Candy shop ми е омилен, го користам само со моливче, а другиот е со златни светки, убаво изгледа на нуд кармин.
Одамна немав купено сјај за усни или кармин, откако почнавме да носиме маски. Од авон имав користено сјајчиња и кармин, ми биле ок, ништо посебно . . овие сјајчиња сега што ги нарачав од авон се предобрии, а power stay и преубаво мириса .
Јас го имам бебешко розе и ептен дреч розе. Многу се убави,убаво стојат на усни особено сега во лето.
Јас не сум баш љубител на сјајчиња ама си купив од овие еден и убаво ми се погоди, нежни нијанси имаат.
Како се стоплува и мене така мерак ме фаќа за некој фин корален или слатко-розов сјај. Ме нервира малку кога ми се лепи косата, ама си ги открив оние на Etude и топ ми се. Овој ми е најомилен, apricot red. Имам уште еден бордо, нијансата се вика shark red. Не е класичен сјај, повеќе е како лип тинт ама мислам дека спаѓа во категоријава. Поготово пак ако не сте обожаватели на класичен сјај, овој сигурно ќе ви се допадне. На почеток си е класичен сјај, потоа се суши и дава my lips but better ефект. Му се намерачив и на еден розов, ќе го земам и него.
Јас повеќе користам сјаеви отколку кармин и постојано купувам. Башка и сјај е повеќе модерно периодов.Ви ги препорачувам на есенс нема утка со нив. Од кико имам еден и многу сум задоволна планирам да купам уште една нијанса. И аура имаат убави ако сакате со светки.