Каро Емералд (Caro Emerald)

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од Mishela, 12 септември 2012.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.243
    Допаѓања:
    74.891
    Пол:
    Женски
    Утрово ми почна со мојата омилена песна од неа, па прочачкав да видам дали има тема.
    Епа, на здравје тема, се надевам дека има уште кои ја знаат и слушаат.

    Каро Емералд, или Caroline Esmeralda van der Leeuw, е холандска џез - изведувачка.
    Досега има издадено еден албум, насловен како Deleted Scenes from the Cutting Room Floor.
    Мислам дека нема некој што не се сеќава на нејзиниот најголем хит со кој таа практично се проби на сцена, пред две години. :)
    http://www.youtube.com/watch?v=jo1cyl0QbWo
    Мене ми е одлична во секој поглед, ма девојкава е голема чоколадна шери-бонбона! :D
    Ми се допаѓа и како вокал, т.е. и настапите, изведбите во живо го потврдуваат фактот дека типкава не е само интересна видео-појава, напротив.
    Во пакет со музиката ме потсеќа на стариот Холивуд и сиот тој гламур на Одри и компанија.
    Прекрасно сторење ми е - музика пријатна за увце, симпатична девојка и супер-вокал.
    Јас едноставно не можам да издвојам песна која не ми се допаднала и ми оставила негативен впечаток, па еве ќе ја ставам мојата ол тајм фејворит со изведба во живо и нешто плус од каврс и ваму-таму.
    http://www.youtube.com/watch?v=o_MUOJSUbTM
    http://www.youtube.com/watch?v=eOBffiaG5Xk
    http://www.youtube.com/watch?v=uYngyQ6TdXY
    http://www.youtube.com/watch?v=EmKmVHTH5iU
    Ej да, кога ќе пораснам, сакам да пеам како Каро Емералд. :lol:
    Нејзиниот глас едноставно нелиии, многу ми е при срце. :D
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tej4e

    Tej4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Супер е типката, и јас ја слушам нејзината "Back it up". Прво ја слушнав на радио песнава, потоа се намачив да ја најдам, но се исплати. Ми Се Допаѓа :)
     
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.391
    Пол:
    Женски
    Ептен ми е по мерак, прекрасен глас и има и многу живи песни, певливи.
    Многу ми се свија стак, и песната и спотовите исто, толку ми се обични а сепак уникатни, ретро шик.
    http://www.youtube.com/watch?v=id10ASJMzHA

    Ова песна ми е баш јез, ја обожавам, најомилена ми е.
    http://www.youtube.com/watch?v=FGyauBUfOms
    Нeверијатна ми е, и баш ми е мило што некој сака да снима вакви песни и што не потпаѓа на ефитни а сепак високобуџени песни.
    Нема песна која не ми се свија од неа.
    П.С каков кавер на Адел, и поише од достоен,
    http://www.youtube.com/watch?v=X9jqqXNpMXs