Мјузиклот „Тајно моја“ посветен на Тоше Проески, а специјално напишан за Македонската опера и балет ќе избира пејачи преку „Кастинг талент шоу“. Директорот на МОБ Игор Дурловски на денешната прес-конференција рече дека идејата за избор на пејачи преку „Кастинг талент шоу“ е на сличните такви шоуа од рангот на „Идол“ и „Х фактор“. Изборот го организира Македонска опера и балет во копродукција со 3Д продукција. – Шоуто е од типот на „Идол“ и „Х фактор“ со разлика дека тука ќе бираме пејач што освен добро пеење, ќе има и актерски способности, односно освен да испеат ќе треба тоа и да го изиграат, рече Дурловски. Посочи дека се избираат двајца пејачи, машко и женско, кои ќе настапат во самиот мјузикл и појасни дека мема ограничувања за возраста, така што секој што има добри гласовни, актерски и танчарски способности може и треба да се пријави. Актерот Игор Џамбазов, кој е дел од жирито на шоуто, рече дека ова е вистинско место со вистински луѓе, со супер оркестар, одличен тим од сценографи и костимографи и се што е потребно за реализација на еден мјузикл. – Песните на Тоше Проески овој пат ќе звучат сосема различно без придружба на бенд и тоа ќе биде препуштено на Тони Петровски и Кокан Димушевски, рече Џамбазов. Посочи дека идејата тој да биде дел од шоуто за избор на две дечиња кои ќе настапат во мјузиклот посветен на Тоше Проески е и тоа што самиот тој има играно во неколку мјузикли и тоа да го пренесе на кандидатите. Шоуто започнува со снимање на 22 ноември и ќе биде во целосна македонска продукција. Што мислите за шоуво? Би го гледале ли? Во понеделник на канал 5 е првата епизода и она што е нагласено е дека шоуто е посветено на Тоше Проески.
Онака, не е нешто посебно. Жириво не ми се допаѓа воопшто. Сакам да си ја пофалам сограѓанката,Сара, одлична беше
Искрено мислев дека ќе се пријавени поасолни пеачи, некои на место што знаат стварно да пеат. Исто ко Macedonian Idol е, се` „таленти“... Жалосно
Без навреда ама неможам да разберам како не знаете кој е Игор Дурловски. ...и во друга тема прашуваа...не ти се обраќам само тебе https://mk.wikipedia.org/wiki/Игор_Дурловски
Жирито ми е трагично, сцената како што рече Сања од 45та, селекцијата на најниско ниво..исклучив и онака ми сецкаше на лаптоп.. Едно нешто не ми е јасно.. Зоооооошто не стават минимална возрасна граница за да не се акаат деца од другиот крај на МК за само да им кажат - аиии па ти 12год имаш, малечко си..ај за некоја година Тоа второто на пример колку убаво пееше, мало било..а оние камиказите топ биле.. Бљак! А Дурловски е познат не само во МК туку и надвор...аманте бе луѓе
Јас не планирам да гледам затоа што не сакам програми од овој тип, потрага по таленти... „реални“ шоуа општо.
Игор Дурловски најпознат оперски пејач бе како не сте слушнале...плус е директор на мак. опера и балет Туку оваа Мејс ми личи на транвеститот Фифи косата, фацата...
За Дурловски учевме по музичко во основно. И за Игор, и за жена му Ана. Него шоуво е ептен досадно. Жириво е ептен сиромашно со коментари, многу непрофесионално.
А што може друго од Македонско шоу да се очекува? Подобро да не се трудат да направат нешто,отколку да прават колку да помине. И но хард филингс, ама зошто дозволуваат учесници од други шоуа (Антонија на пр.) да се натпреварува, кога има предност и искуство повеќе од сите останати заедно? И плус, повеќе политичко шоу има отколку шоу
И јас сум за тоа да се има одредена старосна граница а и Антонија нема смисла да се натпреварува, и жириво може некој друг коментар да даде. Жими Игор, Атанас и Тино го прават да личи на нешто.
Во врска со некои работи се сложувам со вас, организацијата им е малце мизерна,но идејата како идеја за ново талент шоу во Македонија е супер. Само нема потреба да се напнуваме толку негативно кон ова, сепак е наше, еднаш да пофалиме нешто што е наше, а според сите ваши коментари јас мислам дека вас повеќе ви се бендисува Гранд Sвезди, а не нашето талент шоу. Повторно да напоменам дека сте во право за некои работи, но многу сте негативно настроени.
Дoбрo,пред дa дoјдaт нa кaстинг учеснициве,дoмa никoј не ги слушa??? Бaрем oд блaм дa ги пoштедaт.Стрaшнo
Никој погоре не рече дека Гранд повеќе им се допаѓа. Мене ниедно од српските не ми се допаѓа, освен она малку сипматично ми беше, со малите ѕвездички..другото кичерај и миничи до газ со фатални по слухот певаљки.. Еве според тебе, што има убаво во шоуто? Освен тоа дека е наше?