1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Катастрофа на приемен тест во Орце Николов - Колку петките на учениците се навистина заслужени?

Дискусија во 'Образование' започната од Waverly Raven, 22 јуни 2022.

  1. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    3.812
    Пол:
    Женски
    Не е точно сето ова што го зборуваш, Јас бев одлична, во основно немав просек 5,00. Запишав средна школа што сакав да запишам. Таму имав просек 5,0. И факултет запишав ама имав приемен. И со 5,0 ако немаа доволен број на приемен ги примаа во приватна квота. Ама такви беа ретки ситуации оти во мое време реално се оценуваа, и не беше секој втор со 5,0. Се запишав државна квота и го греев столот и учев, не само за оцена, за мене учев. И мене не ме прашаа за Нил ниту пак ме интересиралло. ама ако не ме интересира историја физика нема да одам гимназија, ќе одам таму кај што ме интересира.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.350
    Допаѓања:
    20.280
    Пол:
    Женски
    Ама во било кое средно школо да идев ќе ми влијаеше оценката по историја рецимо. Збориме дека оценката влијае без разлика ти дали ќе го учиш понатака или не, а не може во све да те бива нели?
    Еве и средно медицина да одев, пак можеше да не ме примат ако имав ниски оцени по историја, музичко, географија без разлика што за природни науки сум топ.

    Поентата е дека не ги интересира колку си гениј во една област, ако во сосем друга имаш лоши оценки ти си лош ученик и точка.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    3.812
    Пол:
    Женски
    Затоа е најпаметно во секое училиште да се примат ученици од секаков ранг. Може тој што основно бил мн.добар или добар во средно ќе отвори ќе биде одличен. Може во основно професорите го деградирале како што вие другиве ги наградувале, па не се истакнал па затоа бил мн.добар и сл ситуации.
     
    На glupsumjbg, sj *O*, nevermet18 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.917
    Така е. Ама затоа треба уште во основно реално оценување.
    Па што е толку болка ако детето не е со сите петки? Родителот да не го сака повеќе? Глупости
    Помала оценка ќе е показател може и мотивација. Ако му оди послабо англиски да си оди на часови плус и слично.
    А, вака со сите петки се прави само штета на самите деца ете како сега ова.
     
    На Bezimenka90, glupsumjbg, sj *O* и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    26.446
    Пол:
    Женски
    Излезе вистината на виделина, прво беше ПИСА (мислам така беше тестот) сега и ова, жива катастрофа се. Не знаат ништо. Кој учи, учи, кој не и со инка да му туриш џабе е. Јас оддамна излегов од образование ама основни познавања на мајчин јазик и математика да не знаеш срамота е. Ум за в година.

    И на факс да го вратат приемниот испит!
     
  6. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.350
    Допаѓања:
    20.280
    Пол:
    Женски
    Ај ме интересира мислење на прашањево што прашав.
     
  7. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    3.812
    Пол:
    Женски
    Чист пример беше со моето дете сега на пола година.
    Пишале дека е второ одд нели описно , одлично разбира делење на парни и не парни броеви. Мое дете е треба да ме гордее, ама јас дома ја гледам дека не ги разбира баш толку одлично. Реагирав, пиши ми како што е. Ако е слаба некаде да поработам, не вака се одлично или солидно.
    Не е во ред во секој случај.
     
    На sj *O*, nevermet18, Glowy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    6.610
    Пол:
    Женски
    Точно е ќе ти влијае и таа оценка затоа што влегува во целокупен просек, ама ако секој ученик има реална оценка за секој предмет, тоа влијание нема да има значење, дека тогаш сите ќе имаат и 4ки и 3ки и 2ки, ќе се запишувате со реално знаење и реални оценки.
    Ама бидејќи ова не е така, ти си се трудела си учела и предметите кои не ти одат од рака и си успеала со учење да имаш 5ка за да можеш да се запишеш тоа што сакаш. Значи пак си учела, си се трудела, си стекнала некакво знаење.
    Ако некој е гениј во некоја област верувај дека се ќе направи за да успее во таа област.
    Во однос на прашањево верувај имаат знаење, не само хирурзи, општо која било професија што е постара генерација, кога вистина се учело, има општи познавања по секој предмет, секој што е повозрасен на форумов ќе ти потврди. Може нема се детално да ти каже, ама основните работи ги знаат, земајќи во предвид дека 10-15 години се поминати од општото школување. Ама основци што тогаш тоа го учат, што им е свежо, срамота е основни познавања да немаат и да добијат 1ци и 2ки особено.
     
