1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Катастрофа на приемен тест во Орце Николов - Колку петките на учениците се навистина заслужени?

Дискусија во 'Образование' започната од Waverly Raven, 22 јуни 2022.

  1. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.891
    Пол:
    Женски
    А зошто е ова шокантно кога знаеме дека во основно сите оценки се поклонуваат? Од една страна тоа, од друга страна што децава МНОГУ загубија со пандемијава и последниве две три години им беа катастрофа, баш кога требало да научат најмногу.

    Трето, само испитување по македонски и математика не е најреален одраз дали некое дете учи или не. Бидејќи, пример може да има 5ки по сите предмети, математика да не знае многу ама да има 5ка заради просек нели.И сега ќе испадне дека тоа дете ништо не учи, што е далеку од вистината.

    Сакам да кажам, не е баш црно-бело и не е ново, само сега имаше тестирање па има "доказ". И јас кога се запишав пола клас на првите тестови добија единици, не дека сите имаа реални оценки.
    Треба да има построги стандарди во основните, а не таму да биде учењето како одење на кафе.
     
    На glupsumjbg, sj *O*, mariz и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.979
    Пол:
    Машки
    Реално имам двострани ставови во врска со ова.

    1. 8мо одделение скроз им помина онлајн , а онлајн се знаеше како се оценува и учи да бидеме реални. Тестирањево е закажано неколку дена однапред и очекувано е дека нема да има доволно време за подготовка.
    2. Од друга страна пак колку и да влијаеше коронава одличен ученик со сите 5 да добие слаб резултат 1 е некако нереално. Разбирам да кикснал , да немал време да подготовка и да добил еве и 3ка 4ка ама едицина е знак дека тие ученици по никаков основ не може да се 5.00. За тестирањето, предметите македонски јазик и математика се најзастапени во гимназија (барем првите 2 години) и се изучуваат "најинтензивно" ако можам така да се изразам па логично е по тие предмети да се тестира бидејќи секако нема време за изготвување посебни тестови од сите предмети и сл. Пример во средно медицинско училиште се тестира со предметите биологија и хемија (иако треба да имаш сеопшто образование , особено мајчин јазик но едноставно тоа не е приоритет во стручните школи).

    Во секој случај можам да кажам за себе. Запишан сум на медицински факултет на тригодишни студии. Освен 4 година средно кога ми беа сите 5 (ради просек поправена една 4ка) другите години никогаш не сум бил 5.00 од 5то одделение до 3та средно. Зошто? имав добар наставник и педагог во основно која реално гледаше да не научи нешто иако секој не го интересираше се. Сум добивал и 2ки и 3ки по предмети како математика,физика кои реално не сум знаел за повеќе и тоа било сосема океј и моите дома знаеле. Од друга страна предмети како биологија и хемија секогаш ме интересирале и сум имал заслужена 5ка. Во средно се запишав во втор уписен рок со 68 поени во 2016 година бидејќи немав минимум 70 поени. Средното го завршив со 90 поени (не полагав матура ради короната во 2020 година) и еве ме сега на медицински факултет со солиден просек (9.00) и положени сите испити во рок.

    Како заклучок би кажал дека никогаш не сум бил форсиран да бидам меѓу т.н фамозни скроз одлични и дека тоа не е мерило дали јас ќе бидам успешен во иднина. Можам да кажам дека многу од т.н скроз одлични ученици учат за оценка но не можат тоа знаење да го применат практично (лично сведок сум бил на соученици од класот со 5.00 не знаат да држат епрувета во рака). Нашиот образовен систем е тотално реакционерен и нема никаков ефект врз тоа дали еден ученик ќе биде успешен или не.
     
