1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Карти

Дискусија во 'Слободно време' започната од Bright, 19 јуни 2010.

  1. tel-ef

    tel-ef Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    1.183
    Пол:
    Женски
    Од игрите знам само макао, табланет и блек џек помалку знам, ама се учам. :lol:
    И еден трик знам со карти. :)
     
  2. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.614
    Допаѓања:
    8.268
    Како се игра табланет? Ги заборавив правилата, а сакам со син ми да ја играм...
     
    На Kbr му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.129
    Допаѓања:
    40.492
    Пол:
    Женски
    Дали некој се сеќава како беа правилата за Тонч?
     
  4. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    3.381
    Пол:
    Женски
    Се делат сите карти на играчите. Тој што прв почнува, ја отвара првата од своите карти, ако е 1 треба да ја стави на средина, ако не ја става пред себе. Потоа следниот истото го прави. И сега ако кај првиот да речеме пред него последната карта што ја отворил е 8ка, вториот ако отвори 9ка треба да ја стави врз 8ката од првиот. Истото е и за другите карти што се во средина. Таму треба да се ставаат картите по ред почнувајки од 1 па се до поп, па потоа од почеток исто. Ако некој од играчите не примети дека картата што ја отворил може да ја стави на средина или кај некој од другите играчи, тогаш се вика тонч и секој играч му дава по една карта. Победник е тој што прв ќе ги истроши своите карти.
    Валда добро објаснив :wasntme:
     
    На џунџуле и Ano им се допаѓа ова.
  5. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.129
    Допаѓања:
    40.492
    Пол:
    Женски
    Да да одлично. Горе доле и јас така се сеќавам. Само уште ова ако се сеќаваш, дали рандом карта се дава за тонч или првата? И најспорно. Дали ако првиот играч отворил 8, вториот отвори 7, кога ќе му дојде повторно ред на првиот ја става 8 (значи дали и актуелната прва карта е во игра или само новоотворена?)
     
  6. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    3.381
    Пол:
    Женски
    Првата карта се дава, таа што е на ред.
    Еј да, и тоа заборавив да напишам. Ја дава веќе отворената карта.
    Значи прво се гледа дали веќе отворената карта може да се стави негде, ако не тогаш се влечи нова карта.
     
    На Ano му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.129
    Допаѓања:
    40.492
    Пол:
    Женски
    Фала многу. Сега ги комплетиравме правилата. Играта може да почне:D
     
    На L.i.n.a.a му/ѝ се допаѓа ова.
  8. џунџуле

    џунџуле Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2016
    Пораки:
    805
    Допаѓања:
    1.486
    Пол:
    Женски
    Не можам да се сетам како беше бодувањето за РЕМИ.
    Ќе може ли некој да сподели.
    Инаку се игра тонч, табланет, макао, џандар збира, крадец...
    Порано се играше брич, биљот, Кент имаше и други игри со карти сум ги заборавила.
     
  9. Sarickata

    Sarickata Нов член

    Се зачлени на:
    21 април 2025
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Пред неколку години играв магарец со пријатели, ама скроз заборавив како беа правилата. Дали може некој да ми ги објасни?