Да, на фб страната имаше едно видео од првата епизода , побарај види. А ме интересира денес ќе има нова епизода знае некој?
Хаос,копија од Звезде гранда ама таму барем стварно се пријавуваат пеачи со талент,а ова??Ужас не виден плус со пеењено на англиски воопшто не ми се допаѓа ама баш ништо..единствено Тино и Атанас што вредат,ама кога другото се е нула,џабе е и тоа.Кога не не'бива тоа е.
Што вредат Тино и Атанас? Јас би кажала безвеза ми се и они,као да раздвижат атмосвера ама некако не им оди. Се ми е вештачко некако. Тино и Атанас зашо секогаш одат во пакет за се
Претставата Стујардеси со нив двајца се покажа многу добра и од тогаш во секоја претстава и шоу одат заедно.
Барем кажаа став во врска со натпреваров, можеби му стана јасно на сите што точно бараат и дека турбо фолк е забрането.
Зарем затоа што претставата поминала добро треба секаде да се појавуваат како сијамски близнаци Ама ако треба така да биде нема биде,јас само да си кажам да не ми тежи
Секако дека не, јас така реков (дека само они вредат )бидејќи едни од поомилените актери ми се,ама секој со свој вкус и мислење.
Да има контакт тел да се јавиме да и порачаме да се врти ние феминковци да ја гледаме Мислам дека се страми од себеси како ќе е на камера ,како ќе изгледа ако се сврти со лицето .. можеби се лажам но така ми делува мене
Зошто некој не и ја испеј Врне врне па да ја видам госпожата да коментира за интонација, вибрато оти тие 3 збора ги научи од Дурловски и само нив ги повторува