Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Катастрофа на приемен тест во Орце Николов - Колку петките на учениците се навистина заслужени?

Дискусија во 'Образование' започната од Waverly Raven, 22 јуни 2022.

  1. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.613
    Допаѓања:
    39.140
    Пол:
    Женски
    :clap:
    Screenshot_2022-06-27-09-47-50-096_com.facebook.katana.jpg Screenshot_2022-06-27-09-47-55-197_com.facebook.katana.jpg Screenshot_2022-06-27-09-48-01-156_com.facebook.katana.jpg Screenshot_2022-06-27-09-48-23-470_com.facebook.katana.jpg Screenshot_2022-06-27-09-49-04-619_com.facebook.katana.jpg Screenshot_2022-06-27-09-49-22-721_com.facebook.katana.jpg Screenshot_2022-06-27-09-49-46-981_com.facebook.katana.jpg
     
    На Glowy, MilaSs12, _beautyy_ и 3 други им се допаѓа ова.
  2. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    Браво за текстов. Инаку кого мислиш дека коментаториве би линчувале освен децата во случајов? Кога се работи за деца, секогаш тие се на тапет. Зошто? За „постариве“ генерации да испаднат супериорни, како нив наставниците ги тепале кога не знаеле, кога не носеле домашно, како денешниве деца биле од м***а правени и како добивале уште поголем ќотек од родителите, а се гледа колку се писмени, нивното (не)знаење граматика и правопис на македонскиот јазик кажува сѐ и мислам дека и кога нив би ги тестирале, би го паднале тестот. Гарантирам дека истиве што коментираат им се закануваат на наставници/професори ако му пишат слаба оценка на нивното дете. Посебно на наставнички/професорки. Жената си кажа сѐ.
     
    На anngelique, Angie1432 и sj *O* им се допаѓа ова.
  3. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.914
    Допаѓања:
    31.553
    Пол:
    Женски
    @_beautyy_ , @glupsumjbg Кембриџ ја сменија од годинава. Ама тоа беше бунење, па политичко ивзртување, па фрлање дрва и камења по Министерката што се дрзна да ја смени Кембриџ и лудите учебници за кои некој од сегапната опозиција грдни пари земаше (и ДУИ секако). Па Министерката замина во историјата. Се додека немаме консензус јасен што сакаме од образованието и се додека дозволуваме политичарите само и само за сопствен профит и сопствен размазен газ да влечат луѓе по нос, да шират лаги и на грбот на децата да профитираат (вклучително и наставниците кои штрајкуваа поттикнати баш од политика на месец дена пред уписи) ќе бидеме тука каде што сме.

    @JustBeautiful и професоркава од Економски слабо разбира употреба на објективни тестови. на објективен тест е нормално да има нормална дисттибуција. Тоа покажува дека е баш ОК составен тестот. А и со дете што го полагало тестот нејзинот мислење за тестот не ни може да биде баш баш објективно.

    Е сега за тестот и успехот. Објективните тестови земаат во предвид еден критериум. Тоа е успехот на тестот. И добар тест е таков кој е дискиминативен, односно има Гаусова дистибуција (каде што има нормална распределба од најслаби до најдобри при што најголемиот процент ученици се во средина). Тоа не е баш ни поврзано со оценките од школо во кои треба да има повеќе параметри за добивање оценка.

    Она што нас ни треба е објективност во оценувањето и ако веќе сите хистерично врескаме по резултатите од Орце тогаш сите треба да се сложиме дека на Совет на крај година не смее да има поправање оценки. И дека нема ниту еден од нас и од околината да се буни за оценките на децата (па дури и за комшиското дете да фаќаме врски). А лично знам дека во истото тоа Орце на Совет поправале оценки баш сега за време не тестирањето. Е додека јавно вриштиме против,а зад затворени врати го правиме истото против кое јавно вриштиме ситуацијата че биде таква каква што е. И што и да измислиме нема од нас самите да не спаси.
     
  4. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.485
    Пол:
    Женски
    Само да се надоврзам зошто го спомнав Кембриџ, иако ова не ни е тема на разговор(последно ми е(fingers)). Наставниците им предаваат на децата тоа што го има во книгата, а се надевам сте ја виделе книгата каков крш е, има сè, само тоа што треба не. Им предаваат од книгата и тоа ептен малку материјал од што потоа кој сфатил на час сфатил, тие што не сфатиле дома ќе дешифрираат. Ретко кој професор се замара на учениците да им објасни најдобро што може за да разберат и да го научат тоа. Во старата програма по математика(ја земам неа за пример) се решаваа доста потешки задачи, повеќе размислување и развивање логика, со Кембриџ во деветто одделение:геометрија, даден е триаголник, едната страна изнесува толку другата толку, најди ја третата. Бедно.:|
     
    На Glowy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.914
    Допаѓања:
    31.553
    Пол:
    Женски
    Отвораме друга тема. Наставниците треба да предаваат по Наставна програма, не по учебник. Ама кај нас тоа е главниот проблем. Затоа рипнаа сите да се буна за новата програма, ќе немало учебници децата неписмени ќе ни останат. Долга и широка е темата.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  6. glupsumjbg

    glupsumjbg Активен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2022
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Машки
    Инаку колку за инфо Корчагин оваа година примија ученици со по 62.00 просек а пак Панче имаше место за Фармацевтски техничар и лаборант и во ТРЕТ круг што значи дека паѓаат Орце руши рекорди исто така и Карев оваа година се дига