Од сјај само ова признавам, имам безбоен, неутрална nude боја, и рубин црвен. Си ги вредат паричките, прекрасни се. Лабело користам на Гарние, црвеното, и не го менувам за жива глава, тоа Нивеата во канта испратив сите. А кармини имам разно разни, од пазарски до поквалитетни, не пребирам.
Повеќе користам сјаеви, но некогаш комбинирам кармин + сјај Моментално ги користам сјајчињата на la senza
речиси подеднакви користам и сјаеви и кармини . За дневен изглед ,почесто ги користам сјајчињата ,и тоа во секакви нијанси ,а за вечерен најчесто комбинирам сјај и кармин. Најубави ми се на Авон ,Орифлејм ,Росал и Нивеа ,го има во изобилство во мојот несесер. Редовно користам и лабело и тоа исклучиво Росал ,само тоа и ја негува устата како што треба .
Јас повеќе сакам кармин. Подолготраен ми е, посекси, бојата поубаво се познава, додека сјај не можам да трпам многу на уста, особено ако е многу густ. Се нервирам и го бришам по кратко време.
Порано користев само сјајчиња, неможев да замислам кармин да ставам бидејки ми изгледаа премногу како за повозрасни. Сега, неможам да ги поднесам сјаевите. Буквално ми се гади од нив, од тоа колку лепливи се и колку не убаво ми стојат. Кармин имам во оние 3-4 нијанси кои ги носам, a сјај за усни-never again.
Па сјаеви за усни дефинитивно користам многу почесто од кармин бидејќи сјајчињата ми се некако посекојдневни.
Јас се си сакам, и кармини и сјаеви и лабела . Искрено, изгледа лабелата најмалку ги сакам зошто имам само едно, ама фала Богу немам јас проблем со испукана уста, еднаш до двапати годишно ми пука, чисто колку да се регенерира . Кармини си сакам, во последно време сакам јаки бои, си купив 4-5 нијанси на црвен, имам од корална до темна бордо, ама ги користам само за вечерни излегувања. За преку ден ретко кога ставам кармин, може сега преку лето ако сум расположена за спремање да ставам розев ама дреч розев и малце сјајче одозгора и сјајам под сонцево. Но тоа е ретко, 2-3 пати во цело лето, најчесто ставам едно сјајче од марка Чкљ, така светла месо боја, колку да ми засјае устичево.
порано користев само сјајчина ама сега само кармин и тоа од golden rouse имам многу нијасни но најчесто користам месо боја или бледо црвен
Сум за крамин повеќе. Подолготраен ми е и некако повеќе ми се допаѓа како изгледа. Понекогаш знам да направам и комбинација од кармин и сјајче.
Си користам и сјаеви и кармини. Неможам да го поделам. Обично за дневни излегувања ставам само некое нежно сјајче, безбојно или пак некоја светла боја. Зависи каде одам, облеката итн. А за вечерни излегувања ставам кармин и одозгора сјај - ми дава подобар ефект, а бидејќи имам мала уста така ми изгледа поголема. Јас го користев овој од авон- сјојот за испакнати усни ама воопшто не бев задоволна и прекинав, исто како да ставаш обичен сјај, разликата е во тоа што тој те пецка..