    На Cosmic Girl, glupsumjbg, Victorian и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.704
    Пол:
    Женски
    Можеби за секаде треба да се применува систем за приемни.
    И за упис во средно и за факултет.
    Така ке се учи за знаење,а наставниот кадар ке оценува ко што треба.
    Со најавен приемен,ваков изненаден приемен не е воопшто педагошки,погрешен е.
    Јас дете не би пуштила да го полага.Би го запишала во друго школо.
    Од друга страна влијаат оценките,се се врти околу нив.
    Го читам примерот на @Larson .
    Моето дете учи средно медицина,помина одлична со петки по физика,математика,хемија,анатомија..
    Четворки има по македонски и граѓанско.:|
    Не е дека не и се заслужени,заслужено ги добила,но утре поради нив можеби нема да може да запише факултет кој сака иако по потребните предмети била одлична.
    Таков е системот.
     
    На Victorian, IRBBB, Glowy и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.891
    Пол:
    Женски
    Сакам да се дополнам.
    Вака целокупно, мислам дека ваквото тестирање од старт е погрешно.

    Според мене, совршено знаење математички операции и граматички правила е последно нешто според кое што треба да се оцени дали некое дете има капацитет или не. Да, најмрзлив начин е.
    Треба да се земаат предвид критичкото и аналитичко размислување, начинот на решавање на проблеми, креативноста, разбирање, апстрактно размислување, логика итн.

    Секако, мора и основи и од математика и од македонски, ама пак ќе кажам, усовршување на овие два предмети не те прави ништо подобар од другите, спротивно на популарното мислење. Бидејќи математика може да се научи шемата за решавање на една задача, македонски може да се набубаат јазични правила и ете ти петка. Квалитетите кои ги носиш не може да се извежбаат преку ноќ.

    Во моја генерација во средново имаше стварно препаметни луѓе и баш тие ги немаа сите петки во дневник. Од друга страна, колку луѓе имам сретнато со совршени оценки по "најбитните" предмети, т.е. математика, а не баш(да не кажам ич) бистри.
    Така што сметам дека доколку има приемни треба да се смени малку пристапот и да биде посеопфатно отколку вака површно и реално малку дискриминирачко. Само така ќе се издвојат најдобрите ученици.
     
    На Glowy, IRBBB, MilaSs12 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.350
    Допаѓања:
    20.280
    Пол:
    Женски
    Не се сеќавам што бев учела последните две години од основно ама дефинитивно пред секој тест еве за математика ми требаше барем еден ден подготовка, колку и да ми биле свежи или да сум ги разбирала задачите на час. И тој ден подготовка ем ме уверува дека разбирам, ем не си правам стресови дека нешто сум испуштила.
    Македонски исто. Еве добив еднаш ниска оцена на тест оти од некоја причина не се спремив убаво. Ама на други сум добила висока јер сум се запнала. Тогаш сум знаела. Ама сега да ме прашаш за делата на Славко Јаневски или Блаже Конески нема да ми текне. Оти не сум го повторувала низ годините. И сега сум ги заслужила тие 5ки или не? Значи да потенцирам, нит мајка нит татко доаѓале и молеле. Сама сум си учела. Ама брзо потоа сум заборавала.
    Да, баш не знам зашто луѓево не сфаќаат дека работи кои не ти се од голем интерес се забораваат ако еднаш само си ги научил. Побогу од факултет не памтам СЕ иако ми е најголем интерес, не па некоја формула математика пред година дена или две учена. Ама на факултет постојано ми се повторуваат рабoтите оти се поврзани со логика. Логика никаква нема во делата на Кочо Рацин, пак е нешто ако си запамтил. Е во математика има ама и тука за да проработи логиката мора да ти текне некоја формула, принцип, правило. Од нигде никаде не може да ти текне.
     
    Последна измена: 22 јуни 2022
    На glupsumjbg, sj *O*, Srckata28 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Ау. :| А што би било ако има приемен на факултет ама најреално без врски.
     
