1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каролина Гочева - „ИЗВОР“ (нов албум, 2018)

Дискусија во 'Музика' започната од theunforgiven, 24 февруари 2018.

  1. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    2.150
    Најновиот албум на Каролина Гочева е насловен како „ИЗВОР“.
    Не е практика, но, одлуката била сите песни од албумот уште веднаш да бидат објавени на официјалниот YouTube-канал на Каролина, во вид на lyrics-видеа.

    „Убав живот“
    „Газам боса“
    „Бели цветови“
    „Да е сон“
    „Земи го срцево“
    „Будна“
    „Ти не дојде“
    „Нема песна за мене“
    „Млади багреми“

    ...се имињата на новите песни кои се во препознатливиот стил на нашата поп-принцеза, откако направи БУМ со нејзината трансформација од комерцијала во нешто поинакво.

    Секако, на оваа листа ѝ се придружува и песната „Ѕвона“ која беше промовирана како најавен сингл за албумот пред Новогодишните празници во 2017.

    ЛИНК од една песна:


    Слушнете ги песните и - да анализираме, да коментираме...

    [​IMG]


    P.S. Денеска, „прашината“ ја крена песната „Будна“ која има текст напишан од Весна Петрушевска - Бејби.

    Во меѓувреме, почнувајќи од вчеравечер (23.02.2018 па се' до 26.02.2018 - секоја вечер се случуваат промо-концерти во живо, во МОБ - Скопје. Сите се распродадени, па, поради тоа, пуштени се влезници за нова „тура“ концерти на 1,2 и 3 март.
     
    На g8lQQk, hermosa и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.584
    Пол:
    Женски
    Мене албумот ми делува баш фино. Песните имаат убава мелодија, интересни текстови. И не е воопшто за пензионери како што некои велат. :) Ги отсликува животот и љубовта на еден поинаков начин. :)
     
    На Таа Сум, theunforgiven и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  3. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    2.150
    Ох, само еден одговор на темава! Очекував малце поинаку да се одвиваат нештата =)
     
  4. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Првиот ваков албум на Каролина од 2008. ми се допадна, наредните два - не. Ми звучат многу простодушно, баш како за пензионери и внуци.
     
  5. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.261
    Пол:
    Женски
    Албумот е супер, сите пофалби за Каролина и композиторот Александар Мицевски со тимот музичари.

    Вистинско уживање и празник за уши :music: