1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каролина Гочева

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од Barbica, 9 октомври 2010.

  1. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    А мојот коментар потполно се совпаѓа со овој
    Би додала и дека воопшто не е убава во живо, а за жал нема нити некоја харизма, а и воопшто не се труди кога се работи за комуникација со "фановите".
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски

    Па богами бира што ќе каже. Кога ја интервјуираа за Тоше, прво си се испофали и се стави на исто ниво со Тоше- што уствари неможе ни да се замисли а не па да се случи некогаш, па после само кажа дека убаво пеел. Според мене со тоа пробува да ја прикрие несигурноста, па ајде ќе се фали за да изгледа самоуверена.
     
  3. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Давам реплика затоа што сакам и затоа што имам поинакво мислење од тоа.
    Уште за плаќавето тим да прави песни. Кој е глуп да плаќа да му прават песни ако тоа не му се враќа? Самите Авалон кажаа дека најновиот албум поминал многу подобро во продажба од претходните два иако бил поскап.

    А кога ја интервјуирале за Тоше и сама си се испофалила? Изјавата и таа и сите други и се на место. Само луѓе што сакаат да прават приказни и шпекулации може од било која изјава на било кој да си извадат свои верзии.
     
  4. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.029
    Никогаш нема да разберам зошто сите жени ја нејќат. Ај на Лила мочлите од третокласното шоу знаат да пеат ако не. Каролина е голем пејач и професионалец, и во тој поглед никој не може да ја оспори. Од дете е на сцена, фурни леб изела да стигне до ова денес, на толку студија поминати и албуми и настапи и години вежбање, сеа вие ќе кажувате дека нема глас. Никој не вика дека мора на сите да им се свиѓа, ама за почит е.

    Приватниот живот и колку дечковци имала и кој каде ја одвел на одмор, ама ич не ме интересира. Неам време у животов за Крема. Имам т.е., еднаш за огрев го искористив. Дека има проблеми со тежината и не изгледа баш најдобро, да. Мене ми беше убава до пред 10 години, пред да ослабе, навака факт е дека изгледа поинаку и полошо. Јас пораснав со нејзините песни од кои најголемиот дел се убави и ми се допаѓа. Можда нема контакт со публика на сцена, ете не знае едноставно, ладна си е. Па не глеам дека ѝ било пречка да постигне успех.

    А за Евросонг не знам шо се потепавте кога одлично знаете и сами дека е се`освен музички натпревар и дека нема да победиме, евер. И јас мислам дека не требаше да оди два пати, ама сто пати покласа би изгледал настап со тип-топ спастрена и квалитетна пејачка, него со Елвир и Врчак или јас ја имам рибата.
     
    На Hipica и maja8 им се допаѓа ова.
  5. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Aoaooo трети светски рат а :)

    Јас да се изјаснам оп стоп!

    Мене ми се свиѓат песните на Каролина, многу, многууу!
    И постарите и поновите, си ги слушам редовно.

    Лично она каква е и какви изјави дава не ме интересира, она нека се заинтересира за мене :D
    А дека е една од најдосадните познати фаци во нашава Македонија, е, многу новинари го имаат тоа кажано, и се согласувам, секогаш кога зборува е како издишен балон, мислам хелоу живни женче, покажи ги тие големи заби и тропни некоја зелена бар еднаш, но не бре, може таква си е, шо а знам, но за песните рака и подавам.

    Фала не ме тепајте :P
     
  6. Lordi

    Lordi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    7
    ми беше ОК,се до 8ми септември.На тој концертот бевме ние кај сцената и ги видовме тие што настапуваат и со сите изведувачи и муабет и заедно стоевме,а таа се напикала на крајот и ја ладат.
    Гледам доаѓа накај нас и јас:Се извинувам,може да се сликаме? и таа : девојче сега ќе одам да пеам па потоа кога ќе се вратам тогаш. и јас добро.Ама додека ми го кажуваше тоа ме фати за рамото,и толку силно ме стисна што имав и модрица. :lol:
     
  7. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    Како помала повеќе јас сакав, сега и не баш, го немам ни слушнато последниот албум, но немам ништо против неа, сосема ми е ОК
    И според мене подобро да биде "ладна" кон фановите, одколку да му се лигави додека тие си ја трескаат главата од ѕид како што правеа идоливе наши |(
     
    На starbucks, maja8 и starfish им се допаѓа ова.
  8. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Не ми е баш по мерак чупево, ама ниту пак би седнала да ја плукам. Лепота нема некоја баш, добра конструкција на тело ама неухранета, гласот единствено ја вади.
    Карактерно не би да навлегувам пошто ни ја знам лично, ниту пак сум реномиран психолог за да би ја изанализирала каква всушност е според некои шаблонски, телевизиски изјави.
    Од песните единствено ми се онака прифатливи за слушање “Не се враќаш“ и “Се лажам себе“ која пак е плагијат од Ози Озборн.
    И тако то. Фала и кај вас. :)
     
  9. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Каролина- не ја сакам како лик (веќе имам напоменато). Многу студена и вообразена ми изгледа.
    Но, морам да признаам дека последниот албум ми се допаѓа, а богами и некои други постари песни.
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    E да, многу интересно, може да знам што му фалеше на коментарот кој ми е "моделиран" по нечиј избор. Ако сте мислеле на критиката до Барбика дека не е во ред да реплицира на секое мислење кое е контра од нејзиното-сте можеле само тоа да го избришите :fubar:
    Што му фалеше на тоа што си кажав дека на оваа естрада можеш да си опсоиш и 50 години ако си решил да бидеш пеач и имаш добри финансии и платен тим без разлика дали е некој против твоето пеење??? Или е навреда што сите знаеме дека Евровизиите се со однапред испланирани победници кај нас и тоа и баш не говори за квалитетите на пеачот? Мој став, мое размислување и слободно право на изјаснување нели.
    Јас разбирам да се бришат коментари кои би предизвикале оддалечување од темата, кои содржат навреди или провокации но во иднина дај повнимавајте што и како поправате.
     
