И јас се согласувам со @Nellie, мислам дека не е Сузана Турунџиева. Онаа е некоја новокомпонирана водителка.
Водителката е Цаци од Сити радио. Нема да го коментирам нејзиниот изглед, но не ми се допадна тоа што кон камерата беше цело време свртена со грб. Можеше странично да застане додека зборуваше со кандидатите. Не ми се допаѓа во шоуво што за некои кандидати се изјаснува жирито со да/не а за некои првиот што коментира кажува не тоа значи не поминува и готово. Не ми е јасно само зошто баш Сара Мејс е избрана за во жири, дали е најталентираната и најкомпетентната пејачка, доволно популарна низ земјава и странство со големи успеси и хитови па ќе коментира некои неоткриени таленти? Се виде колку ја бива, два збора не знае да каже и секоја реченица и почнуваше со: „Мене искрено...“ Џамбаз си е ок, а директоров премногу сериозно ја сфатил директорската работа, не мора да е намрштен цело време за да докаже дека е строг и дека има некакви критериуми. Убаво пишавте за возраста, делам мислење дека треба однапред да се знае која е возрасната граница, а не на еден да викаат премлад си на друг престар си, исто така требало да наведат и каков тип на музика треба да пеат талентите,а не да добиваат коментари од типот: „Ти си супер, имаш талент ама не си за овде“. И ја поддржувам Антонија што се пријавила повторно, нема лутење кој има најдобар талент и кој го бива највеќе за она што тие бараат (ако знаат што бараат) нека се покаже и докаже.
Во тоа време гледав Csi Miami на Хајат поинтересно ми беше од шоуто. Ние имаме поквалитетни вокали што треба да бидат на жириско столче, а не некој што снимил 2-3 песни и вокал ко на златно славејче од кое ќе те заболи глава. Затоа и не пратам.
Ако знаат и овие самите што бараат ја еве. "Супер пееш, продолжи да работиш на себе, само не си за тука, не си тоа што го бараме." А што барате??? Зошто никој убаво не објасни кои се критериумите за учество? Јас како што сфатив според коментрарите на жирито бараат некои мултиталенти, пошто се работи за мјузикл, претпоставувам кандидатите треба да знаат и да пеат и да глумат и да танцуваат. Зошто не побараа од нив да има една песна од одреден жанр и еден дел со кратка кореографија. Вака од две спремани песни, тие едната само ја пеат итоа и таа едвај... очајно, многу очајно изгледа. Тивко, монотоно, нема матрици, нема музика, кандидатите збунети, жирито уште повеќе... очекувам секој момент да упадне некој да каже: чекајте дечки, не бива вака... ај од почеток!
Еднаш ќе пробаме да напраиме нешто наше и тоа ќе го оплескаме. Па нема да аплаудирам само затоа што е "наше".. а реално не чини. Според мене жирито има доволно потребни квалификации од една страна. Ако посебно ги анализираме, Дурловски е феноменален и реномиран во својата професија, Сара Мејс.. не ја слушам, ама колку што сум читала за неа има прилично добро поткрепено музичко резиме, ако не се лажам дури 2 музички факултета (сеа некој ќе се најде да рече као што има врска колку факултети, ама сеедно-си стои тоа), Џамбазов е веќе добро познат шоумен.. јас мислам истрошен, ама некако уште го форсираат. Како после ова сите тројца потфрлија заедно не ми е јасно. Начинот на кој го водеа шоуво беше катастрофален на повеќе нивоа. Организација.. слаба. Некој некаде спомна дека уште Тито фалел да се размавта во позадина..што знам, мене па се ми личеше за од пред времето на Тито дури. Имаме таленти неспорно. Имаме капацитет несомнено. Имаме или можеме да имаме се останато што ни треба за да се организира нешто од ваков тип... и како бе она баш ќе ја усереме? Еве не знам.. А да, очигледно и водителката на сите ни боде очи.... или уши ќе да беше посоодветен термин?! Или имаме големи очекувања...а сме неспособни.. веројатно сме неспособни.. иначе не знам како поинаку логички да си ја објаснам ситуацијава.
