На мене Каролина ми е многу симпатична ја слушам и ми се догага а мислам и дека има глас без навреди има поубав глас од на Елена. http://www.youtube.com/watch?v=ZmxU6DyNSpY http://www.youtube.com/watch?v=14nw_R2jenw Каролина мислам дека од женските има најубав глас.
Гласот на Елена и гласот на Каролина не треба ни да се споредуваат. Смешно е! Мене Елена воопшто не ми се допаѓа како пејачка, никаков глас нема, крека... Каролина има глас, стварно е супер пејачка, одамна пее, има убави песни, значи во тој поглед немам замерки за неа. Ама вака ич не ја сакам. Многу е ладна, никаква... Кога ја гледам на телевизија како да не знае да збори, или пак не сака... антипатична ми е многу. А и настапите не и се нешто посебно, како здрвена ми е на сцена. Ама за пеење- си пее цурата.
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН КАРОЛИНА Таа е заштитно лице на One и најново е што стана дел од хуманитарна акција Стилисимо за продажба на маици Стилисимо за што парите ќе одат за хуманитарни цели за децата.
http://www.youtube.com/watch?v=hiSpVB4C5BI http://www.youtube.com/watch?v=5PGtMNEN ... detailpage http://www.youtube.com/watch?v=asGLyqbw ... detailpage http://www.youtube.com/watch?v=pDgNJNx9 ... re=related
Не сум некој голем фан на Каролина,ја слушам од време на време.Навистина има убав глас,но некако не ми е создадена како за на сцена.Нема харизма.Ама има добар глас. Најмногу ми се допаѓаат песните од албумот Македонско девојче ,исто и од Капка под небото има убави песни. Како мои омилени би ги издвоила овие : http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... jeHN4_XfRQ http://www.youtube.com/watch?v=cO1sTi5U ... ure=relmfu http://www.youtube.com/watch?v=rf6zSFLo ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=NkdfSR2v ... re=related
Дефинитивно една од најдобрите пејачки на македонската естрада. Ја слушам Каролина откако знам за себе, израснав со нејзините песни. Има одличен вокал, боја на глас која ми се допаѓа, прекрасни песни. Мене воопшто не ми делува дигнато, за разлика од некои самопрогласени пејачки кои испеале 2-3 песни и сега ѕвезди се. Самиот факт што Каролина се уште опстојува на музичката сцена го покажува нејзиниот квалитет како пејачка.
Пред некое време се одлучив комплетно сите песни да ги преслушам и морам да кажам, браво! Секогаш ја гледав како талентирана пејачка со по некоја интересна песна. Толку. Тотално го сменив мислењето. Песните се фантастични. Последниот албум ме остави без збор. Песните се одлично сработени, фасцинира. Сите тие дни со право ми е најубава песна од неа.
Порано ја слушав, сега ептен ретко. Има убав глас, но песните како и скоро сите на макк. ни естрада се љубовни, тоа не ми се допаѓа. Инаку многу остарела, лани ја видов доаѓаше кај нас на митинг за ВМРО, ни средена ни ништо, искрено не ми се допадна, ама тука не се дискутира за изгледот, туку за за пеењето.
Каролина ми е омилена македонска пејачка. Има инзвореден вокал, но нема доба комуникација со публиката. Има убави песни, посебно ми се допаѓа албумот Капка под небото, од кој сите песни ми се прекрасни.
Абе најубава е, македонско девојче, каква да биде? Искрено, најубава и најталентирана од сите женски на естрадава. Убави песни има, нежен глас и згодноќа.
Општи прашања Девојки, јас не сум во тек ама прееска сестра ми ми спомна нешто. Каролина Гочева месецов стварно ќе има концерт? Сакам да одам па ако имате некоја информација.. . Кој датум е концертот? Колку е влезница? Или дезинформација е во прашање?
Општи прашања Да Јаготке ќе има, анплагд предновогодишен концерт на 22 декември во Универзална сала.. цена не знам
Општи прашања Ќе има концерт на 22 ри во Универзална.Цената на картите не знам колку е,али за секој случај ако одиш земи си побрзо карта