Мене пецкање ми се јавува од секој кармин ако претходно не нанесам вазелин или нешто слично. Чувствителна ми е кожата, па ако ставам неколку пати кармин директно на уста, кожата почнува да ми се суши и разранува. Можно е пецкањето да е алергиска реакција ако кожата не ви трпи нешто од составот.
Сјај за усни избегнувам да користам поради тоа што многу ми се лепи косата по него. Кармин не ставам дирекно на уста, прво нанесувам лабело па потоа вазелин. Изгледа по природно во устата и не се познава дека имаш кармин ставено.
сјај за зголемување на усните- тоа е она што ми треба те молам дај ми било каква информација колку гозема од каде добро изледа се ?
Продавачките по парфимерии ми имаат кажано може да се употребуваат сите козметички производи 6 месеци по изминување на рокот ја не верувам баш...
Сјаеви користев до пред неколку години, сега ми се некако непрактични и не ми се допаѓа како изгледам кога ги носам. Користам строго само кармини, ги имам во најразлични бои, а преферирам похидратантни и во појаки бои. Даваат неверојатен женствен изглед, особено црвениот
Девојки, ве молам дадете ми било каква информција за сјајлиња кои ги здебелуваат усните ? итно ми треба позрав )
Ова ми е најнова љубов! Штета во продавницата имаше само три бои од кои една ми беше погодена, инаку ќе се вратев да купам уште Ако некој знае кај ги има, нека каже. Некои 60тина денари беше.
И двете ама сјај за преку ден а кармин за вечерно време а доколку е по нежен кармин и за преку ден ставам
Воопшто не сакам кармини. А за сјај,е тоа е друго. Редовно си порачувам од Орифлејм или Авон. Најмногу розова боја,а може некогаш и безбојна,само со светки.
Го делам потполно истото мислење. Сјај не памтам од кога немам ставено, се си мислам изгледам ко неизмиена после бурек јадење. Дури и да ставам таков некој лесен sheer кармин што личи како сјај на уста, битно кармин е
Па и двете ги користам имам 3 сјајчича(со разни големини и разна боичка) а имам и 2 бледи карминчиња,што многу си ги сакам,па зависи,само ме нервираат сјаевите што многу брзо се бришат,ама сепак изгледаат убаво А и зависи од комбинацијата
Аууу... Сјај немам ставено повеќе од 3 години. А и кармини не користам често, само кога се глупирам по дома.
Јас ги користам и двете заедно ако карминот е понежна боја,некако така поголеми од карминот а светаат од сјајот.Или ако сакам да добијам некоја нијанса прво ставам кармин а врз него сјај
Неможам и не верувам дека ќе можам да се одлучам помеѓу кармин и сјај за усни, па така да мислам дека е поубаво и попривлечно кармин и одозгоре сјај за усни.
Јас тој од авон што пецка знам дека ги прави усните поголеми и поисполнети. Ама пече многу. Мене не ми се свиѓаат.
Јас кармини воопшто не ставам, не сум навикната. А и тие што ги имам ја сушат устата. Сјаеви користам. Најчесто розеви или некои посветли, на пример праска боја или крем. Инаку најмногу ставам лабело