Играте ли? Ехе, во лето се газиме со комшиките и другарките од играње! Кои игри со карти сакате најмногу да ги играте? Брич! Дефинитивно омилена ми е!
Во последно време доста често играме анти-табланет Фората е да се земе што помалку карти. Е сега, некогаш има многу карти на маса и просто е невозможно да фрлиш а да не земеш, па се прават најбезболни комбинации и стратегии. Почнав повеќе да ја сакам играва од стандардниот табланет
Ејј како мала кој добар играч бев :/ треба пак да почнам но неможам да најдам слободно време ама за инат ќе престанам да правам што и да е да поиграм малце да се сетам на старите добри времиња
На плажа си носиме карти.. Најубаво е!! Ќе се собериме неколку, па после ќе дојдат уште неколку.. И сите заедно.. многу е интересно. Најчесто макао играме, табланет, кент..
Друштво, не сум играла карти одамна, а сакав пак да играм, ама пусто освен табланет и војна, не ми текнуваат другите како се играат - а ги обожавав хант/бриџ и џандар збира, а сега не ми текнуваат! Ај ве молам, ако имате време напишете ми како се играа... PS Која ви е таа игра Магаре? Поздрав
Леле кога ќе ми текнее на таа играта Магаре Кога ќе изгубеше некој и го теравме на балкон да вика ЈАС СУМ МАГАРЕ СО УШИТЕ НАГОРЕ ! Во последно време немам играно а и некако глупаво ми е сега
Слабо во последно време... Како дете играв табланет со дедо ми, ме учеше да собирам така. Сега брзо си стаив апликација на телефонот да играм табланет, и ја владеам По одмори обавезно се игра бриџ, и со малите братучеди си играм понекогаш макао, таа им е најлесна за играње. Ама онака во друштво поише играме табла и јамб отколку игри со карти.
Од кога немам играно карти.. Најчесто играм на одмор (со друштво, со мама и тато.. ): макао, кент, магарец, црн поп, табланет.