Леле тоа шала беше Нормално дека не е девица, сите знаеме дека имаше неколку посериозни врски. Па и Каролина знае да се пошегува и насмее, не е толку ладна Инаку мислам дека голема грешка и беше што ги откриваше во јавност нејзините врски, тоа и самата си го призна во повеќе интервјуа, и сега и лепат секакви етикети. Нормално е да си има дечковци што се финансиски стабилни, па боже мој, во такви кругови се движи. Нема тука ништо чудно.
Поп-пејачката Каролина се соочува со нов предизвик - подготовка на големиот солистички концерт што ќе се одржи на 13 мај во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Токму концертот, како и промоцијата на нејзиниот најнов видеозапис за песната „Не се враќаш“ беа причина за вчерашната средба со новинарите на која популарната пејачка најави едно сосема ново и поинакво концертно издание кое ќе биде поделено во неколку дела - етно, рок, електронски звук... Како гости на концертот ќе се појават „Беј д’фиш“ и Влатко Стефановски, кој се појавува и во спотот за „Не се враќаш“, чија премиера уште во самиот старт предизвика реакции. Станува збор за видеоприказна во која доминира алкохолот и која завршува со ужасна сообраќајна несреќа и смрт на главниот актер. Морничавата снимка од сообраќајката е слична на сцена од филмот „Сенки“ и се одигрува на истата раскрсницата пред Владата на РМ. Спотот го изработи „Томато продукција“. Какви реакции очекуваш по промоцијата на спотот? Лично мислам дека е преексплицитен и шокантен, има премногу алкохол... „Битно е што шокира. Подобро шокантен момент отколку нешто што нема да помине забележано. Секако дека претходно се договаравме како ќе изгледа, тука се и двајцата актери кои ја глумат приказната. Се' се случува за едно деноноќие, режисерскиот дел му е доверен на Бане од „Томато“. Деновиве топ-тема во јавноста е твојата соработка со „Беј д’фиш“ за песната „Идеална жена“. Им приреди пријатно изненадување на сите твои обожаватели... „Тоа беше идеја на ’Беј д‘фиш. Ме исконтактираа и ми ја презентираа, ми рекоа дека сакаат да бидам една од нивните епизоди, зашто албумот им е конципиран како една цела приказна, и да ја одглумам улогата на идеална жена. Тоа, всушност, е само насловот зашто во песната се работи за жена што не е баш задоволна од својот живот - глумам жена која се сеќава како некогаш и' било убаво, но сега има еден пропаднат брак, починат сопруг, деца за кои мора да се грижи... Малку е црн хумор, мие садови по цел ден и замислува како и' било некогаш... Се работи за тотално необична и неочекувана комбинација и затоа мислам дека е толку успешна. Но, морам да спомнам дека она што се врти на „Јутјуб“ не е официјално видео, тоа е видео од фан кому му се допаднала песната, па склопил некои клипчиња... Претпоставувам дека се планира и официјален спот за песната“. Според многумина, етнопроектот „Македонско девојче“ ги освои највисоките оценки, одбележувајќи те во сосема нова светлина. Ќе има ли слични проекти во иднина? „Да, во план е подготовка на ’Македонско девојче 2‘. Се' уште не сме почнале да работиме на тоа, зашто сега брзо излезе мојот последен поп-албум и сум преокупирана со него. ’Македонско девојче 2‘ би било приближно за една и пол година“. Домашната естрадна сцена е во состојба на летаргија. Веќе подолго време ништо особено не се случува, со чест на исклучоци. Каков е твојот впечаток, во кој правец се движиме? „Ништо не се случува зашто за да се случи нешто – тоа чини многу, а не ти се враќа ништо. Затоа има мал број имиња, помалку од кога било кои опстануваат и живеат од музика. Претпоставувам дека тоа е главна причина зошто македонската музичка сцена никогаш не била во полоша ситуација од сега. Имаме наплив на имиња од страна, не велам дека не треба да доаѓаат, но мислам дека треба да се посвети поголемо внимание на нашите изведувачи. Кај нас кога некој ќе закаже концерт, веднаш почнуваат со разни претпоставки и предвидувања што се негативни во однос на пејачот наместо да го поддржат. И се' додека е тоа така, нашата музичка сцена ќе биде се' полоша и полоша. Веќе подолго време си во стабилна врска која не ја криеш од очите на јавноста, иако многу не зборуваш за својот приватен живот. Што те прави среќна, колкав е твојот круг на искрени пријатели? „Нормално дека емотивната исполнетост е битна за секоја жена, не само за мене, туку зборувам за сите жени што ги знам, на сите им е битно да бидат емотивно исполнети. Тоа е еден од сегментите што се битни за да функционираш и на другите полиња.