Карти (дали играте и колку често ) па играме многу често порано со другарките сега со дечкото и си се нервираме кога некој губи обично играме рм или хант тоа секако ми е поинтересно така да скоро секоја вечер е картањето.
Да играм во последно време мн често... секој ден на училиште на секој одмор со другарките да се утепа досада инаку најчесто играме Хант
Порано, кога бев помала, со сестра ми и другите деца од маала СЕКОЈ БОЖЈИ ДЕН игравме карти кај некого дома, ама мани друго до 2-3 сабајле седевме. Сега сите во гимназија, на факултет... Сама сум. Ама добро, кога одиме на одмор, секогаш си одам со мојот брат од друга мајка и си играме по цел ден. Најмногу магарец, кент, хант ( ај ем д шампион хиар ), макао и тако даље.
обожавам да играм карти,особено хант и кент.еднаш со другарките игравме цееел ден кент и баш ни беше забавно.ама другиот ден мајка ми дојде у соба кај мене да ме разбуди и како што ме допре за да се разбудам, јас скокнав од креветот и вреснав КЕНТ!!! кутрата жена се преплаши.и ден денес ме зафркава за тоа.
Најмногу сакам да играм Кент, брич и покер, иако не сум некој обожавател на играње со карт. Инаку со другарките често ги гледаме на карти
Играме често со другарките, одлично е за тепање време. Знаеме и да се заборавиме, по цели денови имаме играно. Најмногу сакам кент, макао, хант, брич...
Играм кога немам што да правам и многу се забавувавм Познати ми се :Рм,макао,табланет,кент,тонџ,магарец
од малечка со дедоми (Бог да му душа прости) секој ден игравме секакви игри со карти...благодарение на него ги научив сите игри со карти ...сега за жал немам такво убаво друштво за карти но понекогаш со друштво ќе седнеме на по некоја партија
Пред 2 години, летото кај мене во двор, цел ден игравме карти. Сега не толку ... немам слободно време а веќе искрено некако и досадно ми стана. Иначе играм хант, кент, макао, црн поп, магарец и уште некои други
Играм Изгледа по некој ген од мајка и мене ме следи среќа и најчесто победа. Ме примамуваат картите, сите игри и сите трикови поврзани со нив. Можеби затоа што ме потсетуваат на едни убави летни моменти кога картите се најглавната состојка за добро поминато попладне. Посебно кога сите деца на одмор ќе се собереме да играме со неколку шпила, па се мами, се крие, се дошепнува и здружува. Другарка ми ме беше научила и како да гледаш на карти со повеќе варијанти и за чудо многу пати ми беше погодено. За трикови една братучетка имаше карти подарени на нејзиниот татко од некого, секоја со разни финти.
Ааа обожавам карти... ко помала многу играв, па следеше пауза па сега пак. На факултет се некој носи во него и место на предавање ајде хант на кафе негде.... ни пројдоа два семестри така .. не е убаво ама зараза
Обожавам да играм карти. Минатото лето, секој ден мораше да се изигра по некоја партија брич со уште 2 другарки. Имавме тефтер и запишувавме резултати. На крајот од летото беше прогласен победникот. Не бев јас ама ако Ова лето повторно ќе се отвори брич сезоната ама малце покасно, после матурава
Со душа ги чекам попладневните собиранки со другарките барем два пати во неделата и тука се редат моабети, гледање на кафе и картање. Сакам да играм брич, обично без пишанки(затоа што не знам да пишувам она кој колку бодови има), но обично секогаш се наоѓа некоја што мора да штрчи и да не знае да игра брич, па се делиме во парови и играме кент. И тука паѓаа многу смеи, значи, извици и сл. Воглавно сакам да играм карти.
Играм Најмногу хант/брич. Понекогаш и на пишанки понекогаш и не. Повеќе без пишанки, ама најважно знам да пишувам Понекогаш играм и кент, магаре, црн поп, како помала табланет, макао... Најмногу играм на лето. Немам обврски, додека во зима, тешко