Сите нејзини песни ми се допаѓаат, а исто и таа. Најдобра пејачка ми е од македонската естрада. Ама кажав пејачка, за пејач, Тоше беше еден и единствен.
Изгледа со татко и била во Пеко, така? После се сликани во некој кафич на мезе седнати. Инаку приватно најмногу се дружи со Весна Петрушевска и Елена Ристеска од јавните личности.
Се согласувам со сите оние кои велеа и велат дека Каролина требаше да пее Rock или Hard Rock но и повеќе песни како одличната „Ајде да летаме„ , песната плаче за нова верзија со симфонијски оркестар и електрична гитара.
Ја обожавам оваа пејачка, од ко памтам за себе ја слушам. Секогаш кога месам (хехе) пуштам каролинка да ме дружи и пејам на цел глас
Не ја обожувам, но почитувам тоа што има убав глас и што за мене беше и остана примадона во Мкд музиката. Има свој стил Од неа нема ,,промашај,,
А ова сериозно Македонско девојче ви е добра ствар? Јас слушам некои миксови на маџарско, руско, српско, склопено и продадено под амбалажа на македонско... Особено двојката е meh.
Каролина беше најдобра и анјплодна кариера имаше кога пееше песни во 2000 години, од типот Хипокрит, Љубов под облаците... некои такви шик песни. Кога пееше она некој чалгиски песни везе нема, не и одговараат. Да продолжи таков тип песни да пее како тие што ги набројав ќе се врати пак во статусот што го имаше. А од евровизија што беше со двете песни ниедна не и беше најдобра. Може до некаде Од нас зависи. Но она е таман и одлично и стојат такви шик песни.