1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Катастрофа на приемен тест во Орце Николов - Колку петките на учениците се навистина заслужени?

Дискусија во 'Образование' започната од Waverly Raven, 22 јуни 2022.

  1. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.404
    Да, ама затоа требало математика да имаат 2/3/4, а не 5.
     
    На baby-star и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Велат родителите биле криви што барале 5ки за децата. Секој може да побара што сака, тоа не значи дека дека треба да му се даде. Треба да се објективни наставниците, да не попуштаат за оценки. Тие се криви и целиот образовен систем.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.250
    Допаѓања:
    12.164
    Пол:
    Машки
    Јас проблемот пред се го гледам во родителите и наставниците.

    Разбирам дека речиси секој родител сака неговото дете да биде одлично, со сите 5ки, да се запиши во добро средно училиште, да биде успешно и сл. НО, наместо да се поттикне детето на добри навики, се прави притисок врз наставниците за повисока оценка. Кога ќе дојде време за спуштање оцени на полугодие/крај на година, телефони нон-стоп ѕвонат, молење, плачки…
    Се согласувам и наствниците имаат огромна улога, ретко кој е добар педагог и пример за детето.

    Во мој клас во средно медицинско при упис, над 50% бевме со сите 5ки(70 поени), на крајот од прва година едвај 10% беа со сите 5ки.
     
    На Victorian, floppy77, IRBBB и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.350
    Допаѓања:
    20.280
    Пол:
    Женски
    Проблемот е што еве ако сакаш да идеш медицина, не ги брига дали си одличен биологија и хемија кои највеќе требаат, туку оценката по историја ќе ти влијае, макар и немала врска историја со струката. И многу нормално ќе бараат оценки само за да не им расипат просек, иако ученикот одлично си има знаење од предметот кој му е од интерес.
     
    На glupsumjbg, Ahoy, floppy77 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.813
    Допаѓања:
    23.375
    Пол:
    Женски
    Не значи дека ништо не запамтиле. Ама не можеш се да запомниш. На страна тоа, ако редовно учеле и добивале 5ка по 5ка и притоа малце запамтиле, тоа значи ли дека не е оправдана 5ката? Што ако од 10 лектири, 3 немаат прочитано и на тоа ги тестирале?

    Поентата е, сигурно децата не очекувале дека ќе има ваков приемен, приемниот сигурно бил потежок, левел на натпревари и има логика да немало толку успешни резултати. Во средно на матура од прва година професор по македонски ќе ти каже "ова запамтете ќе го имате на матура", на еден приемен во Орце никој не знае на што точно да се потсети или да се спрема.

    Да не зборувам што математика се повеќе вреднува од македонски. Математиката на некои од тие петки им е послаба точка можеби и се труделе којзнае колку за таа 5ка. Јас знам дека секогаш варирав математика меѓу 4 и 5 и успевав со повеќе учење да извлечам накај 5ка, тоа не значи дека ми е помалце вредна, а на ваков приемен па ич не би се снашла.

    Јас доста бистро се сеќавам на моите училишните денови, а секогаш некако кога ќе збориме во вакви теми, се вие сте највеќе учеле и во основно и во средно и на матура, новиве деца мрзеливи, вие се памтите итн. Штознам...
     
    На floppy77 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.350
    Допаѓања:
    20.280
    Пол:
    Женски
    И тие 11 души може би добиле ниска оцена по хемија де....
    Зашто тестот не бил со генерални знаења од СИТЕ предмети?
     
    На glupsumjbg, floppy77, sj *O* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.250
    Допаѓања:
    12.164
    Пол:
    Машки
    Во основно не можиш да се насочиш само на биологија и хемија. Во тие години се учи основата на сите дисциплини и науки шо сметам дека неопходна за било кое дете.
     
    На baby-star, Victorian, floppy77 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.350
    Допаѓања:
    20.280
    Пол:
    Женски
    Тогаш зошто тестот не бил за сите предмети?
     
  9. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.404
    Со непрочитани 3 лектири од 10 петката и те како не му е заслужена.
    И не се работи за колку се паметни/глупи/мрзливи.
    И Ајнштајн да го стават на тест, нема да го бива и за кошарка, и за пеење, и за цртање и за јазици и за математика. Според мене, не е возможно некој да има перфектно знаење во секое поле.
    Реално оценување е клучот.
    Скрооз од корен да се смени системот. Не е ова работа што поединец треба да ја започне од себе. Така ќе имаме само жртвувани деца.
    Друга работа, чим се снашле 11 ученици, значи дека таман си бил тестот. Таква е реалната слика, толку ги заслужуваат петките. Не е тоа ништо чудно.
     