    На Orchidea му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.661
    Допаѓања:
    18.296
    Пол:
    Женски
    Од што е писмена подтарата генерација, Го сакам КАМ во поштенско сандаче беше хит со денови. :inlove:
     
    На Bezimenka90, glupsumjbg, fast_and_curious и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.891
    Пол:
    Женски
    Самиот систем на оценување има многу грешки и е далеку од перфектен, а се очекува сите да се приспособат на него. Некој поназад имаше пишано да се укинат оценкиве како што ги знаеме, сосема се согласувам, не ни се потребни оценки во основно и средно.
    Вака има многу повеќе недостатоци отколку придобивки, непотребен притисок врз учениците и непотребни натпревари за најдобри оценки, препознавањето на потенцијалите кај децата е ретко, сите се ставени во ист ќош и се вреднуваат според измислени бројки.Најчесто и лошите оценки се демотивирачки и тие ученици комплетно го замразуваат учењето. Искрено јас бев од тие што нон стоп беа 5.00 и малку со презир гледав на другите послаби, ама сега сфаќам дека сум била ептен мнооогу неправедна.
     
    Последна измена: 23 јуни 2022
    На sj *O*, Mantub, Munchmallow20 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.350
    Допаѓања:
    20.280
    Пол:
    Женски
    Мене поентата ми беше дали ако ете не му текне за делата на Блаже Конески, а е одличен хирург дали тоа значи дека оцената ја добил на поклон или не.
    А за општи познавања дека имаат баш и не знам. Пола од повозрасниве немаат појма дека кандидијаза НЕ се добива само преку секс туку и нормално ја има кандидата во телото. А жени што 20/30+ години имаат циклус.
    Или ако се сеќаваш една анкета имаше Дали треба децата да учат арапски броеви. Ќе се изненадиш колку повозрасни немаа појма што се арапски броеви.
    Или бисерите за вакцини, вируси, општо здравје кои ги слушаме секој ден.
     
    На MilaSs12, sj *O* и nevermet18 им се допаѓа ова.
  12. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.350
    Допаѓања:
    20.280
    Пол:
    Женски
    Don't forget Сакам да какам на зелена шоља:D:rofl:
     
    На fast_and_curious, Angie1432, MilaSs12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    6.610
    Пол:
    Женски
    Зборував за луѓе што учеле и имаат знаење, и порано имало слаби ученици што едвај основно завршувале, ама не зборував за нив. Сега таквите во денешно време се со успех одличен или многу добар, во краен случај добар.
    Не се генерализира се што е напишано.
    Еве и ако не знае, не можам да ја оспорам оценката. Зошто? Бидејќи се поминати минимум 15-20 години (конкретно за одличен хирург ти треба време) од учењето за Блаже и може да не знае, едноставно веќе нема допир со тој материјал, може заборавил. Ама да, ќе ја оспорам 5ката на полуматурант, кој пред неколку месеци учел за Блаже.
    Не знаат дека не се обрнувало биологија внимание на тоа, затоа треба да има ссо во училиштата, затоа што ни сега на биологија не обрнуваат внимание на такви работи.
    Анкетата ја одговараа млади луѓе околу 20-25 години ако се сеќаваш, пак на нас малдината се сведува.
    А и не е релевантна, немаме приказ колку луѓе се прашани, која возраст, кој степен на образование, колку биле запознаени, колку не. Видео е само може само тие не знаеле што се на видеото и ги ставиле за да е исмевање.
    Пишав и погоре не сите повозрасни се генијалци и таму имало слаби ученици, само не биле со 5ки и биле свесни за своето незнаење.
     
