Катастрофа на приемен тест во Орце Николов - Колку петките на учениците се навистина заслужени?

Discussion in 'Образование' started by Waverly Raven, Jun 22, 2022.

  1. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Joined:
    Apr 6, 2017
    Messages:
    1,366
    Likes Received:
    7,838
    Gender:
    Female
    Не ме загрижува толку фактот што добиле единици. Туку, не само овде, општо што сум правела муабет, има деца кои не знаат на пример главен град на некоја позначајна држава, не знаат да читаат, а богами не знаат ни таблица за множење. За граматика на македонски јазик да не правуме муабет, дете од 7 одд не разликува именка, глагол и други категории. Ама, ако, допрва ќе излезат сите последици од ужасите кои се случуваат особено во основните. Само нека продолжат со вработување на неписмени наставници, кои секако можат партиски д ги уценуваат и за оцени и за се. Па тек допрва ќе плачеме кога доктори и хирурзи ќе завршуваат со врски, кога кај и да појдеме да завршиме некоја работа нема да знаат затоа што уствари појма немаат. Малку ни е, децата најмалку се виновни. Кога на дете од ете 5 одделение свесно му помагаш да има 5 а не ја заслужува не очекувај дека некогаш во животот ќе проба да се потруди за нешто, туку ќе си тера така, полесниот начин е секогаш поисплатлив.
     
    _beautyy_, Victorian, sj *O* and 6 others like this.
  2. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Joined:
    Jan 7, 2016
    Messages:
    2,845
    Likes Received:
    17,743
    Gender:
    Female
    Па не знам што е чудно. Реално ретки се тие деца што баш за се ги бива еднакво. Обично децата ги бива за одредени предмети, а за другите се послаби. Овие имале "среќа" да им се паднат математика и македонски јазик. Резултатите се прилично реални.

    1-5 оценувањето не е толку проблем, колку што е проблем тоа форсирање дека треба да се сите петки. Според мене, ако се оценува реално, би имало многу малку петки генерално по секој предмет (да го знае детето материјалот совршено). И тоа е ок. Повеќето ученици би добивале четворки и тројки (солидно и просечно знаење). Неколку ученици би имале и двојки (подпросечно совладан материјал) и по можност ретко да се добиваат единици за несовладан материјал.

    Е сега овде многу двојки и единици извадиле на резултатите, тоа е веќе проблематично. Доаѓа дека малку повеќе од 1/3 од учениците не го совладале добро материјалот. Овој дел конкретно е вина на наставниците. Требало да се потрудат да предадат подобро. Збориме во однос на реалната оцена.
    А делот каде што сите овие всушност имале 5.00 просек е вина на родителите и целото тоа форсирање на совршен просек.

    Ама некако целиот тој менталитет кон петката како оцена е погрешен. Да земеме еден клас од 30 ученици. Ако 15 од нив имаат петка по математика (непоклонета, реална), не значи дека имаме надпросечен клас. Поверојатно е дека материјалот е прелесен штом 50% од класот го совладува совршено. Значи треба да се зголемат барањата за петка.
    Потоа наместо децата да се форсираат да учат предмети кои не им лежат, треба да се насочуваат да учат дополнители материјали од предметите кои им лежат. Со овој менталитет што се стремиме кон петки за децата, испаѓа дека се "казнети" во однос на предметите за кои ги бива. Бидејќи поголем дел од времето се форсираат да го учат предметот кој не им оди, па немаат доволно време да се љубопитни и да истражуваат повеќе за предметот кој го сакаат.
    Им се создава и стрес без потреба на децата. Кога знаат дека нивните соученици имаат 5.00 просек, се чувствуваат дека не се трудат доволно и најчесто се откажуваат комплет од учење. Или па им се создава притисок дека ете, нема да може да се запишат каде што сакаат уште од старт. Ако 5.00 просек е реткост како 1% од цела генерација на ниво на држава, ќе знаат дека со малку повеќе труд по некој предмет ќе бидат доволно конкурентни. Вака ако од старт знаеш дека по предмет Х немаш шанси за петка, ќе си речеш џабе ќе се трудам (еве пример за во Орце од старт знае дека ќе нема шанси).

