,црвен,безвоен...... Повеќе ги сакам сјаевите
Кармин не користам, Многу ги сакам сјаевите имам секакви повеќето ми се од Oriflame и Avon а имам купувано и од парфимерии ги имам во различни бои и мириси со праска,цреша,вишна,јагода и што уште не А исто така користам и лабела од Nivea. А кога ми е испукана устата користам од Rossal со мед и млеко во аптека го купувам. Многу е убаво и брзо ми омекнува устата ВИ ГО ПРЕПОРАЧУВАМ
Јас користам и кармин и сјај но, повеќе користам сјај. Кармин користам само кога излегувам негде така навечер, а сјај секој ден скоро користам и поубаво ми е некако.
Кармин, без конкуренција. Не знам како порано купував и сум сакала толку многу сјајчиња, ама сега не сакам да ги смислам. Кога ќе помислам какви се лепливи и после кратко време ужасно засмрдуваат (ретки исклучоци оние многу поскапите и квалитетни, ама и солени во цената), а устата свети како некоја глазирана крофна, посебно оние со пау ефект на пецкање или што да е, со уста ала Анѓа Џоли... ужас. Не ги можам ни на себе, ниту на други. Огромна одбивност имам кон сјаеви за усни. Затоа колекцита на кармини ми расте, ги купувам како да е крај на светот.
дефинитивно сум за кармин сјај веќе одамна не користам не ми се допаѓа леплив е и така мојот избор паѓа на кармините од римел едноставно совршени и имат преубави нијанси
Порано не можев да замислам да ставам кармини, се изговор ми беше дека не можам да ја погодам нијансата, дека имам многу сува уста и ми пука секојпат кога ставам кармин независно колку е хидратантен и колку слоја имам... Имав мал милион сјајчиња во буквално секоја боја, од најсветла до најтемна, и поскапи и ефтинки. Ама сега сум со обратно мислење. Веќе има повеќе од две години како немам ставено сјај на уста, и искрено не знам зошто. Некако си замислив дека ми стои смешно, дека светам како лампион, лепливи усни, брзо се расипуваат... Така да, гласам за карминчиња кои дефинитивно траат подолго од сјаевите и даваат побогат изглед на секое лице.
Сјај никогаш не сум ни купила ни користела. Обично лабело, а од пред година дена и карминче понекогаш. Сјаевите не ги можам ама ич. А искрено, не знам зошто, кога не е од искуство
Најчесто користам лабело кое остава боја.(црвеното од росал), сјаеви имам но не обожавам да користам оти некако ми ја собираат устата и ја осекјам како стегната.Повеќе користам кармини, и не ја сушат устата ако прво нанесете најобично лабело или било каков балсам за усни па потоа карминот
Да ги пофалам моите две нови карминчиња,Римел Нијанса 070-преубаво нежно за преку ден..... И број 12,мандарина Него ќе го пробам вечер
Хм.. 2 во едно, имам такво сјајче-кармин многу тешко се вади, не ми е оттука го обожавам еднаш да го ставам и ми трај цел ден кафеавко е и мене баш ми стои дури светка па премногу сум задоволна. Сјајчиња користам обично кармин слабо ама откако си купи mamma-mia црвен кармин ме воодушеви па решив и јас да си купам, али уште купувам.. Така да сум измеѓу ама мислам за поелегантно подобро е сјајче, а за на работа и слично кармин
Се најде некој исто да размислува како мене. Некако многу одвратно ми изгледаат сјаевите. Кога ќе ставиш кармин ем убаво се исцртува устата, некако поголема ја прави, по привлечна ми е. А вака со сјајов некако помала ја прави иако многу се залажуваат мислејќи дека им е поголема. И малце тенко карминче да ставиш, само да го натапскаш некако го отвара лицево, за разлика од тие лепаци за уста
Најмногу преферирам сјај за уста,не сакам кога ќе ставам нешто на уста да се гледа премногу,туку така да биде некоја нежна боја.А иначе најмногу купувам сјаеви од Manhattan. Моментално користам ваков и сум мноу задоволна од бојата.