јас ги видов во ДМ во ГТЦ...цената им е 360 ден ама немаше ни еден тестер..се мислев да си ги порачам од АСОС ама поскапи се,ама од друга страна кај нас ги нема сите бои..јас го барав Nude eclipse ама го нема кај нас
Сјај немам ставено кој знае од кога, имам само еден црвен ми се плетка по дома. Кармин ставам секогаш во секоја пригода
Кармини не користам сеуште, нападни ми се за моја возраст, па така да повеќе сум на сјаеви. Имам многу различни видови на сјаеви што и јас не знам кој е нов а кој стар, често ги купувам
Обожавам и кармин и сјај за усни. Карминиот најчесто го користам како подлога под сјајот за поинтензивна боја
Зависи,кармин не ставам во секоја пригода и многу ретко го ставам. Сјај за усни ставам.Но сега само лабело ставам,бидејки ми пука устата и највеќе ми помага лабелото.
Преку ден сум со сјај или лабело,а може да ставам некое нежно карминче.За излегување секогаш кармин,а неретко одозгора сјај,за поиспакнати усни.Во секој случај и двете работи ги користам,ама преферирам карминче
Користам само кармин и лабела, многу ретко сјај за усни. Кармините обично ги одбирам по боја додека лабелата ги одбирам според типот, дали се за чуствителни усни, за суви и тн.
Користам лабело и сјај за усни, кармин не ставам никогаш, можеби би ставила кога би одела на некој посвечен настан, а за секој ден не.
лабело сакам, сјајот за усни го прекинав зашо не ми се носи више, некако ко лепак да иам стаено се осеќам така да кармин сеа за сеа така бледо розевникаво или месо боја така нешо