Вечерва започнува „Кастинг талент шоу“ Вечерва со почеток од 21.30 часот на телевизија „Канал 5“започнува да се емитува новата македонска музичка емисија„Кастинг талент шоу“, во чии рамки ќе се одбираат главните улоги за новиот мјузикл „Тајно моја“ во чест на легендарниот Тоше Проески. Како што е познато, проектот го организира Македонската опера и балет во соработка со „3Д продукција“ и телевизија „Канал 5“. Над 500 кандидати се пријавија да си ги покажат своите пејачки и актерски способности, кои ќе ги оценува тричленото жири составено од Игор Џамбазов, Сара Мејс и Игор Дурловски. На првата аудиција кандидатите ќе пејат една македонска и една странска песна. Финалистите на ова шоу ќе добијат работа во МОБ и ќе имаат можност да бидат подучувани од страна на македонски професионалци – музичари. Како што велат од „Канал 5“, како носител на ексклузивните права на емитување на шоуто, заедно со МОБ и „3Д продукција“, ќе понудат шоу со светски изглед кое треба да стане традиција и за следните мјузикли на МОБ. Шоуто ќе се емитува од понеделник до петок на „Канал 5“. Да коментираме тука,да не ги полниме другите теми. Нека избрише @RainBow една од темите, да не е дупла.