И јас бев на концертот и супер си поминав. Точно дека во 9 саат салата беше полу-празна, но за брзо време се наполни. Каролина- прекрасна како и секогаш.Блескаше од задоволство кога излезе на сцена и кога виде полна сала. За пеењето - нема потреба да се коментира. Професионалец е -ПРОФЕСИОНАЛЕЦ. Уживав со секоја песна, и утре да прави концерт пак- пак ќе одам. Единствено што не очекував од неа е толку сериозен стајлинг...Каролина е секогаш совршено облечена, можеби беше и овојпат, но јас за првпат ја видов во комбинации кои лично не би ги носела. Штета што кај нас недоволно се цени македонската музика, и што луѓево повеќе сакаат да даваат 800 ден за Цеца, Северина и др, отколку 200-300 денари за Каролина.
А го знаете ова? препев http://www.youtube.com/watch?v=jcmFbfgjj98 оригинал од 2008ма мислам http://www.youtube.com/watch?v=scKgmq0DckM (бар да го сменила текстот ) и препев http://www.youtube.com/watch?v=dnjlLwCs9sA оригинал од 2007ма година http://www.youtube.com/watch?v=MLGikYDccPM Се фалеше дека ги ангажирала најдобрите текстописци и музичари, за да направат препеви од бугарски?
Сите песни на новиот албум и се препеани. И јас се запрепастив кога дознав, ама секоја песна веќе ја има на бугарски. За “Бои„ конкретно, ни контекстот во песната не е сменет, буквално истата е. Причина плус да се истепаат на Youtube со коментари македонците и бугарите.
Најубав албум во дискографијата на Каролина, но не само. И во македонската музика воопшто. Македонско девојче, со задоволство ги слушам сите песни. http://www.youtube.com/watch?v=Fn3H_UqytTI
Песните се препеви и не сите. Само неколку се препеви од руски или бугарски автори. Песните немаат врска со пејачите кои ги пееле за тој пазар, фино лепо за големи пари се купени од авторите на песните.
Мене ми е многу криво што не бев во можност да бидам присутна на концертот .Инаку Каролина има добри песни,посебно ми беше интересен албумот Македонско девојче.
Мене Каролина ми е антипатична. Едноставно нема харизма, многу исфорсирано ми делува. Да, има убав глас и ја бива за пеење, ама мене лично не ми е од омилените. И да не заборавам дека порано ми беше многу, многу поубава и поприродна. Инаку, има неколку песни што многу ги сакам (од постарите). http://www.youtube.com/watch?v=-cJmpUIX2Lk http://www.youtube.com/watch?v=25PFvFka0HI http://www.youtube.com/watch?v=hiSpVB4C5BI
Не ми е нешто посебно убава,згодна ич-преслаба е.Има просечен глас.Иако е долги години на сцена за мене како да не постои Онака без везе ми е.Инаку ја обожавам нејзината За година две и оваа најновата http://www.youtube.com/watch?v=OFwg2N5UVRY Кога ја слушам,секогаш си плачам
Антипатична ми е.Многу. Како помала ја сакав.Ама неколку пати ја имам среќавано низ град,не да е арогантна па и на тв се забележува тоа. А како второ не ми е ама баш ништо посебно.Слаба ,преслаба ,нити има некоја убавина.Единствено кај неа ми се допаѓа бојата на косата и долгите нозе. А песни има некои добри,за тоа се сложувам,особено последните најнови.
Се чудам кога некој вели дека имала глас...да, има, за приспивни песни... Како и нејзината појава така и гласот и е монотон, досаден, ја имам слушано во живо, се губи во музиката нејзиниот глас... Се напрега многу кога пее чиниш душа испушта, или мислиш опера ќе извади од себе за да на крај слушнеш едно мизерно ееееееее...Премногу исфорсирана, од мене има пролазна оцена... П.С. Каролинче извини ако сум една од твоите омилени форумџики
Не е тоа ароганција, туку начин да се заштити и да опстои цели 20 години. Ако се лигавеше, трескаше глупости и слично одамна ќе беше заборавена и од медиумите и од народот. За гласот не знам како по 20 години уште има дискусија. Преубава боја на глас и секогаш се е точно испеано. Последно се докажа со настапот на плоштад.