    На Victorian и IRBBB им се допаѓа ова.
  7. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Оценките треба да се укинат, одамна го збориме тоа. А можеби е време гимназиите да се стават на подолг период во мирување, можеби едно 10 години. Децата да можат да се запишуваат само во занаетчиски средни училишта. Какви и да им се оценките, ќе станат нешто конкретно по 4 години учење. Секако да се усогласи законски, без потешкотии потоа да можат да продолжат и на факултет доколку така одберат.
     
    На cresa-jagoda и tessie им се допаѓа ова.
  8. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.813
    Допаѓања:
    23.375
    Пол:
    Женски
    И што би било? Ако се полагаат предмети релевантни за факултетот, тоа е најубаво нешто што може да се случи. Секој ќе очекува да се спрема за она што го сака или да се запне за нешто што е спремен да го учи.
     
    На Cosmic Girl и Victorian им се допаѓа ова.
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Мене ич не ме чуди…
    Не е ова од сега. Да не тестираа нас кога бевме средношколци истото ќе беше.
     
    На _beautyy_, cresa-jagoda, tel-ef и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Не е баш така, верувај.
     
  11. kalinaka

    kalinaka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    2.044
    Пол:
    Женски
    Од сите средни училишта во Македонија на тапет ги ставија само децата што се запишаа во Орце демек најслабите ученици се тука. Порталиве малку претеруваат.
    Како прво во петок вечер им соопштија дека ќе полагаат во понеделник и тоа материјал од 8 и 9то одделение, имаа само 2 дена да повторат. Па колку и да си паметен не верувам некој толку добро да ги памти сите теми што се учеле тие 2 години.
    Како второ толку стресно им беше на децата што од искуство кажувам дека некои не спиеја тие 2 дена.
    Трето тестовите им беа едно по друго, завршува македонски, не ни стануваат од клупа почнуваат со тестот по математика.
    Четврто имале задичи што поради продолжениот распуст и штрајкот воопшто не ги учеле.
    Покрај сите околности чудо е што и вакво резултати постигнаа.
     
    На glupsumjbg и sj *O* им се допаѓа ова.
  12. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.990
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто сите се испошокорани. Па пандемија имале, па заборавале, па изненадно било... :D Таман се резултатите, дури може и bell curve да се нацрта од нив. Така е природно да изгледаат. Секако дека тројки ќе има најмногу, и треба да има. Ама ние мора сите да сме нај-нај па затоа и единиците имаат петки.

    Нема ништо лошо во тоа што школото одлучило да направи тестирање, па дури и потешко да е. Мора да се има некаква евиденција, а не на слепо да ги примат сите со 5.00. Па нека продолжат да се превртуваат газ преку глава мајките и татковците во основно за петки на хартија.

    Посакувам само да бевме поштедени од муабетот за ,,младите". Исто така посакувам еден ваков тест да им се дадеше на тие што стално кукаат како не учеле децата, па да бидат humbled дека не се ништо поедуцирани од младите. :D

    По кој друг предмет би се истестирало ова ако не математика? :^) Баш тие што учат по шаблон задачи како што викаш ден после тестот не се сеќаваат, а не па на приемен. Секако поидеално ќе беше микс од предмети да имаше, ама и ова е каде-каде подобро од ништо.

    Не чинеше кога се одлучува на слепо, сега и приемен не чини зашто имало математика... за упис во гимназија... каде најмногу од сè се учи математика.

    Не мора да се бараат оправдувања според мене, ниту има потреба да се бранат децата зошто не знаеле толку. Едноставно не може толкав процент од популацијата да се ,,сеќава" на толку знаења, еве да не кажам да ,,знае". И тоа е океј. Исто така е океј гимназијата да најде начин да ги избере тие што најмногу се сеќаваат. Ништо спорно не гледам.
     
    На Victorian, Ahoy, sonuvana и 13 други им се допаѓа ова.
  13. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.404
    Не, најдобрите ученици се во Орце, тоа е страшното. Замисли во другите каков би бил успехот.
     
