Карти играм кога нема кај да идам или кога нема што да правам. Омилени ми се: бриџ, макао, табланет, тонч, некогаш играв и кент и магарец, ама одамна не сум играла.
Секогаш кога со друштво се собираме кај некој од нас дома, (а тоа се случува често, посебно на ладно време и преку зима) играме карти....најчесто играме хант и макао, но исто така знаеме да заиграме и кент, црн поп, магарец, а некогаш дури и војна
Мммм, стандард. Барбика, турско и табланет. Не можам да ги избројам партиите што сум ги изиграла од што се многу, ама можам овие кои сум ги изгубила. Не знам да играм многу игри. Знаев порано Џандар збира, сега ја подзаборавив. Моментално се ми се врти околу табланет, а се дешава некогаш или Магарец или Макао. Кент сакав како мала и се утепував од играње, тоа беше ненормално нешто. Јас и братучетката на моја возраст, против сестра ми и другата братучетка, или пак јас и братучетка ми пак, ама овој пат против баба ми и дедо ми. И губевме. Играа против сите 4, и никако не успеавме знакот да им го откриеме.
Во слободно време кај моите играм макао, табланет , магарец со децата бидејќи тие ме молат И обично кога играм карти се врајќам во младоста
Интересни ми биле џандар-збира,кент,магарец а некни со стрна ми ,чичко ми и брат ми игравме Црн-поп.И ме измачкаја со јаглен..Ко вапер бев Потоа игравме магарец и изгуби брат ми.И требаше да се дере на тераса ама се налути и се расплаче и си замина..Малечок е
Играм карти, а омилени ми се табланет и кент зашто се играат во парови и незнам некако поинтересно ми е има зафрканции, па и да изгубиш ако ништо друго ке го делиш поразот не си сам
Порано многу играв карти со друштво.Игравме црн поп, магарец, џандар збира, макао...Најинтересно ми беше да играм кент со тоа знаците, а најдосадно табланет, зашто најчесто губев.Сега играм отприлика еднаш месечно, кога ќе се собереме дома фамилијарно и ќе свртиме една партија бриџ.Ме научија да играм кога бев многу мала, па затоа сега многу често ги победувам
Карти немам играно којзнае од кога :geek: Порано често со другарки играв, ама последниов период, ехе хеее.. Дури имам и заборевено некои игри како се играат. Најчесто игравме Хант, Магарец и други не ми текнува. Добро, во главно тепавме време
Леле карти немам играно не паметам од кога. Играв порано секој ден со друштво знам на одмор кога идевме неизбежен дел ни беа картите каде одиме ние тие со нас беа. Сега сум заборавила на некои игри дека дечко би баш не сака да игра со карти. Инаку највеќе игравме Бриџ, Макао, Кент и Магарец
Порано мнооогу играв карти, и скоор сите игри ги знам (освен покер-не ме ни интересира).А сега веќе слабо.
најчесто на лето играме карти на плажа или навечер. а често и со моите играме преку година. Омилени игри ми се хант и табланет
Играм само кога сум некаде на одмор ваму таму.Иначе дома никогаш не играм.Најчесто играм: магарец,макао,роом(кај нас го викаат,незнам како му е правилното име) и други игри ама не им ги знам имињата. Не сум голем картаџија
Си играв порано карти ито колку Кент најубо ми е.А други ги знам и хан, макао, табланет, магарец и др.