За Vinyl мислиш, течниот кармин? Мене па ич не ми се трајни на уста...после три часа го снемува, спротивно е од она што го зборат. А Lifter сјаевите се одлични, по препорака тука купив и сум презадоволна. Првпат сјај да не ми ја суши устата. Не се екстра трајни, ама па и не ми е тоа битно.
Исто искуство со Vinyl карминот. Нијансата ми е совршена, баш тој тип на nude што го барав, ама дека е долготраен и дека не се трансферира е лага. Би го купила пак заради нијансата, ама во поглед на трајност очекував многу повеќе.
За superstay ink сигурно зборите, најтраен дрогериски кармин. Овие, сега се во сменето пакување, личат многу со Vinyl. Vinyl не се трајни воопшто и по некое време се губи пигментираната боја внатре што ја имаат, останува само некој проѕирен слој како сјај, а не се баш евтини за така да е по некој месец. Само што се полесни на уста кога се носат од другиов што малку потешко се чувствува кога се носи. Вреди да се истрпи за трајноста.
Исто искуство имам со vinyl ink на почеток беше супер, но се пресликуваше. Јас мислев дека само кај мене тоа се случува бидејќи гледав видеа и не се пресликуваше. Сега по одредено време забележав дека ја снема пигментацијата. Нијансата е одлична, но добивам ист ефект како да користам сјај за усни.
Зарем? Колку време го имаш? Мене од март ми е купен, ама не се шминкам многу па имам доста од карминот. Добро што кажа, барем да не се чудам што се случило со карминот ако во некој рандом ден се претвори во сјај.
Година и некој месец прикрај е сега. Се намали пигментацијата уште од зимата само сјај остава и малку боичка.
Мене многу ми се допаѓаше тој ефект кога му се намали интензитетот. Овие матт инк како малтер да имаш ставено на усни, пресуви, и како и сите мат кармини ако изедеш нешто мрсно се брише само на средина и изгледа грозно, а со vinyl тоа изгледа посуптилно. Го истрошив скроз до крај (ова е реткост за мене) и пак би го купила.
Од super stay matte ink имам два кармина потрошено. Најтраен ми е после L'oréal infaillable 24hr lipstick. Но не ми се допаѓаше тоа што воопшто немаше никаков сјај, баш беше онака мат како што и пишуваше на карминчето. Ми сметаше што се лупеше кај внатрешниот дел од усните после оброк. Го вадев со масло исклучиво. Солиден кармин е, но мислам дека има и многу подобри. Vinyl линијата воопшто ја немам пробано, но погоре пишаната линија од L'oréal ми е топ и моја препорака. Лабелото што е од другата страна и дава многу убав сјај на устата.
Matte ink ми беше многу грд кармин, баш како малтер. Воопшто не е ефтин за таков безврска ефект, два пати го стадов и толку. Од Макс Фактор имав некој мат течен кармин, баш како свилен ефект се осеќаше на усните.
Јас ваков земав портокалова боја Се утепав бришејки после прво ставање, не искача и не искача од уста
Vynil кармините што ги зборите погоре, јас од нив имав купено тогаш кога излегоа во продажба , ја имав нијансата cheeky и многу убаво ми стоеше. Само многу леплив ми беше и се чувствуваше на усните тешко. А од тие matte ink брв задоволна ама зависи од нијансата. Nude нијансите многу брзо ми се бришеа. А па една црвена што имав не излегуваше со ништо. Тие погоре новите ги немам пробано, баш ќе земам некоја нијанса Кога сме кај кармините трајни, јас ги користам во последно време само на Bourjois. Не е течен, ама е претраен. Rouge velvet му е точното име. Мислам нема потрајни кармини од овие.