    На baby-star, Victorian, floppy77 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.813
    Допаѓања:
    23.375
    Пол:
    Женски
    Можам да ти гарантирам дека тие 11 ученици се истите кои редовно идат по натпревари математика и физика. И тоа е океј, Орце ги сака најдобрите. Ама јас верувам дека и тие што спаѓаат во многу добри не е дека не им се заслужени 5ките.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.350
    Допаѓања:
    20.280
    Пол:
    Женски
    А башка поените како што гледам се вкупни.
    Може некој од овие одличните да ги има сите поени на математика а слаб резултат на македонски. И обратно.
     
    На Cosmic Girl и Angie1432 им се допаѓа ова.
  12. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.404
    Секој може да киксне. 4ките не се страшни, па и тројките ќе поминат. Ама 2ки и 1ци да добијат деца со сите петки е страшно. А погледни во колку голем број се..
     
    На crimson, baby-star, Victorian и 5 други им се допаѓа ова.
  13. tel-ef

    tel-ef Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Женски
    Е ова потпишувам дека е точно. Едни така ми направија проблем не ми дадоа да одговарам и ми оставија послаби оценки за крај. Ми рекоа убава ти е оваа оценка што ти ја дадовме. И сега ќе учам нешто што не ми е по воља во средно.
     
    На glupsumjbg му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.350
    Допаѓања:
    20.280
    Пол:
    Женски
    А и малце не ви текнува онака дека целиот хаос со онлајн настава има удел? Лектира ќе прочиташ сам ама математика тешко сам ќе решаваш без да ти објасни саглам некој.
    Две факинг години траеше циркусот.
     
  15. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.813
    Допаѓања:
    23.375
    Пол:
    Женски
    Епа ако Анштајн не може да добие "сите 5ки", зошто очекуваме од деца во 9то да имаат се 5ки? Ако реално и строго се оценува тогаш дете со 4ка по ликовно нема да учи во Орце, нели? :D

    Мислам, тука можеме да збориме за колку генерално оценки 1-5 се глупи, колку сите имаме различни таленти и не ни треба да имаме сите 5ки и не се математичарите генијалци... ама во оваа дискусија и средните училишта не смеат да бараат скроз одлични деца. :D
     
    На sj *O*, Angie1432 и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  16. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.250
    Допаѓања:
    12.164
    Пол:
    Машки
    Зашто се става поголем акцент на мајчин јазик и математика. Ако се сеќавам добро, македонски има по 4-5 часа неделно, математика 4. Историја има по 2, хемија 2, физика 2.

    Плус од гимназијата го задржуваат правото на избор на шо и како ќе тестираат. Наводно и МОН биле вмешани. Постојат и други гимназии и средни училишта, не дека нема слободни места.
     
  17. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.350
    Допаѓања:
    20.280
    Пол:
    Женски
    Епа ако САМО на тие предмети обрнуваме внимание не можеме да збориме дека децава немаат никакво знаење и дека се пиши пропало. Еве пак ќе повторам овие со заслужена 5ка по македонски и математика може би добиле 1 на сличен тест по хемија и историја. И обратно.
    И јас сум тапа математика ама само основа ми требала низ животот.
     
  18. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    2.457
    Пол:
    Женски
    Реално оценување да, ама КОЈ да ги оцени реално учениците? Квалитетниот наставен кадар одамна е заминат во пензија. На сцената сега е ист кадар како и учениците за кои пишувате дека не се снашле на тестот. Посочете ми еден наставник/професор кој не е примен преку партија. Јас таков не познавам.

    Јас сум од првите генерации кои полагаа државна матура. По еден предмет во дневник имав 4, единствена во цело мое образование, на матурата имав 5. Значи, тестот не е проблем. И верувам дека тестот бил ок. Проблемот да го бараме на друго место. Колку во родителите, толку и во наставниците, а најмногу во МОН и програмата по која сега учат децата.

    Ако сакаш да уништиш држава, уништи го образованието!
     
    На Anaroz1, deskarada, Bezimenka90 и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.404
    Не ме сфаќаш. Скроз не ги окривувам децата.
    Тоа скроз одлични не е наметнато од средните туку од нас, од лажната конкуренција.
    Да има едно-две скроз одлични во генерацијата нема сигурно средните со тие двајца само да работат.
    Јас сум свесна дека и тие 11 да ги тестираат за физичко да речеме, ќе го паднат тестот.
    Системот ни е ужас.
    И што направија сега? Форсирање за сите 5ки, форсирање за “Орце, елитната гимназија” , ги испуштија децата роковите во другите гимназии, и комплет со 5.00 просекот, заслужен или не, ќе си учат во Гуц или дрводелско. И кој губи?
     
    На Bezimenka90, Glowy, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.828
    Кај се бе просветарите од другата тема тука да продискутираат како совршено е образованието?
     
    На Ahoy, Anaroz1, sj *O* и 7 други им се допаѓа ова.