    Е сега оправдувањава со пандемија, изненада, се малку смешни. Не е проблемот што да речеме 80% не извадиле петки. И четворките, па еве и тројките може да се прифатливи под изговор изненадување и пандемија. Ама што правиме со скоро 24% двојки и 13% единици? Ова се деца кои сите 4 години во основно имале петки по овие предмети.

    Пак ќе повторам. Оценувањето 1-5 не е проблем само по себе. Проблем се критериумите по кои се одредува оцената (читај: од ракав). Треба да се одредат јасни и објективно мерливи критериуми за оценување. Дали ќе се смени нешто? Секако дека не. :D
    Ние бевме првата генерација каде се воведе матурата и не беше пробна. Резултатите беа прилично исти како и ова тестирање. Што се смени? Ги намалија критериумите за наредните генерации да не бидат општа катастрофа како нашата. :D
    Така и ова. Поуката што ќе ја извлечат е да дадат полесни прашања во иднина, ако дојде до иста ситуација како оваа.
     
    Ambitious, Victorian, Ketchup and 5 others like this.
  3. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Joined:
    Apr 24, 2019
    Messages:
    7,852
    Likes Received:
    41,135
    Gender:
    Female
    По три пати има математика, не минимум четири. Исто толку имавме и во четврта по секој предмет од смерот. А да, и спорт. :D
    И нас ни бараа мнооогу математика првите три години, во четврта беше полабава професорката па не се ни трудевме. По распоред според програмата исто така требаше секој ден да имаме дополнителни чаови јазик, значи пет пати неделно, најмногу од сите предмети(секако ги немавме).

    Поентата ми е дека гимназиите не се по автоматизам 'математички', повеќе зависи од тоа какви барања си имаат професорите и на што се фокусираат.

    Друго, мислам дека ова веќе го напишав, ама никој не зема предвид дека оваа генерација изгуби многу со пандемијата, како му доаѓа, мислам дека седмо, осмо им беа онлајн? Како и да е, баш од годините кога се учат најбитните работи за во средно, они најмногу изгубија. Цела вина паѓа врз децата што реално не се ни толку криви.
     
  4. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Joined:
    Jan 7, 2016
    Messages:
    2,845
    Likes Received:
    17,743
    Gender:
    Female
    Вината најмалку паѓа на децата. Тие не си ги ставаат сами оцените.
    Зборуваме за нереални оцени кои и те како се факт. Не дека само овие генерации добиваат нереални оцени. Тоа секогаш го имало.

    Ама некако го скокаш фактот што сите од овие деца имале 5.00 просек. Значи имале петки по математика и македонски јазик сите четири години. Претпоставувам аргументот ти е дека има дале стандардизиран тест за нестандардизирана и потпросечна настава, па затоа имаат слаби резултати. Во ред е тоа, ама друг е проблемот.

    Од вкупно 170 поени, 13% и кусур освоиле помалку од 45 поени. Тоа е само 26% од тестовите да решиле. Овие деца знаат едвај четвртина од материјалот, а добиле петки. Еве и да ги тестирале на материјал за државни натпревари, не ги објаснува процентиве. Би имало јасно одвојување на талентирани деца и скоро сите со некаде просечни поени помеѓу 80-130. Плус некој мал процент под 80, можеби. Помалку од 45 поени е очаен резултат. Нема изговор како тие деца стигнале до петка.
     
  5. Celltica

    Celltica Популарен член

    Joined:
    Jul 15, 2020
    Messages:
    4,240
    Likes Received:
    27,871
    Па да не не завршуваат со врски (одреден број не сите)?
    И не само сега, колку ги има истуркани во медицина пошто пото чии родители се еминентни доктори?
    Не само сега, од кога знам е ова вака.
    Затоа и ти требаат конекции да најдеш добар доктор.
    Скоро и да не знам некој на операција што отишол така кај било кого, секогаш врски фаќаат за колку толку кај некој подобар да завршат.
     
