Јас може веќе се навикнав на просечните коментари и просечните кандидати. Ќе чекаме да видиме што ќе се случува понатаму, во вториот круг. И сега мене не ми е јасно, бараат пејач за мјузиклов а делот со глума и танц кој ќе го изведува бидејќи до сега по пеење оценуваат. Џамбазов си го води шоуво, Дурловски си оценува , човекот е многу реален , а оваа Сара уште не научи една реченица да сврзи и еден коментар да даде, можат и само со да и не да им одговараат не мора да се срами Сара.
Овие малку не се добри од жириво. Да не ги знаеш ќе речеш греота, глуви луѓе, не се добри. А вака, мислам хелоу, по кој принцип ги пуштаат кандидативе, два добри третиот не оди, гужва да не прави! Пуштаат полоши, на подобри им викаат не е тоа тоа. Ај ќе ве молам, напијте се нешто, идете си дома клецнете нешто и малку со бистра глава следен пат кажувајте кој оди понатаму, а кој не е за таму. Ова последново тера на размислување, кој се не е за таму, а?
Жириво да си расчепка ушите, не слушаат или намерно се прават мутави, на игоровци мислам, оваа на хелоувин е, па и се навреди пустата за пејачка Тино и Атанас ми се закон, а можам да замислам колку Дурловски и пребарува дома на жена му
Како глеате вакви сра*а у боја? Едноставно не гледајте, нека нема рејтинг и нека го укинат... Човек да не смее да умре, одма лешинари како Џамбазов пари да лапаат. Требаше сериозна организација, дискретно. И на крај, да не убиеа во поим на премиерата. Се да биде на ниво, а не вака... И уште овие од МОБ што се согласиле, стварно не ми јасно... Се превртува човекон у гроб. Он никад не би се согласил на ваква фарса... П.с. Искрено, единствен човек кој по вокал највеќе личи на Тоше, е Лозановски...Можеби он требаше да биде избран.
Сестра ми ќе настапува во Недела во 8 во МНТ (новиот театар), полуфинале од кастинг талент шоуто. Повелете, топло е внатре и има се уште карти https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=232043273907015&id=197871683990841
Мене Сара Мејс ми е ау човече. Се фолира и многу машкудански изгледа. Барем да заличии на девојче. Од друга страна се дига зад столчето мисли врвна пејачка е.
Скоро сите ми се катастрофа, уфилмани дека се во некое светско шоу, а уствари е треторазредно наше шоу.
Отпеа супер, влезе во финале , ама за жал без дуел. Велам за жал, бидејќи дебитантката (Мила) со која требаше да има дуел, татко и почина вчера и затоа не пееше Тој да ти бил некој познат во музичкиот свет, па Игор Џамбазов не повика сите да станеме во публиката на 1-минутен молк во негова чест. Греота. Дина откако заврши со песната се расплака на сцена, пошто се зближија со тоа девојче. Повеќето беа стварно супер, ама ја пристрасно сум си горд на дадичката моја златна и еве едно дискретно селфи со неа хаха
17че Инаку, настрана непотизам и емоции, мислам дека оваа девојка (Антониа Гиговска) ќе победи и тоа заслужено! А овде не можеш да познаеш дали Каролина пее или она
Уф многу влегоа во финале, тешко памтам имиња, еве ти фотка од финалистите од првата вечер (на втората не бев). Иначе неофицијално финалето ќе биде на 25ти (Среда) исто во 20ч.
Да се поправам: Следната Среда ќе биде супер финалето. А оваа Сабота (21ви) во 20ч во МНТ ќе биде женското финале. Машкото финале веројатно ќе биде во Недела.