Има ли некој користено кармини од Inglot? Има јак попуст на кармини во Inglot исто и на цела козметика,ама прво ме интересира искуство.
Имам јас ама не сум го користела многу често еднаш или два пати ако имам ставено. Вака беше океј, долготраен. Ако го има тушот тој обавезно земи го, преубав е.
Сестра ми има мрсни капаци, она го користи скоро година немала никаков проблем. Нормално, си ставаш база што верувам дека ти користиш. Пак ти повеќе се разбираш од шминки од мене.
Ми треба помош како да најдам кармин ваква боја Комбинација е од повеќе или.. многу ми се допаѓа. Во каталогот на Авон најдов ваков Marvelous mocha ама незнам дали е таков
Дали некој ги има пробано овие мат кармини од essence-this is me, многу прифатлива цената ми се виде, па ако некој ги има пробано нека сподели како е задоволна
Комбинација е ова од темно моливче и посветол кармин. Јас вакво слично добивам кога ќе го искомбинирам ова моливче И овој кармин од ГР, Coral Nude
Убави се,мат и не ја сушат устата ама не се нешто трајни. Зависи што бараш и гледај да пробаш на лице место бидејќи се разликуваат нијансите на слика и во живо.
Сјај за уста немам користено од времето средношколка кога бев, се сеќавам дека многу лепеа на усните како лепак. Сеуште ли се такви, или има некоја подобрена верзија, да не се лепи чашата за устата или храната, ужасно тоа ми смета. Кои се најдобри без да лепат и да не се бришат веднаш?
А се лепат ли многу, супер ако се убави, ги има и кај нас. Се мислев да ги купам ама сакав мислење за нив, гледам и бои има убави. Точно од кои си задоволна, мислам два вида имаше?