Преголеми очекувања имаме за жал Не ни се сомневав дека ќе биде нешто јако јас и ова го очекував денес што го видов
Читајќи ги вашите коментари,еве признавам,срам ме фати,јас првпат слушам и го гледам Игор Дурловски,ни професија му знаев ни ништо А да ме прашате за Шабаните од соседна Србија ги знам од еден до последен Е сега,да се навратам на темата... Ѕирнав така малку,и од прилика знам што се дешаваше,и горе -долу го имам истото мислење како повеќето членови,ептен неорганизирано делува се,никаков концепт и критериум нема. За компетентноста на жирито не би зборувала,а впрочем и кој друг го имаме,кој друг би бил "посоодветен"? Слаби сме,слаби буквално со се. И никогаш нема да не биде,ние единствено сме добри во организација да носеме српски турбофолкери и да ги кешираме со 100000 евра,и така Тоа е суровата реалност... П.с Многу убав ми се виде овај Игор Дурловски бе ако ѕирнам пак нешто од кастингов ќе биде само ради него,сакам вакви строги мажи,и што не се смеат многу многу
Ubavo e da se aktivira nasata drzava so emisii od zabaven karakter ama nemame kapacitet za toa. Nesakam da hejtam,samo kratko -ne mi e interesno. Grand?!-svetlosni godini e pred nas.Se vlozuva vo toa i se gleda.vo taa produkcija ima preku 200 postojano vraboteni i toa dava rezultat. Kaj nas incidentno angazirani.. Nie so 1,700,000 ziteli (sose dijaspora) sakame sou..a samo Belgrad e tolku ziteli.
Абе не ги виде кога се изнасмејаа за она машкото со наочарчината кога почна во првите да пее, и после рече да испее уште една ако треба а ти нее , не не И ајде го пуштија. Никаква еуфорија се тмурно глупости
Игор беше ок. Иако можеше подобро. Може да се каже и дека беше одличен, ама се изгуби помеѓу некомпетентноста и безличноста на Сара Мејс и ароганцијата и надменоста на Дурловски. Горе-долу тоа е за жирито. Водителката не е новокомпонирана, напротив со искуство над 15 години. Но далеку од добра. Радискиот глас несоодветен за телевизиско шоу од тој тип. Изгледот е релевантен. Тино и другар му, само го расипуваат впечатокот за нив. Не му давај на поштар да пее, и на пејач да разнесува писма. Ќе ги заборави во кафана. Организациски и сценографски слабо како за МОБ. Учесниците барем синоќешните, несоодветни за шоуто т.е мјузиклот. Проблем кој делумно можел да се реши со соодветна селекција при самото пријавување. Сума сумарум шоу кое не ветува многу. Или просто кажано, катастрофа.
Па види рефке јас мислам дека Идолот беше мноооогу успешно шоу за нашите очекувања, само што се погоди во времето кога А1 ја укинуваа. Иначе имаше и гледаност, и таленти. Колку само луѓе гласаа преку смс пораки, секоја гала вечер или како и да се вика, беше гледана и имаше доста еуфорија околу целото дешавање. Еве има и тема овде на форумот за тој идол, види колку страници се испишани и колку луѓето го пратеа. Работата е во тоа што народот во последниве години е многу закржлавен, летаргичен, сите се ко на пола душа, најзабавна дешавка во последните 2 години беше гостувањето на Заев кај Латас, и што понатаму да дискутираме. Не е до дека не не бива, друг е проблемот и преокупациите на луѓето во Македонија на оваа денешница. Мене искрено жал ме фаќа.
@Offspring не следев идол.И тоа ми беше досадно и бледо во споредба со Идолите во регионот. Можеби ти си го следела... Еве мене да ме прашаш незнам ни кој победил. Всушност...кажи ми...што е со победникот ?...како се вика ? ...сними некој албум..па макар и сингл? За Идолот испишаните страници неможеш да ги мериш со Тајно моја.Само што почна ова шоу. После една година можеш да мериш. Ваквите шоуа се надминати. Мала средина не ,,трпи,, шоу на секој чекор и секоја година.