аууу Каролина бе. оваа само мајка и ја сака. знае да испее по некоја добра песна чат-пат али главно тој е впечатокот. ладна, антипатична, арогантна, без понашање, и никако не ми е убава или згодна. ко фригидна ми личи
Да ја сакаше само мајка и, немаше два пати да не претставува на Евровизија, немаше албумите да бидат рекордно продадени, немаше да постои 20 години на македонската музичка сцена, немаше да сними дуети и да соработува со најпознатите автори на Балканот.
Ако ова пеење во живо не ви чини, дајте ми ве молам нешто подобро од Македонија. http://www.youtube.com/watch?v=60OYr-vSZbI
За пеење може некако да пројде ама НЕ пее до толку УБАВО колку што преувеличувате и паѓате во несвес. Ја сакав до пред некоја година.. Поточно, ја сакав додека не го гледав интервјуто што и го правеа за Тоше. И поставуваат прашање за гласовните способности на Тоше а нејзиниот кам бек комент гласеше нешто вака: „Па, како што Тоше беше најдобриот машки вокал во Македонија, така и јас сум најдобриот женски вокал нели, се подразбира тоа... ѕрнѕрн“ И каде е тука всушност нејзиното мислење за Тоше? Односно, каде е одговорот на прашањето упатено кон неа? Сакајте си ја, не ви бранам, ниту ви пререкувам за тоа, ниту пак ќе се карам за тоа... Ова беше само мое мислење за нејзините способности и си наведов причина зашто ми се одмили оваа жена. Римембр, ај кам ин пис!
а ти Барбика ПР да не си и на Каролина? глеам кој и да каже нешто лошо одма идеш контра. мене не ми се свиѓа па уште 10 пати на евровизија нека иде ако сака. а да ја биваше до толку ќе направеше нешто. и може да се удираме у груди колку сакаме дека била наша ама искрено ја не познавам ни еден човек на кого оваа му е мила, добра, харизматична, симпатична или сл. ја не кажав ништо за гласот и пеењето. ама за да бидеш ѕвезда треба да си комплетен. и опстојува 20 години пошто други речиси и немаме. а за соработка со познати автори смешна си жими се. па кој и да им плати би направиле песна. нив тоа им е работа, не дека пукнале да соработуваат со неа.
За тоа што не претставувала на Евровизија ама ич не би да коментирам...за друго, си створила име, се пробива,ама дека не е тоа тоа-не е...И јас би сакала некогаш да ја видам во поинакво светло, поопуштена, похаризматична, да покаже некој став кога пее, да здиви ако треба...би била многу поинтересна. Вака за мене е ништо повеќе од просечна...Се труди, но не придобива...Вештачка ми е до срж...
Каша не можеш да генерализираш.Ако ти не познаваш некој што мисли дека е харизматична и добра пејачка не значи дека никој не ја сака.Постои причина зошто е толку долго на сцената и не е поради тоа што викаш дека "други пејачки немаме". Мене ми се допаѓа,ми се допаѓаат нејзините песни кои имаат некоја смисла и тематика за разлика од песните на некои самопрозвани пејачки е сега можеби нема некој што се вика извонреден и неповторлив вокал но гласот и е солиден.
па не е некој професионалец али како за кај нас убаво пее...немам нисто против нејзе има убави песни..убаво пее не е лоса сепак секој си има дарба за несто и своја убавина
Голем фан на Каролина, пред се на нејзината музика а потоа и на неа како што е претставена. Бира што ќе каже, никогаш не се расфрла со непотребни изјави и не виси по телевизии само затоа што ја викнале. Се појавува само кога треба да каже нешто. Професионална е и најверојатно тоа дошло поради долгогодишната соработка со Авалон, која работи со светски имиња и е ретко сериозна продукција. Ни јас ни никој не ја знаеме за да судиме каква била и многу е лошо да кажеш Кучка за некого што не го ни познаваш. А уште помалку да знаеш дали била добра или не. А да здивела или да направела скандал, ќе беше зборувана некое време и потоа ќе беше избришана од листата на пејачки. Со ваквото нејзино однесување и став кон музиката и работата, успеа да опстои 20 години.