Имам искрени пријатели, со текот на годините кругот се' повеќе се стеснуваше и сега веќе знам точно кои ми се пријатели, се дружам и гледам секојдневно со нив. Исклучително ги негувам своите пријателства и сметам дека се многу битни, најбитни. Се' друго е менливо, но пријателите се константни во животот. Пријателите ми се долгорочни, можеби тоа е еден биковски момент, тоа што сакам стабилност, секогаш сакам да сум на позната територија, не можам да се отворам на секого, треба некого да познавам за да можам да му се доверам...“ Многумина ти забележуваат на ладниот пристап, резервираноста, воздржаноста... „Воздржаноста, резервираноста е можеби како одбранбен механизам. Јас сум многу емотивна и да сум го немала тој одбранбен механизам, сигурно ќе сум поминала потешко во животот. А со оглед на тоа што кај нас се смета за нормално, а што не... можеби е подобро што сум сметана за резервирана, па некои дури можеби и ме сметале за арогантна, но тоа е подобро отколку да ме сметаат за патетична или за не знам што...“ Некако спонтано ми се наметнува и прашањето за брак... Почна ли да размислуваш на оваа тема, кој е според тебе најдобриот период за стапнување на лудиот камен? „Нема идеално време за брак. Во последно време често одговарам на ова прашање. Верувајте ми дека не размислувам на таа тема како за нешто што треба да го планирам. Ако се случи - се случи, ако не се случи - ништо страшно. А бидејќи сега се модерни времиња, би сакала да имам дете, меѓутоа мажот не е задолжителна работа, ха, ха, ха!Никогаш не сум била од тие што сметале дека е трагично да не се омажат. Да сум сакала, ќе сум се омажела уште на 21-22 години. Мајчинството е најбитно, а бракот како брак... Има толку многу разводи што мислам дека и бракот ја нема таа вредност што ја имал некогаш“. Големата концертна промоција на албумот „Капка под небото“, актуелното издание на пејачката Каролина Гочева, ќе се случи на 13 мај во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Овој перформанс ќе биде збогатен со присуството на две значајни имиња од македонската музичка сцена - гитаристот Влатко Стефановски и електропоп-составот „Беј д фиш“. За разлика од претходните настапи на Каролина пред домашната публика, овој пат таа подготвува специјална програма. - Ова ќе биде нешто сосема поразлично од она што досега сте навикнати да го слушате и да го гледате од мене. Концертот ќе биде концепциски поделен во неколку целини со песни со етно, електро, рок и секако со поп-призвук, кои сум ги правела во изминативе години - рече Гочева на вчерашната средба со новинарите. Иако Каролина откри дел од концептот за ова нејзино претставување пред скопската публика, сепак се чини дека допрва ќе се утврдуваат деталите за овој концерт. - Во моментов сé уште имаме мали недоразбирања со Каролина за тоа како да се конципира концертот. Јас сакам тој повеќе да биде рокерски, а таа сака во него да бидат вклучени песни од целата нејзина музичка кариера. Кога ќе дојдете на концертот, ќе видите чија идеја победила - изјави шеговито Бобан Милошевски од промоторската куќа „Авалон“. По настапот во Скопје, Каролина планира концертно да се претстави и пред белградската публика. Според плановите, настапот во главниот град на соседна Србија би се случил до крајот на оваа година. Гостите Влатко Стефановски и „Беј д фиш“ се одбрани затоа што Каролина направи соработка со нив. Гитаристот Стефановски го отсвири солото во песната „Не се враќаш“, а со „Беј д фиш“ го направија синглот „Ideal woman“. Инаку, вчера на средбата со новинарите по повод концертот беше промовиран и новиот видеозапис на Каролина и Влатко Стефановски за темата „Не се враќаш“, кој го изработи продукцијата „Томато“. Во него, покрај нив двајца, се појавуваат и глумците Весна Станоевска и Игор Стојчевски. Еве го спотот http://www.youtube.com/watch?v=s4I1AS1pcUE
Спотот ми се допаѓа. Веќе еден месец рекламираат исечоци на телевизија и не знаев што може да биде, а излезе дека се работи за најновиот спот на Каролина. Со нетрпение го очекувам големиот концерт на 13 мај кој се најавува како спектакл.
ЛАДНА, СУРОВА, НЕ ЗНАЕ ШТО САКА, ИЛИ ПА ЗНАЕ МЕЃУТОА ИЗБИРА ПОГРЕШЕН НАЧИН ЗА ДА ГО ДОБИЕ. СИТЕ ТИЕ НЕЈЗИНИ ВРСКИ-СТРЕМЕЖ ЗА ДА СЕ ИСКАЧИ СКАЛИЛО ПОГОРЕ. АМА „СВОЈА РАКА КАКО ШТО ЌЕ ТЕ ПОЧЕША, ТУЃА НЕМА“. ПОНЕКОГАШ Е БЕСКУРПОЛОЗНА ВО БИРАЊЕТО СРЕДСТВА ЗА ДА СТИГНЕ ДО СЛАВА.