  6. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Joined:
    Apr 24, 2019
    Messages:
    7,852
    Likes Received:
    41,135
    Gender:
    Female
    Еве, првиот коментар што го напишав ќе го цитирам, да не повторувам исто. Апсолутно има поклонети оценки, само не мислам дека тоа е единствениот фактор што влијае на резултатот. Овие две години секако има повеќе поклонети оценки од било кога.
     
  7. Demi_

    Demi_ Активен член

    Joined:
    May 2, 2022
    Messages:
    131
    Likes Received:
    384
    Gender:
    Female
    Не да е пропаст, катастрофа, ама затоа нека штрајкуваат за поголеми плати се гледа колку се потрудиле да ги научат децата.
    И не, не било отсекогаш вака со поклонети оценки, се знаело кој заслужува 5ка и зошто, ама се знаело и дека со греење на столчето се постигнува повисока оценка. Денес, поточно одамна веќе знаеме дека не е така и воглавно знаеме како се дигаат вештачки оценките на крајот од учебната год.
    Па после ќе се чудиме, нема ништо неверојатно. Колку им е понудено како едукација со толку се здобиле. Ама има и др. фактори, обемна тема за дискусија е ова.
     
    supergirlmb, sj *O* and cresa-jagoda like this.
  8. Lella

    Lella Форумски идол

    Joined:
    Jan 2, 2013
    Messages:
    5,335
    Likes Received:
    29,194
    Gender:
    Female
    Не знам како е точно. Јас имав период каде и 7 пати неделно имав математика (различни предмети секако). Зависи од смерот, ама па македонски сум сигурна дека секоја година има четири часа. :D Небитно, нивен избор било што ќе решат да тестираат и по кога логика ќе се водат.

    Оваа конкретна гимназија се фокусира на математика ете. (иако мене впечатокот ми е дека повеќето ако не сите се фокусираат) Нема ништо нефер во тоа да сакаат да направат рангирање баш според тој предмет.

    Не верувам дека ги научиле повеќе отколку што ја научиле твојата генерација пример. Само што сега имаат петки, а тогаш имале единици и двојки (под претпоставка дека тогаш сè било по пропис и немало подарени оценки).
     
    GirlRose likes this.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Joined:
    Apr 27, 2018
    Messages:
    37,714
    Likes Received:
    283,303
    Абе луѓе, отсекогаш се попуштало за оценки.
    Шо од 'ај за бод-два'; шо од фаќање врски; шо без фаќање врски, ама пак татко му/мајко му се доктори/адвокати/пичке си материне; шо пријатели ми се; шо роднини ми се; шо ги знам оти на исто сонце баба му и баба ми ги сушеле гаќите.

    Кај нас се' е про-форма.
    Содржина помалце...
     
  10. tanjita

    tanjita Популарен член

    Joined:
    Jan 25, 2010
    Messages:
    1,347
    Likes Received:
    4,231
    Gender:
    Female
    Мене ми е многу нелогично да има толку многу деца 5,0 ( сите предмети 5ки).
    Јас кога учев основно и средно на прсти се броеја тие со 5,0 просек. А сега? Одлични имаше ученици ама имаа и 4ки. Не беа сите одлични со 5,0 просек.
    Затоа е овој резултат. Детето не е криво, тука ја гледам кривицата во учителите. Погрешна проценка кое дете е за 5, кое е за 4. Затоа постои таа скала од 1 до 5.
     
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Joined:
    Apr 27, 2018
    Messages:
    37,714
    Likes Received:
    283,303
    Не е погрешна проценка.
    Корупција е.

    Секој ден пред кабинети висат родители.
    Секој Ден!
     
    cresa-jagoda, Tammsy and nena2010 like this.
  12. tanjita

    tanjita Популарен член

    Joined:
    Jan 25, 2010
    Messages:
    1,347
    Likes Received:
    4,231
    Gender:
    Female
    И мајка ми може кмишела ама се сеќавам убаво во 7мо физика не ми стави 5ка. Останав со 4ка. Јбг толку знаев.
     
