Да ви кажам право Дурловски почна да ми е ок, а оваа пејачкава не мора да плука на српскава музика до толку се кладам дека душа дава за бугарската чалга, поентата е да македонска музика ама можат културно да објаснат. Плус кога и да дава коментари ги гледа игоровци несигурна делува
Како лажат кандидативе... Внатре им викаат дека не ги бива, а на водителкава и викаат: Поради трема. Погрешни песни сум одбрал/а. Само затоа што бев уморен од патот... Демек ние не чувме.
Ќе речеш јавни личности се,не треба да имаат трема,ама овие нека се здрави и живи,ем што се како безгласни букви,тивки се,тепкаат кога зборуваат,се плашат од само-казнување A посебно Сара и Дурловски,абе се препотуваат додека зборуваат и го научиле само "она јас мислам дека имаш талент,ама не ни одговараш за тоа што го бараме". Не дека и Џамбазов е кој знае колку компетентен,ама во споредба со овие двајцата,повеќе интересен е,има и речник и се,не дтка барем и не кенка ко да застанува прв пат пред камера Ај да беше некој голем проект,некој со светски размери и на светска сцена,ќе ги оправдав делумно за нивната неснаодливост и трема,ама вака,ноуп И не ми се сеуште јасни,како бе плукаат по Србите,пример вечерва по Саша Ковачевич,а упорно го викаат и него и сите колеги во Мк и притоа им даваат хонорар од 100000 евра,значи нема ниту еден културен или кулинарски настан поминато без да настапуваат Српски пејачи. И што сега демек ќе се сменело тоа,и баш ме интересира кој ќе пее во иднина на Пивофест,на Костенфест,на Питијада и сл. Да не случајно биде Миле Кузмановски или пак Саша Ковачевич Затоа,аман нека молчат,нека не се брукаат..
[Првпат синоќа го загледав шоуто, го почитувам Игор Џамбазов како актер, водител, шоумен и што ти не но не ми се допаѓа ова талент шоу и во него не гледам ниту една причина зошто би го гледала освен самиот Џамбазов иако она неговото употребување на фразата нема љутиш ми пречи. Девојкава што е во комисија не ја познавам, дечкото исто првпат го гледам, некако не ми се баш компетентни личности затоа што пред се анонимни ликови за гледачите. Од друга страна зошто да не бидат во комисија Каролина Гочева, Владо Јаневски или друг пеач од нашава естрада туку овие двајца за кои искрено немам слушнато. Девојката ми е без однесување, збунета. Другиот дечко ми е само убав на лик и толку. Водителката исто не ми се допаѓа. Тие двајцата актери што се трудат да бидат смешни исто не ми се вклопуваат во шоуто некако ми се усилени во нивниот хумор. Океј беа дечките на златна бубамара ама не се баш хумористични и овде, ниту делуваат како водители туку повеќе како кловнови. Критиката на Игор Џамбазов за тоа дека ова шоу тие го направиле за да ги нема повеќе таквите како Саша Ковачевиќ не ми се допадна од причина што проектот повеќе наликува колку да ги има на тв, колку некои споредни ликови да земаат хонорар за тоа што го работат. И на крај не се тие кои преку вакво евтино реално шоу треба да ја средат ситуацијата со македонската естрада. Проблемот е во медиумите, промоција, добра песна, се што е потребно за да допре песната до народот, да се придобие и да иде на концерти.
Шабанајзери,како ги рече,плус колку е глупо што пеат на англиски,а српски забрането,не ми е јасно зашто се трудат да направат шоу кога не ги бива,последен пат ми беше вчера што гледав,секоја потрошена минута на глупост е уште поголема глупост.
Mene ne mi go zadrzuva vnimanieto ova shou ni pet minuti. Duri i poslednoto shou na Dragan Vucic za izbor na muzicki talenti mi beshe podobro od ova. Togash pobedi Vlatko Lozanoski mislam. Idol isto go gledav i beshe daleku podobro od ova. Iako ne se sekavam koj pobedi, ama pametam nekoi od ucesnicite koi stignaa do kraj. Imam gledano mnogu izbori za pejaci X faktor, Idol, Prvi glas Srbije, Pink Zvezdi, Zvezde Grand, M2, Operacija Triumf, ona na Dragan Vucic kako i da se vikashe. Ova e najloshoto definitivno.
Моментот кога Џамбазов ја прашува Сара,да го потсети која беше песната Because off you-Kelly Clarkson,и оваа му одговара после неколку секунди молчење "ааааа бикас оф јуу" ова во фазон на пеење и тоа Е ова беше врв на глупоста,се надминаа самите себе,ај што несакаат Српски и Бугарски песни ок,ете кандидатите пеат во глобала само англиска музика,е па овие од жирито не ги знаат ниту тие песни. Апел до Сара Мејс,немој аман да се правиш како разбираш странски песни,а т.е да им го препејуваш само насловот Леле бе,стварно ми е жал за жирито,ептен се како безгласни букви,јас потремаџии луѓе немам видено од нив,се научиле само со она "јас мислам дека" и три точки,и се гледаат еден со еден во очи барајќи спас од колегата да доврши реченица-а сите се исти А Џамбазов па,само нема љутиш го научил и притоа цело време само се гали и чешка по брада,заприметивте ? И ај,да го довршам хејтањево де,ич ама ич не ми се интересни оние Тино и Атанас,јас дури тука првпат слушнав за нив кои се..слабо стојам слабо со естрадниве дешавки низ земјава,јас повеќе сум по Шабанајзерите
Го загледав и јас шоуто но не ми остави некој си впечаток. Идејата и замислата им е супер но реализацијата и не баш. Дали дека сеуште на почеток или како и да е нема некоја си атмосфера , машките водители воопшто не ми се вклопуваат во улогата, а водителката па цело време свртена со грб и збори. Жирито ми е така и така, не ми е јасно само како Сара Мејс се нашла овде како компетентен член за жири ? Коментарите им се ептен просечни, се едни исти па исти... и многу озбилни се некако цело време како срамежливи делуваат. Во однос на кандидатите , има и добри има и лоши но сеуште не некој неоткриен талент Дали некои од нив се преслушале прво пред да се пријават на аудиција? И некои што велеа дека професионално се бават со музика.
Треба да си одредат еден термин и редовно да го даваат тогаш. Денес има, утре нема. Плус само мене ми е некако нереално тоа дека до февруари треба да се одберат победниците? Од 500 пријавени, сигурно пола ги пуштија. Како за толку краток период ќе дојдат до двајцата најдобри?
Jaс го начекав неделава. Беа каде каде подобри од коментарите овде што ги читав. Дури се мислев дали воопшто да трошам време да гледам. Мислам понеделникот гледав, според коментарите се подобриле. Инаку не буи трошела време на вакви работи. Македонска работа е да направи нешто и да го упропасти. Сакаме нешто, ама не знаеме што точно сакаме работава. Да не биде дека мрчам, ама кога ке направиме нешто како што требA, нема да има негативни коментарк