Кармин. Најчесто користам бледи нијанси на црвена и бордо, а за побитни вечерни излегувања ставам јак црвен кармин. Многу мразам сјаеви, еднаш за задува ветер и цела коса ќе ми се залепи..
Камо да можев и двете да ги користам Дали било кармин, сјај, лабело, или обичен вазелин после 15-30 мин ми се насобира нешто бело на устата, на местото каде се допираат горната и долната усна, и кога ќе заприметам веднаш бришам што и да сум ставила на устата и не се осмелувам пак да ставам, бидејќи кога ќе се засуши тоа и уште потешко е да се вади. Ај нека ме просветли некој, што е проблемот со моиве усни :/
незнам дали и тебе ти е од тоа, ама кај мене имав приметено порано кога ќе ставам пудра и ако не ја избришам од устата и после ставам на неа нешто така ми се правеше затоа пробај со влажна марамица избриши си ја пудрата од устата убаво, па нанеси после кармин или сјај мене тоа ми помогна би требало и тебе (доколку ти е од пудрата.. ) пробај си
Знам, и мене така ми се собираше од пудрата така бело суфкасто, ама не, ова е сосем нешто друго, значи и едно обично лабело кога ставам, во школо и сл. така после некое време ми се собира и мора да се бришам, а тоа страшно ме нервира, а и не изгледа привлечно. Ништо, баталиф се'. Е сега, ептен кога ми е испукана устата, ќе ставам лабело, инаку, не се ни трудам.
Кармин! Сјаевите за усни некако ме асоцираат на детството, т.е. на основно школо кога на сите ни беа хит сјаевите, нема која не ставаше и не носеше во школо, пуст детски мерак.
Кармин во секој случај, сјајот ме нервира ми лепе некако неможам да поднесам, Обично користам мат кармин најубаф ми е
Јас не обожавам сјаеви воопшто, ама овие некако ептен симпатично ми делуваат. Некако ко да не се толку сјајни и мрсни како што знаат да бидат сјаевите. Ги има кај нас? Си мислам ги видов во ДМ, ама ич не ме држи ум. Ајде ако ги видела некоја нека пише за цената. Спојлер
Мишелке јас овие одамна ги барав на темата за римел, и кога конечно ги видов во космо. А и во дм ги имам видено. За цена не сум баш најсигурна, никогаш не паметам, а и башка дека се одеднаш гледам некако многу ми доаѓа да ги запамтам. Се си мислам дека околу 170-200 денари се. Во секој сличај цената е пристапна, не беа кој знае колку високи. Мене врв ми е 303чето, предпоследното. Види го видеово на 3:30 min http://www.youtube.com/watch?v=HVxMEE5JPiQ
Преферирам кармин, иако ретко некогаш може да се најде и сјај на моите усни (2 пати годишно ). Што знам.. Кога имам нанесено сјај се чувствувам „повештачко" и имам чувство како да имам течен лепак УФО Боите варираат различно, најчесто шеќер-циклама
Многу ретко ги користам и двете. Најубаво ми е само со лабело. Пред некој месец намерно си купив кармин и се трудам да го користам секој ден. А сјаеви имам премногу. Сите ми се поклони и ретко ги користам. Инаку гласам за кармин! Ненормална женственост дава.