    На cresa-jagoda и M.B. им се допаѓа ова.
  14. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.218
    Пол:
    Женски
    Па да знаеш како бараат, ќе ја гледаш кривицата и во нив. Неможе и туку така на барање да се даде оцена. Туку доаѓа крај на година и ученикот заслужил 3,4ка, ама според родителот знаело детето за 5ка (а пази наставник таа оцена ја става од проценка за цела година што учело) и тука следуваат поплаки приговор до училиштето од родителот, па прво меѓу наставници и стручен кадар се гледа дали заслужува повеќе, ако според нив не заслужува не му се дава оцената и родителот на детето бара да оди на преполагање за оцена (тука обавезно фаќа родителот некоја врска и детето го учи тестот на памет и вади 5ка) и таа оцена му се става на крај иако наставникот е против тоа. Наставникот не смее да е во комисија на тоа полагање... и вака еден куп ги има сигурно што прават. Затоа и родителот и наставници се криви...
     
    На Victorian, Bezimenka90 и M.B. им се допаѓа ова.
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.891
    Пол:
    Женски
    Не мислев конкретно на одреден предмет, туку да се бараат и рангираат учениците по квалитети кои се независни од тоа колку "повториле".
    Инаку не би рекла дека во гимназија треба да се учи најмногу математика. Поентата е да се добие основа од различни области, не само на една да се сконцентрираат. Тоа зависи па и од професорите, кој колку ќе си го цени предметот.
     
  16. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.404
    Не е само попуштањето проблем. Немаш поима какви притисоци се вршат. Од високи позиции, директори, преку партиска линија етц. Ќе изгубат работно место-никој не сака проблеми. А и самите знаат како го добиле тоа работно место, па немаат простор за негодување. И веќе кога на некој ќе ставиш 5ка со сила, мораш и на подобрите од него, за да бидеш објективен нели.. и тоа е тој магичен круг од кој излез не гледам, барем не за брзо.
     
    На Glowy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Не треба да имаат сите 5ки, јас се чудам како сме држава на 5каши и толку многу со дипломи од завршени факултети, а пак неедуциран народ, нема атмосфера на толку знаење колку што има дипломи, за жал нешто што ни се треснува од фаца кога одиме со тие дипломи во други држави, па или скрос не ти ја важат или со преполагања многу.
    Имам сретнато студенти на медицински струки, дипломирани, значи со положен предмет Ургентни состојби во медицина, прва помош не знае да даде, со вода во лице плискаат онесвестени луѓе.
    А приемен испит ми е неправедно да е само македонски и математика, ама па очекуваш од деца што се со сите 5ки, да немаат подолу од 3ка по било кој предмет, и 3ките да се малку на број.
     
    Последна измена: 22 јуни 2022
    На cresa-jagoda, Glowy, Anah и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.990
    Пол:
    Женски
    Како би изгледало тоа? Ова што го опишуваш е тест за интелигенција што би рекла дека е покуешчнабл.

    Не збориме за што треба да се учи, туку што се учи. Кога ќе се смени програмата да нема сите години математика по минимум 4 часа неделно во сите смерови, тогаш може и други предмети ќе бараат. Ама засега тоа е.
     
    На Glowy, Lianna Anna и Celltica им се допаѓа ова.
  19. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.661
    Допаѓања:
    18.296
    Пол:
    Женски
    Такво треба да биде образованието. На тој начин да се образуваат децата. А не да се форсира учење на небитни работи. Колку небитни работи ме терале да научам без примена и потреба ехе.
    Треба насока кој за што го бива.
    За само една година успеав да научам и усовршам вештина која не сум ни знаела дека ја имам. Почнав колку да не седам по цел ден.
     
    На Angie1432 и Mantub им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Не сум изненадена.
    Оценките се поклонуваат, не се заработуваат.
    Во основно, отсекогаш било така.

    Џабе е и ова.
    Пак ќе си биди се' по старо.
     
    На tel-ef му/ѝ се допаѓа ова.