Небитно што доби победникот и дали сними албум, како што реков можеби и ќе имаше некаква поддршка да не се укина А1. Битно е дека многу луѓе го гледаа и им беше интересно уште откако почна, а иначе сите овакви шоуа се забораваат за 3 дена откако ќе завршат. Само Елена Ристевска направи некаква кариера после учество во такво шоу, никој друг. Во последниве години народот е научен да мрчи за се и да наоѓа маана во се, преокупиран е со други теми во секојдневието, имам пишувано на таа тема низ форумот неколку пати, дека во последниве неколку години, не стагнираме, туку идеме наназад. Да стагнираме добро ќе биде. Ни сме успеале во спорт, ни култура, ни забава, ни музика, ни филм, ни бутур. Што и да се најави, какво дешавање и да биде се дочекува на нож, полно со критика. Најголемо достигнување е која партија собрала повеќе луѓе на митинг. Стварно е жалосно, и оние малку што сакаат на пример да се бават со музика, глума, спорт или незнам еве наведи што сакаш, се плашат, заради реакциите на народот кој константно сере за се што мрда. Еве, се кењаше зошто Љопа оди на евровизија секој пат, ја кењаа песната лани, ја кењаа песната на Кајмакоски, го кењаа зошто бил молер во Австрија, се дрндаше дека требаат млади луѓе, дека е доста од Љопа и Есма, еве сега Јана ќе ја праќаат, млада девојка, и пак се мрчи. Стварно да му збоктиса на човек од негатива константно. Не велам дека треба да биде работава дај шта даш, Поентата ми е дека треба народот малце да се уклучи во други активности во секојдневието, кои не се партиски и митингашки и да се укине отровот наречен Турски серии синхронизиран на простачки начин.
Водителката изгеда учи школо од Снеже. И од неа по лошо се понаша. За се друго горе веќе се е кажано. Игор нон стоп доминира, мисли дека е интересен , дури и ги навредува натпреварувачите ако не му се по ќеф. Сара спасува ситуација, па облажува малку, барем бира зборови за тоа што сака да го каже и не се смее иритантно. Додека директорот едвај до збор доаѓа, а истовремено нит се смее нит плаче. Добро што Игор не си го земал Тони,па тогаш ќе беше уште по трагично.
Дали има ограничување во однос на возраста? Може да се пријави секој од 10 години, па нагоре. За малолетните лица ќе има формулари за согласнот од родители кои ќе бидат поделени на самата аудиција. Што е мјузикл? Мјузикл или музички театар е жанр во филмската и театарската уметност настанат во почетокот на XX век. Мјузиклот настанал како потреба за забава на театарската публика. Тематиката на мјузиклот може да биде приказна од секојдневниот живот или прерадено литературно дело. Драмското дејство се искажува со говор, глума, пеење и игра. Што треба да се подготви за аудицијата? Треба да се подготват две забавни песни, од кои едната македонска а другата странска, меѓутоа ниедна песна да не е од Тоше Проески. Пријавените кандидати ќе бидат известени преку ел. пошта во кој термин да дојдат, а аудиците се од 21 до 25 ноември. Првите аудиции се само вокални аудиции и ќе се пее без музика. Кога е финалето на такмичењето и премиерата на мјузиклот? Финалето ќе биде на крајот на месецот јануари, а премиерата крајот на март или почетокот на април. Дали за да се пријавам треба да имам некакви квалификации? За пријавување на кандидатите потребен е само талент, не се потребни квалификации или да се биде оперски пејач.
Ахам .. Ќе се задржам на изборот на песните Синоќа тоа изгледаше вака: -Ееј стоп... чекај , чекај .. доволно ај... Ај НЕКОЈА ПЕСНА ОД ТОШЕ! И за последново, да талент. Талентот е релативна работа
Не се согласувам со тебе за тоа дека Дурловски не доаѓал до збор... баш упаѓаше во збор, сам решаваше кога ќе каже стоп , најчесто он ги прекинуваше учесниците, и се однесуваше како главен член, знаменосец. А Игор не доминираше баш, иако од него тоа се очекува. Барем поради искуството, неговото занимање и знаење. Сара одвај кажа два -три збора, не оти не можеше туку толку знаеше. Од НИКОЈ не слушнав прецизен, конкретен и стручен коментар. Прва емисија- пиши пропало.