Ладна или не, воопшто не се замарам со нејзините врски и дечковци ама песните што ги прави во последно време и се одлични. Моментално според мене ни е најдобра во поп музиката.
Дефинитивно е најдобра македонска поп пејачка. За тоа зборуѕва и фактот дека веќе 20 години е присутна на естрадата и е постојана во тоа што го прави.
Мене Каролина ми е ок, и како пејачка и како личност. Некои хитови песни нема, освен таа со Тоше- љубовта е моја религија мислам се викаше. Песни има неколку од последниот албум кои ми се свиѓаат. Инаку не ми се свиѓаше и малце ме нервираше,што се моткаше со Дино (ако грешам поправете ме) и цела таа компанија, ама сепак си е нејзин живот.
А што со Дино? Не го експонираше него, само весниците пишуваа дека одела со него и толку. А дуетската песна со Тоше е Немир. Љубовта е моја религија е баладата, која исто така ја има пеено во дует со Владо Јаневски, он и ја има напишано песната.
Голем концерт на Каролина на 13 мај во салата Борис Трајковски. Кој ќе оди? Јас одам, бев и на минатите концерти и сите ми биле супер. Инаку во весниците пишуваше дека Каролина на големо се подготвува за концертот заедно со Авалон продукција. Лично она, започнала со тренинзи секојдневно, а концертот ќе биде во повеќе делови, етно, поп итн.
Каролина има многу убави песни ....еве некој хит од постарите што ме бендисва........http://www.youtube.com/watch?v=pDgNJNx9 ... re=related
Каролин4ето не го сакам многу но ги слушам нејзините песни има преубави песни но како да нема харизма шарм однесување на сцената нешто како да и недостасува но ако зборуваме за музичките способности таа и Елена Ристеска според мене се најдобрите женски вокали што опстојуваат денес на сценава (мислам од помладите пејачки) . .Сите песни и се хитови,да не речам мега-хитови. Последниот албум "Не се враќаш " и е полн погодок сите песни од албумот ги сакам а омилени ми се "Не се враќаш " " Капка под небото" " Сама " A обработката на стари македонски песни ме остави зборови уште еднаш ги докажа нејзините квалитети. а за постарите песни немам коментар : http://www.youtube.com/watch?v=OHOmZ8_rUhI http://www.youtube.com/watch?v=8JJbQn3ehqU http://www.youtube.com/watch?v=a50aAvriMGo http://www.youtube.com/watch?v=uz2JNH9UCW0 http://www.youtube.com/watch?v=5_6tLzZH ... re=related
да се надополнам : http://www.youtube.com/watch?v=qouDBhmd ... re=related Mи се допаѓа многу српската верзија од "Година две " http://www.youtube.com/watch?v=DE5pLxZ8sxE http://www.youtube.com/watch?v=aEnaj9FBRTE http://www.youtube.com/watch?v=dAa7e0DbNxE http://www.youtube.com/watch?v=lXtEI0TKO0c Сите песни и се хитови
почитувам квалитетни пеачки како Каролина, посебно ми прави ќеиф што е наша, талентирана и преставителна, секогаш спонатана. Последно нешто што многу ми се свиѓа е: http://www.youtube.com/watch?v=XWy22QZ8 ... B692A4F9D6 ме ежи песнава! секоја чест за композиторот, направил неверојатна песна. спотот уште го нема на интернет, а мислам ни во етер, но дадоа најава, спотот е маестраелн, едвај чекам да го видам.
Последнава песна има супер професионално спотче и убава е песната си ја потпевнувам. И некои други чат пат песни си ги потпевнувам. Али никогаш нема да влезе во категоријата на моите омилени пејачки. Антипатична ми е. Нехаризматична. Ладна. Освен гласот ништо друго не ме привлекува кај неа, a за гласот нема што да се коментира, за тоа е професионалец. Никогаш не би дала пари да идам на нејзин концерт. Мислам дека ќе пукнам од досада зашто не чуствувам никаков контакт од неа со публиката, а сум ја гледала на неколку јавни настапи, досадна е! А и скелет на батерии е. Неколку пати сум ја видела низ град, анорексична, прееееслаба и испиена. Ми изгледа искрено ко дрогирашка Има само една песна што и ја обожавам и на рипит ја имам ставено многу пати http://www.youtube.com/watch?v=dN9OtgJH4Fw