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Joined:
    Sep 9, 2011
    Messages:
    6,953
    Likes Received:
    36,970
    Gender:
    Female
    Се додека се делат нереални и незаслужени оцени за детето да не расипе просек, вака ќе биде |(
    Каков просек, жити се!!! Јас не се сеќавам во мое време да имало еден куп деца со сите петки?! Имаше врски и тогаш, ама ова е претерано бре!!! Затоа и резултатов е ваков каков што е. Сосема е реален и поразителен :(
     
  14. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Joined:
    Dec 12, 2021
    Messages:
    5,895
    Likes Received:
    23,626
    Кај мене не виселе никогаш и ми биле сите 5. Е ама предмети како историја, географија, француски, македонски сум ги бубала пред тест и испрашување оти поинаку не знам како би ја добила таа оценка која за жал би ми расипала просек иако никогаш не ме прашаа колку км е долга Нил.

    А тие предмети што денес ми требаат за струката од тогаш си ги владеев. Ама ако само по тоа имав 5, немаше ни средно ни факс да запишам јер не ме занимаше историја и француски слаба страна ми беше.

    Туку да му отидете на најдобриот хирург во државата да го прашате за делата на Блаже Конески и ако не ги знае, значи ли тоа дека со врски завршил средно и факултет? А збориме одличен хирург е.
     
    Last edited: Jun 23, 2022
  15. Demi_

    Demi_ Активен член

    Joined:
    May 2, 2022
    Messages:
    131
    Likes Received:
    384
    Gender:
    Female
    Пред да ме цитираш и главен фокус да ставиш на дел од мислење, обрни внимание на целото, особено на потцртаното.
    И која генерација сум била никаде не е спомнато, така да задржи се на темата.
    Имаш верување за нешто или не веруваш во нешто сосем ми е во ред, ама да ми натураш со беспотребно цитирање како било или не било во генерација која не е наведена која е, немој, безобразно е.

    Е сега ако те дира дека спомнав штрајк и дека незаслужено бараа покачување за нешто што еве какви резултати дава, незадоволителни, ок, твое право. Ама изјасни се дека тоа ти смета, а не префрлај во сосем споредно нешто.
     
  16. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Joined:
    Jan 6, 2013
    Messages:
    4,859
    Likes Received:
    23,735
    Gender:
    Female
    Абе не е дека нема корупција, ама повеќе е попуштање од самите професори. Еве неколку примери на кои јас сум сведочела или пак искусила: ако детето има повеќе 5ки, му ставаат и други 5ки за да не кварат успех; ако видат многу труд, а сепак резултати за 4ка, ќе му пишат 5ка; ако иде на натпревари во Х област, го сметаат за паметен и заслужен за сите 5ки од сите области, во 9то одделение (и 4та година) сите професори колективното попуштаат и не се строги итн.

    Ова е се резултат на искварениот начин на кој ги гледаме оценките и колку тие вреднуваат едно дете како особа.

    Не се помни материјалот, тестовите биле потешки и придонело до вакви резултати, не знам зошто толку е катастрофа како што стои во насловот мене ми е едноставно логично и ништо повеќе.

    Ниту ми е причина да плукам по образованието (има други причини), а најмалку по децата, ни глупави ни неписмени, најнормални.
     
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Joined:
    Dec 21, 2010
    Messages:
    19,239
    Likes Received:
    124,536
    Gender:
    Female
    Од секогаш во Орце се запишувале деца кои биле капацитети. Порано беше Електро техничко школо и од таму одеа на ЕТФ а сега е гимназија. Ама си задржа критериумите. Е сега децава што не си ги знаат можностите зашто мама и тате им ги местат оценките и оп кикснуваат тоа е друга работа. Многу бре нежни генерацииве. Немој четворка да имаш, готово крај, дебкл. Родителите малку да се олабават во мешањето на работата на наставниците нема да има ваква ситуација. Упикувачи имало од секогаш, ама сега.. Ужас!!
     
  18. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Joined:
    Jan 16, 2014
    Messages:
    5,184
    Likes Received:
    27,374
    Супер за Орце. Ова е почеток.
    За основното образование сите знаеме какво е. Затоа е се неписмено.
     
