Макао,покер,каса,џандар збира,тонч,црн поп,магарец... Толку шо се заиграв еднаш во каса,џиткај џиткај ама на крајот 75 денари заработив
Многу често знаеме да играме со карти во друштво особено во лето кога сме послободни, некогаш и после кафето ако се погоди знаеме некаде да се собериме и да играме карти Најчесто макао, војна, црн поп, магарец, кент....
Одамна не сум играла карти. А ми фалат игрите. Да се релаксирам. Како мала многу ја игравме играта магарец. Се собиравме друштво и пред влез игравме. Убави спомени.
Не се сеќавам кога последен пат сум играла карти, а игрите веќе ги заборавив како беа. Порано кога бев малечка сама си играв со картите. Ахх.. добри времиња беа.
Здраво дечки Ајде ако се наоѓа некој на кој не му е тешко да објасни како се игра макао и црн поп фала многу <3
Ајде едно прашање за играчите на хант: дали играчот што има само уште една карта во рака, смее да ја земе штотуку фрлената карта од претходниот играч (или картата од доле ) и да затвори? Јас цело време знаев дека не смее а денеска играв и рекоја смее.
Не се сеќавам кога последен пат имам играно, а обожавам и омилени ми се макао, џандар збира, хант, црн поп и магарец.
Се редат картите во круг, се влече по една, битно е да не е со ист знак, ако ти се погоди со ист, ги земаш сите до тогаш извлечени и се’ така додека да се потрошат сите карти долу од кругот, победник е тој што ќе ја заврши играта без карти во раце. Мислам дека така беше, ако грешам, нека ме поправи некој.
Обожавам да играм карти.Кога ќе се заседнам не знам за доста.Најчесто и највеќ сакам да играм брич, поинтересно ми е него макао или табланет да кажеме. Како помала доста често играв и магарец и кент.
Голем љубител сум на играње карти. Макао, џандар збира, кент, табланет, тонч, црн поп, магарец... Макао и табланет ми се така најомилени ама за во друштво кент и магарец се врв, смеење до солзи со нив . Како помали појше игравме карти, сега не толку, но често знам брат ми да го натерам и моиве дома да изиграме неколку партии макао или табланет. Полициски кога имаше игравме доста.
Исто.Картаџика тешка сум, можам до папсување да играм карти. Највеќе сакам бриџ и макао, ако сме 2-3ца.А сакам и кент. Летово играв магарец, и баш како магарица фер и поштено си викав.Кобила Исто, моиве како помала за да ме анимираат, цело време играа карти со мене.Тато е картаџија во душа ама нема толку време, а знае некогаш да се понуди сам.Мајка ми не толку. епа карти играње додавам следно на листа што треба да одмериме сили има Gin remmy на телефон, ако сакаш симни ќе играме