Сте користеле ли од они сјаеви за волумен на устата...од авон или било која фирма? Инаку преферирам кармин. Сјај помалку затоа што кога дувне ветар цела коса ми се лепи по уста хах
Преферирам кармин дефинитивно. Сјаеви никогаш не употребувам. Добив за поклон еден прилично убав скај од гош и 3 години ми траеше. Многу ми се лепат и незнам.. недај боже цигара да запалиш. А, имам една другарка (верувам сите имаме по некоја таква) опсесија и е сјајот. Мене дури гадно ми изгледа, само се шлапа. Еден сјај, една недела и трае. Како што кажав, дефинитивно кармин!
Дефинитивно кармини! Како мала се шлакав со кармини и после некаде 8-9 години тетка ми ме убеди дека камините се само за тетки Потоа од 14 години редовно користам кармини и само кармини. Се збогував со лепливите, шљокасти мармалади и си одам на сигурно, убаво си ги оцртувам усните и знам дека немам мед до брада Користам разни кармини во зависност од комбинација и боја, па прилагодувам нијанси
Да, го имам пробано тој на Диор. Првите десетина минути ништо не се случи, и туку почна да ме пече и пецка устата. Непријатно чувство а не оти имаше којзнае колку ефект. Не пробав пак. А во однос на темава, кармин секогаш, кармин секаде. Не сакам сјаеви, посебно зошто косата ти се лепи за сјајот ако дувне ветер. И лоши се за бакнување на пр. А и општо, не ги сакам. Кармините ми се опсесија, многу сакам квалитетни и убави кармини. Постојано си докупувам, сите ме зафркаваат за тоа. Во ташна обавезно по 3-4 минимум си носам, не знаеш кога ќе притреба. Во однос на нијанси не сакам розови, особено не светлорозови или пак некои јаки портУкалеви нијанси. Ја сакам црвената, го сакам бордото и некои такви нијанси. Се знае што е класика.
Бидејќи имам мали усни, го користам сјајот за испакнување на усните од орифлејм. Усните ми добиваат малку волумен и така си бркам работа со него.
Кармин не ставам од кога видов што се не ставиле во него! Ако ви кажам нема да ми верувате но, ај, сепак за информација. Ќе кажам што запамтив, тоа беше пред многу години. Во карминот има: -Крлушки од риби; -Вештачки бои; -Конзерванси и секакви отрови. На тоа се сеќавам. Го видов на Да Винчи каналот, и од тогаш само моливче и лабело или сјај за да не биде толку суво. Знам дека ме читате како: Што и е на оваа? Но, јас сепак не сум за кармин.
Женски, дали некоја од вас о има користено сјајот NYX Soft Matte lip cream? Ми се допадна многу една нијанса, а ги меркам долго време, мат се сјајчињава и мислам дека не се лепи кога ќе се нанесе. Ако има некоја коментар некаков нека каже, сакам ова да го купам
Не се баш сјајчиња, воопшто не се сјајни, имаат прилично сув и мат финиш, но не ги сушат дополнително усните. Јас би ги класифицирала како течни кармини. Не лепат и мислам дека нема да згрешиш доколку си го купиш, и така не се многу скапи, на чери калчр моментално се 5 долари, значи помалку од 250денари, па ако купуваш и други работи, со оглед на тоа што се наплаќа шипингот, би ти се исплатило.
Не користам кармин од 2 причини, првата е што личам на кловн со било која потемна нијанса и воопшто не ми стои кармин, а втората причина е тоа што мака мачам со алергии па и некои посветли (понеутрални) бои кои ми стојат неможам да си ги погодам, незнам на која состојка сум алергична . Сјај за усни користам само 1 проверен кој не ми прави алергии, ретко експериментирам со козметики, бидејќи имам нежна проблематична кожа.