    На Lianna Anna, Srckata28 и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  14. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.945
    Пол:
    Женски
    :^) :^) :^)
    Затоа 90% од високообразованиве академски граѓани се неписмени, пошо сегашново образование е супер, ама постарите не чинат :rock:
    Плус, постарите генерации не биле 50+% скроз одлични ;) Имавме одлични ученици со четворки, тројки, па дури и со двојки :o Имаше многу и многу добри, добри итн... И добар дел од нив се пописмени од сегашниве скроз одлични ученици. Да се чудиш зошто е така. А и тогашното образование не чинеше, сега ова е божесачувај :x
    Ова сега нова мода е со скроз одлични. Дали е од амбициите на родителите, дали од критериумите кои ги поставуват гимназиите, не знам, ама во секој случај не е добро :x
     
    На nena2010, Orchidea и sj *O* им се допаѓа ова.
  15. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.350
    Допаѓања:
    20.280
    Пол:
    Женски
    Значи пак се сведува на тоа дека ова било тест на памтење, а не на општо знаење. Ако детето треба да знае по 3 месеци, треба и хирургот по 15 години. Ако збориме за знаење.
     
  16. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Баш така... покасно во животот кога се фокусираш на одредена професија, учиш и се надоградуваш на одредени теми и области, мозокот полека полека ги "трга" или потиснува старите информации, за да може да се надополни со нови. Образована личност која ги имала сите 5ки, по 20 години не се очекува да памти се, но да има основни познавања, писменост, да знае кој бил Блаже Конески, ама не и да може да кажува детали за него. И тоа е во ред. Но како што кажа, одлични ученици од основно кои учеле скоро би требало да знаат, затоа што сеуште не се насочени кон особена област. Хирургот нема да знае да го цитира Блаже Конески, но што ако заборави кај се наоѓа слепото црево за кое учел толку многу? Тогаш би рекле дека хирургот не научил како што треба, исто како што ученициве не памтат материја скоро учена за која имале 5ка.
     
    На Orchidea, sj *O* и Glowy им се допаѓа ова.
  17. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    6.610
    Пол:
    Женски
    За тебе исто е поминат материјал пред 15 години и пред 3 месеци?
    Тестирани се математика и македонски, мајчин јазик, не се тестирани историја па не паметеле години. Основно образовни предмети.
    Нормално е нешто после години ако не го учиш да ти избледи, ама сепак нешто основно ќе ти остани, пример таблица множење колку и да не користиш математика ќе ја паметиш цел живот, ама па ако не решаваш интерграли секој ден, нема после 15 години да ги паметиш, ама ако си ги научил убаво пред 15 години, со неколку примери ќе се сетиш на постапката.
     
    На Bezimenka90 и ani23 им се допаѓа ова.
  18. Anah

    Anah Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    1.379
    Пол:
    Женски
    Сето знаење се сведува на памтење, мора да ја запамтиш информацијата за да ја знаеш.
     
    На fast_and_curious му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.350
    Допаѓања:
    20.280
    Пол:
    Женски
    Јас и по два дена заборавам ако е само набубано на памет.
    Едит
    Имав предмет на факултет кој само со учење напамет се учеше. Положив со крајни маки и после некој ден толку беше
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.661
    Допаѓања:
    18.296
    Пол:
    Женски
    :x Го заборавив ама убаво што ми ја врати меморијата...
    И денес има одлични ученици. Некои од вас сакаат да направат цели генерации неписмени. Како што сега има ученици и ученици и порано имало такви.
    Ти збориш за оценки јас зборам за знаење. Доаѓаме на истото дека кој е неписмен ке исплива на површина.
    Со врски и порано имало неписмени а одлични па и факултет завршувале и добри позиции земале. И денес е исто кај што работи партија, а каде што пали знаење не ни бараат оценки. Затоа денес кој е способен си успева во животот, порано деца на работичка класа често биле и неправедно оценувани со 3ки и 4ки за да некој добие 5ка.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.