Мене најинтересна ми е убиец .... Значи вака ако играат 6 луѓе се ставаат 6 карти во средина од кои една треба да биде поп ( нормално картите треба да бидам свртени за да не се гледаат и секој си влече своја карта ) . Кај тој што ќе биде попот е убиецот и треба да им намигне на сите играчи ама ептен скришно . Еве вака за полесно . Играат играчи A B C D E и F и сега да речеме кај Е е попот му намига на А и сега А вика убиена сум ( ама не смее да каже дека Е е убиецот ) , а ако F го фати Е како „ убива “ вика стоп убиецот е Е . И после му даваат една карта на Е како еден изгубен живот . Целта на играва е кој ќе собере три карти ( или кој ќе ги изгуби сите животи ) да му се даде некој предизвик . Колку повеќе луѓе играат играта е поинтересна
Карти играм најчесто на одмор,или кога ми е ептен досадно,секако ако имам друштво кое е расположено за играње,а тоа ретко се случува.
Пред неколку дена се спремавме со другарките ќе играме карти, доаѓаат кај мене и седнуваат, муабет нешто и одам да ги земам картите, не се таму каде што беа. Ги барав 1 час каде се и не успеав да ги најдам. Којзнае каде сум ги ставила, ако не завршиле во канта по некоја случајност. Сега ќе треба нови да купувам. Порано многу играв карти, сега некако се замре и тоа. Знам ќе се соберевме по 4-5 души и со саати игравме хант со пишување. Ех времиња.
Сега не сум играла многу долго време т.е играме кога ќе снема струја па на свеќа или на неонка ни е интересно, не можеш картите да ги видиш иначе најинтересно ми е макао и кент..ова кент поради финтите да зезнеш некого