Во игрите со карти се користат шпил на карти. Картите можат да бидат стандардни со шпил од 52 карти или можат да бидат од шпил составен од карти кои колекционери самите ги собираат. Играте ли? Кои игри со карти сакате најмногу да ги играте? Кажете начин на играње и правила на некоја игра со карти. *** БЛЕК ЏЕК Се делат неколку шпила карти, кои се вадат од така наречена„кондура“. Целта на играта е да се победи крупиерот со тоа што се добива вкупен збир на картите што изнесува 21.Ова мора да го постигнете со две или повеќе карти.Ако збирот на вашата „рака“ е поблиску до 21 од онаа на крупиерот,добивате а односот на исплата е 1 спрема 1. Сликите (Џандар,Дама и Крал) се бројат како 10.Кеџот се брои како 1 или 11, а сите други карти се бројат според својата пишана вредност. Блек џек е кога ке добиете 10 или било која слика,плус кец,при делењето на првите две карти.Ви се исплаќа 3 спрема 2.Во случај и вие и крупиерот да имате Блек џек,се нарекува „исто“ и потоа ќе можете да го оставите истиот влог или да го смените пред да започне следното делење. КАКО СЕ ИГРА - Морате да го ставите својот влог на масата,на местото обележано за тоа што се наоѓа пред вас. На еден „бокс“ може да играат до 3 играчи. Прашајте го нашиот пресонал како се изведува ова. Кога картите се делат отворени,не ви е дозволено да ги допирате картите. Ако сакате да добиете уште една карта тоа го правите вербално.Ако вашата „рака“ е поблиску до 21 од онаа на крупиерот,вие добивате и влогот се исплаќа 1 за 1. Можете да добиете колку карти сакате ако збирот не премине преку 21. Крупиерот МОРА ДА ВЛЕЧЕ карта ако збирот на неговата „рака“ е 16 или помалку,и МОРА ДА ЗАСТАНЕ на збир од 17 или повеќе. СПЛИТУВАЊЕ Ако вашите први две карти се пар (исти),можете да и „сплитувате“ (одделите) со тоа што ставате додатен влог ист по износ со првиот во „боксот“.Може да сплитувате само три пати.Ако сплитувате кецови,ке добиете само по една додатна карта на секој кец. Ако добиете 10 или слика на еден или двата кецови,ова се брои како 21 а не како Блек џек.Се исплаќа 1 за 1. ДУПЛИРАЊЕ Можете да го дуплирате основниот влог на било кои први две карти со ставање на додатен влог ист по износ со основниот во „боксот“. Ќе добиете само една карта.Не може да се бараат додатни карти. Дуплирањето е исто така дозволено и на сплитувана „рака“. ОСИГУРУВАЊЕ Ако првата карта на крупиерот е кец,можете да го „осигурате“ вашиот основен влог во случај крупиерот да добие Блек џек,со ставање на додатен износ не поголем од половината на основниот влог,на местото обележано со „insurance pays 2 to 1” (осигурувањето се плаќа 2 спрема 1).Ако крупието добие Блек џек го губите основниот влог,но ви се исплаќа 2 спрема 1 за влогот ставен на осигурување.Ако крупието не добие Блек џек го губите влогот на осигурување, но ви останува основниот влог.Ако и вие и крупиерот добиете Блек џек тогаш е „исто“ при што го задржувате оргиналниот влог и ви се исплаќа 2 за 1.
аа не не ) Иначе да, играм, за време на досадните школски часови и одмори, и тоа секогаш Хант. И многу ја сакам играта Исто и на лето, на работа во раните утрински часови кога сеуште немаше луѓе
Уф Хант уште од мала ја играм.......еве веќе 10 години не ме имаат победено дома...... Иначе сум по професија казино дилер....и делев блекџек, покер и рулет!...картиве ми се специјалност
Ретко играм карти. Најчесто играм брич. Омилена игра ми е. А знам да играм и макао,магарец, кент, тонч, табланет, покер, џандар збира, и др.
You were talking? Сега некако ретко играм карти, немам време (или мислам дека немам). Или па едноставно не ми се интересни повеќе. Иначе играм Хант, Макао, Табланет (како малечка обавезно со баба ми 2-3 партии пред спиење), Кент, Магаре, Црн Поп, 501, Тонч...
Играм. Играм и тоа ептен добро. Играм карти и притоа се трудам да совладам уште побитна вештина - да не се лутам кога губам ! Сакам табланет, најмногу кога се игра во парови, макао, хант и покер. Како мала обожував да играм кент и магарац! Понекогаш, кога ме фаќа досада си правам и кула од карти .... Најубаво е на одмор, мозокот на пасење и картање на нешто ситно...
И ја си играм обично така кога ми е досадно ,тепаме време за оно да не не утепа нас Со сестрми на времето кога си беше со мене летно време сабејле до 7 шо ке правеш......... инаку играм Макао , Реми ,Кент, Магаре, Црн Поп,Табланет ама Хант обожавам (изпраксирала сум го , сите ги тепам ) ама тоа така со друштво , а кога сум си сама па и ми е досадно знам и ја да си гатам
ХАха, интересно тепање време, посебно во зима. Со другарка ми еднаш паднавме во кома од пусти табланет, игравме од 15 часот, се до 6.30 сабајлето Зараза е бе И сакам хант, кент, црн поп, макао..се сакам да играм. На одмор првата делба го штавувам дечко ми и после не ми игра
играм често карти најчесто брич. еве само што се вратив од партија брич игравме два пара и бев втора оној мојон победи
и јас, и јас ама со дедо ми, тој ме научи и со дечко ми нешто сме заразени со табланетот цело време го играеме и секогаш губам и паѓам на облози инаку интересни ми се и кент, макао, магарец ...
Играм карти, и добар играч сум повеќе тепам отколку обратно. Обожавам да играм Хант, играм и табланет, магаре, ром(исто како хант само со еден шпил), е едно лето кога бев Охрид игравме Кент ама од тогаш помина многу време и не ми текнува како се играше , знам дека беше нешто со финти и во парови се играше. Па ако може некој да објасни накратко како се игра.За да имам што да правам летово , имам време ехее