Здраво девојки, каде можам да најдам кармин со светки? Значи не сјај туку баш класичен кармин со интензивни светки, по можност и црвен
Јас имам од Кико баш таков каков што опиша, црвен со интензивни светки. Ама лани ми е купен, провери може имаат и сега
Не изгледаат лошо овие, пред некој ден пробав на рака само и скоро сите нијанси ми се допаднаа. Чекам коментар ако некоја ги пробала, не се баш евтини, па ме интересира дали навистина вреди да се земе сјајов. Баш нежни се нијансиве.
Нијансите се убави, особено таа светло розевата, таа ја имам, ама не ми вреди баш. Убав е сјајот ама има многу подобри, пример Maybelline lifter ми е врв сјај.
Јас имам природно поголема уста, па не видов некоја разлика, не ми даде волумен, како обичен сјај ми беше. А и да дава волумен сигурно би било ептен минимално со оглед на тоа што е само сјај.
Пак јас Вчера таман решив да земам некој, на рака од тестерите ниеден не ми се бендиса. Што гледав видеа некако други како да беа нијансите. Јас сакав за розевиот, на рака ми беше проѕирен, а и другите не беа нешто да речеш многу да се познаваат. На усни се познава ли бојата, која нијанса ја зеде ти?
Ја имам 101 crystal clear нијансата. Проѕирен е, очекував да е повеќе на розево нијансата со оглед како изгледа на пакувањето, ама таа најмногу ми одговараше па океј е во тој поглед. На слики и видеа знаат да испаднат потемни или поразлични нијансите. Така се имам зезнато со друг сјај дека сум бела и многу темен ми испадна па изгледав како да имам само уста на лицето.
Ти благодарам многу,ми ја разреши дилемата И јас по тој бев тргната ама некако на рака ептен проѕирен а на слики на розево маваше. Сега да не се мислам дефинитивно да не земам
Овој мат е? Не сакам мат воопшто, ниту кармини мат не користам. Ако имаш предлог за добар сјај кој не е мат, сподели искуство. Од Лореал кармините и Макс фактор сум задоволна, исто и на Мејбилајн се добри, па затоа толку и за сјаевите запнав.
Сјај е. Претходно не поднесував сјаеви се додека не го пробав овој. Не ми се лепи на устата и убави нијанси имаат. Веќе неколку пати го купувам.