ја сакам,ја почитувам.таа е одличен вокал. нејзините љубовни врски,скандали и такви глупости не ме интересираат. од женските изведувачи е најдобра во македонија и меѓу најдобрите на балканот.
За концертот се најавуваат големи изненадувања. Гости ќе бидат Тавитјановци, Влатко Стефановски и Беј д Фиш, а концертот ќе биде поделен на неколку длеови. Освен поп делот, ќе има и дел со етно песни, со рок песни и со електро ритам.
Каролинче е едно прекрасно суштество. Ја познавам лично. Онаа каролина што е а сцена со онаа што е проватно се сосема две различни личности. Можете да судите се и сешто според она што се пишува и што се пласира во јавноста за неа, тоа си е ваше право. Тоа и е добра тактика за да ја задржи присебноста, и приватноста. Таа е еден голем другар, кој душа дава за оние кои и си драги. Факт е дека како неа нема вокал во државава. Каде и да отишла не се обрукала нити сама нити пак земјата која ја претставува. Е заради тоа и се дивам. А тоа со кого одела, па богати биле па вака па така тоа си е најзина приватна работа. Кога некој како неа на 16 години ќе ја испее од Whitney Houston I will allways love you http://www.youtube.com/watch?v=XGjulefVJUY нека коментира за неа. На сите концерти сум и била, на овој нема да одам од оправдани причини. Поздрав.
Каролинче е најубаво и најслатко нешто на нашава сцена, ама такви сме си ние македончињата ! Секогаш го почитуваме и го сакаме повеќе она туѓото одошто своето кое без да го форсираме вреди многу многу повеќе од некои странски музички имиња ! Концертот и беше совршенство, ме остави без текст ! .. . Само ме изнервира тоа што кога се изгаснаа светлата на сцена сите се разбегаа ! Па, добро тоа означува дека е концертот при крај но никогаш не дека е завршено ! Таква музичка ѕвезда каква што е Каролина се испраќа со дооолги аплаузи и групно излегување од салата.Мене искрено ми се одеше мн. во вц. но си трпев Никако не сакав да претрчувам на половина концерт
Јас па ич не ја сакам Лигава ми е Не ми смета многу нејзината музика, ама не едноставно несакам да ја слушам.
Каролинчето ми е преубава, преубави песни има. Во овој момент таа е најдоброто нешто во Македонија,мислам отсекогаш била, ама сега со новиот албум растур направи(според мене).
И јас си ја сакам само што не ми се допаѓа како Цаци ја облекува повеќе и го сакав стилот на Ношпал вака ми изгледа малку глупаво а има топ фигура
Многу ја почитувам Каролина, има прекрасен глас, нешто најдобро од македонската естрада. http://www.youtube.com/watch?v=pDgNJNx9B88 http://www.youtube.com/watch?v=OweecV0Lano http://www.youtube.com/watch?v=vCBygPung6U
Каролина сакам да ја слушам има интересни песни,но како личност ми е мн. ладна.Некако ко да незнае или неможе да допре до публиката. Конкретно,бев на концертот нејзин и добро пееше,ќе беше уште подобро да имаа поквалитетно озвучување,зашто ништо не се слушаше кога пееше нешто тивко.За стајлингот несакам да коментирам нешто посебно,мене лично не ми се допаднаа некои делови од нејзиниот стајлинг,но ок прашања на вкус. Лош потег и беше тоа што хитот го остави за да го пее на бис,а и гостинот воедно.Пола сала си отиде... Концеретот се на се беше онака 6-ка (на скала од 1-10)
До пред малку слушав Queen of the week на МетрополисФМ и кралица за оваа недела беше Каролинчето. Уживав, да ви кажам право и криво ми е што не отидов на концерт, ама ај си велам, тука е, македонска ни е, ќе направи пак
Jaс одбив гратиси за концертот и ич не се каам. Неколкумина од мојата околина што беа на концертот се со коментар ,,беше добро,, Никој не е фасциниран. Почнала во 10 часот да пее дури. Во 9 часот салата била речиси празна. А не дека потоа се наполнила. Плус во глобала 80% од публиката не станала да игра и пола публика била надвор на пушење пола концерт. Гратиси имаше на секој чекор, а и бесплатно влегувале за време на коцертот. Убаво пеела тоа никој не се ни сомнева, има и некои добри песни, ама атмосфера била тапа. Каролина не е за вакви големи сали. За неа е добра универзална сала, со одбрана нејзина публика, да расположи барем 1500 фанови, а не да остави рамнодушни и да си отидат на пола концерт 5000 луѓе. Ама ете сеа ќе си се фали дека ја наполнила Борис Трајковски.