  11. Argasi

    Argasi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    278
    кој ја слуша оваа уствари?

    2 пати на евровизија отиде, 2 пати се посрамоти.
     
    На Cynthia му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    ^ А извини кој не издигнал и не се посрамотил на Евровизија од нашиве?
    Некст тајм можеби, или Гаџа, Врчак и Тамара?
    Незнам што толку се посрамотила, ако можеш сподели баш ме интересира.
    Ако не друго барем убаво испеа два пати и изгледаше феноменално.
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Argasi

    Argasi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    278

    Владо Јаневски.


    Со што се посрамотила?

    19то место 2002
    14то место 2007

    убаво изгледала?

    [​IMG] Пепелашка само во црвен фустан?

    И да испеа убаво 2 пати ќе бевме барем во првите 10.
     
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Ахахаххахаххахахахха, а кога сме влегле у први 10???
    Значи ни ја бранам ни ништо, мене ми е ок тотално, само незнам зашо лупате без веза дека се посрамотила, да направила некој скандал или слично па да речеш. Македончиња сме 100 песни и пејачи од шкљ класа ќе победат ние нема ни во финале да влеземе. Несакам да ја однесам темава во правец на Евровизија, среќа Каролина не не посрамотила, не посрамоти Влатче :lol:

    П.С. Во однос на изгледот за вкусови не се дискутира, по мене аутфитот и беше совршен за настапот и песната што ја интерпретираше тогаш, а вториот пат кога не претставуваше да не зборам каква нога извади таму на сцената :x
     
  15. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Можеби нема харизма, делува ладно и препотентно, ама е една од ретките пејачки во земјава што квалитетот си го одржала во континуитет.

    Не дека многу ми значи мене како ќе се испонаша на интервју. Има убави песни, имала и пред 10 години, солиден глас, препознатлива е (макар и по ладноќата :D ).

    И ми се допаѓа што освен некои помали скандали, не се тепа да се експонира во евтини жути штампи и непотребно да открива детали од приватниот живот. Професионална е, и тоа е доволно да ја заслужи мојата почит.
     
    На JoxyTheFreak, JuLleE, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Minimi

    Minimi Активен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Јас сметам а и многу други... факт е дека Каролина е најдобрата пејачка во Македонија а веќе е позната и на Балканот има издадено 7 албуми па дури и од првите албуми има песни кои ден денес се слушаат и пуштаат на радио, има направено преку 20 концерти во Македонија... Има публика, Авалон без да дадат ниту еден гратис, успеа салата Борис Трајковски на 13 мај да ја наполни до последно место... Само како и секогаш позади добриот коњ се дига прашина тоа е факт. А за тоа дека не комуницира со публиката, комуницира, меѓутоа преку пеењето, Каролина има ѕвезда таква, што доволно е нејзиното присуство всушност таа плени со нејзиното присуство на сцена и пеење и сметам дека ништо друго не е потребно за нејзината става. Секој албум концертно е испромовиран, снима и спотови за своите песни... Денес сите "пејачи" тек тук се појавуваат еднаш на 100 години со сингл ништо повеќе... Туку тоа е, ние никогаш не сме знаеле да цениме нешто додека го имаме, кога ќе го изгубиме, за жал, тогаш сфаќаме што сме имале.
     
  17. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    1.083
    Пол:
    Женски
    Девојката има одличен глас, но никаква харизма
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Има некои добри песни тоа да,се проби низ Балканот ама многу е студена,вообразена таква ми делува кога и да ја видам.Јавна личност е и треба да биде со фановите да им обрати внимание,не се сложувам кога некоја спомна демек така требало а не да се лигави ко Идолите.Идолите се сосем др.приказна,тие се појавија еднаш и се излигавија тоа им беа нивните 5 мин,ама Каролина има верни обожаватали и публика уште многуууу оддамна,и како таква ценета пејачка-како што се змаислува,треба да биде коректна и со нив.Со таквото никаково понашање ќе ги изгуби фановите ;) а тие многу значат.
    За глас ми е и така и така,а за изглед иако е преслаба мене не ми е убава ама ич.И воопшто не сум љубоморна ;) може само на долгите нозе и убавата боја на коса :P
    Нема нити насмевка,нити харизма,ама баш ништо посебно не ми е |(
     
    На soco му/ѝ се допаѓа ова.
  19. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Ваква или таква, ладна или не, факт е дека е една од најдобрите (ако не и најдобра , незнам која би ја ставила пред неа) пејачки во Македонија.

    БТВ успеа два пати да ја наполни Борис Трајковски и имаше одлични концерти. Никој не ја слуша, нели?
     
  20. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    2007 година, на Евровизија учествуваа најголем број земји учеснички и Каролина дојде до 14 место со песна за балкански менталитет. Последна е која влезе во финале. Нема врска тоа, она супер си испеа.
    И тоа што викаат дека немала харизма и дека била ладна ја направи она што е од самиот почеток, најпопуларна македонска пејачка која си го држи своето ниво. Она е доказ дека со скромно однесување, со секогаш добар стајлинг и со квалитетни поп песни може да се опстои толку години. Тоа ја прави единствена.
    Оние што се лигават на сцена, скокаат рипаат, такви ги има со лопата да ги ринеш.