    Cosmic Girl, sj *O* and cresa-jagoda like this.
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Joined:
    Apr 24, 2019
    Messages:
    7,852
    Likes Received:
    41,135
    Gender:
    Female
    Ама ти си била пма претпоставувам.
    Не знам, јас кога учев до пред три години немав таков впечаток дека како средно сме фокусирани повеќе на математика. Многу професори по други предмети бараа премногу.Ете еден период биологија ми беше постресно од математика.

    Ајде океј ќе речеме и да им бил фокусот на приемниот предметот математика, пак си стојам на тоа дека требало да земат предвид сѐ што се случуваше минативе две-три години. Бидејќи како што кажав цел тој хаос си има свој удел, премногу изгубија децата.

    А да, уште нешто, колку што се сеќавам и во 2019 или 2020 имаше многу пријавени, па ги примија сите, отворија уште една паралелка, без приемен. Е тогаш баш повеќе одговараше еден потежок приемен, кога немаше ковид(или беше почеток), ни толкав прекин на наставата. Оваа генерација е најоштетена, онлајн, штрајкови, итн.
     
    Last edited: Jun 23, 2022
  20. Glowy

    Glowy Популарен член

    Joined:
    Sep 4, 2019
    Messages:
    2,948
    Likes Received:
    6,808
    Gender:
    Female
    Проблемот е многу подлабок и повеќе сегменти опфаќа.

    Учениците најмала вина имаат, учат помалку затоа што се свесни дека на крај пак ќе имаат 5ки. А ќе имаат што ради родителите „Детето да ми е со сите 5ки“, што од наставниците „Ајде да не им расипуваме просек да можат каде сакаат да се запишат“, „Класот/Генерацијата/Училиштето да има јак просек, да покажеме децата знаат“, „Кога на овој со врски му пишав 5ка, сега и на оној ќе му пишам“.
    Се ова води до нереални 5ки, затоа што мора да се има 5ки, мора да се биде 5.00, не е битно дали се знае за толку. Доколку би се пишувале реални оценки и доколку не се пати од комплекс мора по секоја цена сите 5ки, овој проблем нема да се јави.

    Друго важно прашање е колку ни е кадарот добар да ги научи учениците, за тие да имаат соодветно знаење, затоа што ваквите најчесто ќе си напишат 5ки и сите среќни. Да, дете ако сака да научи може и сам, ама ретко кој би седнал ако си знае дека и без учење ќе помине.

    Колку и да не сакаме да прифатиме и пандемијата со онлајнот си го направи своето за оваа генерација, 7мо од март книга не фатија, 8мо онлајн учеа, 9то само се вратија на старо. Година и половина во аут. Ова се минималните последици од онлајн наставата што ќе ги гледаме, допрва онлајнот како бумеранг ќе ни се одрази на сите.

    Е сега во однос на тестирањето два дена пред приемен не е коректно да се каже, за два дена само најосновното може да се повотори и ако си учел редовно низ годините, значи си имал реални оценки, ако си имал пропусти тоа за два дена не се учи. Дали требале да очекуваат приемен, да, веќе неколку години за одредени средни училишта се шпекулира за приемни поради наплив на одлични ученици, а со оглед на тоа што се свесни каде конкурираат треба да очекуваат и таква можност. Затоа во иднина треба да е нагалсено ако бројот е поголем, ќе има приемен, нема да се отвараат нови пралелки.

    Дали се соодветни предметите за примен? Може да се каже дека се, македонски мајчин, математика како најопфатен предмет после македонски во наставата. Сепак во најголем дел од средните во текот на образовниот процес најголемо внимание се посветува на овие два предмета. Можеби пореално би било ако има тест од сите предмети, но мислам ако имаше таков поголем ќе беше дебаклот, а и сите родители уште повеќе ќе се побунеа како за два дена да ги повторат сите предмети. Ја разбирам @Angie1432 и нејзината идеја за приемен, но тоа во државава можеби во далечна иднина би се спровело, не сме стигнати до тој степен на развој, што од прегледувачи, што од испитаници.

    За крај ова со Орце шлаканица беше за сите, ако „најдобрите“ се со вакво знаење, што да се очекува од други рандом средни училишта, да не зборувам ако дојде до приемен на факултетите.
     
    glupsumjbg, sj *O*, Cosmi and 2 others like this.