Пораснав со песните на Каролина, отсекогаш ми била омилен вокал од Македонија,а и од балканот. Девојката е празник за очи и уши. Дефинитивно глас кој не ве остава рамнодушен. Сите албуми и се топ али последниот и е дефинитивно најдобар честитки за целиот тим кои го работеле и придонеле за денес да имаме еден од најдобрите албуми во Македонија. Мислам дека со последниот албум дури и оние така наречени ,,мразачи'' кои не ја сакаат Каролина, не ги остави рамнодушни. Морам да го споменам и албумот Македонско девојче. Албум за уживање и опуштање. Mакедонска традиционална музика испена со многу чуство и душа од секако прекрасниот глас на Каролина. Совршенство! БРАВО за ова ремек дело на Златко Ориѓански и остантиот тим. Да опстоиш на музичката сцена повеќе од 20 година тоа значи дека нешто вредиш. Македонка за гордост и почит! Крајно време е да почнеме повеќе да ги цениме нашите таканаречени ѕвезди, зошто мислам дека многу повеќе се цените во странство, а кај нас секогаш се плукани. Некако кај нас секогаш е дека туѓото чини, а нашето не. Имаме и ние квалитет кој треба повеќе да го цениме и сакаме и да бидеме горди на тоа што го имаме. http://www.youtube.com/watch?v=lURtvXUmzUQ http://www.youtube.com/watch?v=6sEAgMrvEas
Дефинитивно најголемиот концерт досега на Каролина.. Не очекував дека салата може толку многу да биде полна затоа што и никогаш претходно немам отидено таму. Луѓе од сите генерации, сите расположени и сите уживаа во песните на единствената Каролина. Одамна немало толку совршен и комплетен концерт во секоја смисла. Песните беа многу добро одбрани, се пееја песни и од старите албуми и од етно албумот и од новиот албум Капка под небото. Гостите на ниво, пејчката на највисокото македонско ниво кога се работи за музика и изглед. Немало досега дефинитвно ваков концерт. Квалитетна македонска музика, извонредни вокални способности на пејачката и конечно, концерт без гратиси. Браво за Каролина што наполни ваква сала и што приреди едно вакво шоу. Совршен концерт и презадоволна публика. Значи сепак Македонците знаат да одвојат пари за квалитет. Браво браво браво
Еднаа вика празно било другата вика полна сала ? ! како и да е он топик Каролинчево ич не ја поднесував некако многу ми беше дигната исфорсирана, (не знае конткт да воспостави со публиката ) зад тоа стојам ..... За квалитет е излишно да се зборува докажана во музиката ... Песните 80 % ми се допаѓаат особено За година две , Не се враќаш , Хипокрит , Се лажам себе и мнооогу други кои никогаш не ми губат ми останле запаметени а не хитчиња кои траат некое време тоа ми се допаѓа музиката што ја твори останува .... Сега ми е понормална барем она што го гледам , смирена се држи цврсто на земја тоа ми се допаѓа , дама си е ... Не не напна со скандали освен со Љубовниот живот и тоа не на нејзина вина ... Папараци ја сликаат а не прави скандал
Кажувам затоа што бев на концертот. Доволно зборуваат и медиумите за тоа. Не само на концертов, туку и на настапи, албуми, гостувања во емисии не е заслужна само Каролина, туку и толкава продукција позади неа како Авалон и цел тим на стилисти, фризери, најпознати музички соработници од Балканот.