Касандра се граничеше со хистерично лудило, а моите роднини од Скопје на времето после гледањето на секоја нова епизода излегуваа да купат утрешен весник за да ја прочитаат содржината. Воедно, ги имаа веќе изгледано оние фамозни 3 касети, односно Касандра спикана во скратена верзија од 9 часа. И покрај тоа што знаеја се' за содржината и како ќе заврши - пак ја гледаа бе. Ја гледавме и ние за волја на вистината, зашто немаше живо пиле по улица, мртва тишина. Еееее, колку телиња и пилиња се крстија Касандра и Ранду во тоа време. Па имаше едни грозни бонбони, мастики, па наградна игра со пополнет албум и Касандра-точак стегачи за коса, ланчиња со глупави привезоци, секакви будалаштини и чуда. Тогаш мислев дека серијата е врв, а Касандра најубавата девојка на светот, а години подоцна кога ја начекав на БТР се смеев на глупостите. Ко прво, Касандра беше дебела и клемпоушка. Од кај сум мислела дека е лепотица? Глумата е очајна, а режисерот бил безнадежен. Се сеќавам во една епизода кога дојде во куќата и и' направија make over од тие циганските алишта во модерни и пап - токму кога требаше да ја покажат епизодата заврши. Леле, па тоа неспиење до утредента, како ли ќе биде облечена Касандра? А тоа кога излезе во едни бермуди со фалти до колено и сако со потпунки... Ова е зачеток на сите шпански серии.
Самата серија е многу подобра од триста денешни серии, без разлика на тоа што е снимана пред 20 години. И на БТР кога ја даваа, уживав додека ја гледав, буди некоја голема носталгија за тоа време и е навистина една од најдобрите во тој жанр - теленовели.
Ехеее колку точаци се украдени за време на емитување на Касандра! Имав само 6 години јас, татко ми беше задолжен да ми чита, дури баба ми ги вадеше наочарите и му викаше - Погласно читај, не те слушам! Ранду кога умре плачев. Едвај ме убедија дека е жив! Ме однесоа на плоштад кога беа Касандра и Ранду и се радував - Жив е! Жив е!
Серијава беше хит кога се прикажуваше кај нас. Ретки беа оние што не ја гледаа. Многу ми беше интересна. Едно време ја даваа на БТР. Имам и сликички од серијава.
првата спанска серија која ја гледавме преубава пре интересна добри глумци сепер се и да на бн ја имасе пред некое време ја гледав
Аа хитот беше ова. Првата серија што ја гледав, имав сликички еден куп. После долги години ја најдов на интернет и ја гледав пак.
Jas ja gledav pred 2 godini,ja davaa na BN televizija.Interesna mi bese za gledanje,imav podzaboraveno nekoi sceni i likovi.