1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Катастрофа на приемен тест во Орце Николов - Колку петките на учениците се навистина заслужени?

Дискусија во 'Образование' започната од Waverly Raven, 22 јуни 2022.

  1. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Има такви предмети... математика и македонски не се такви!
     
  2. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    6.610
    Пол:
    Женски
    Нормално дека има и сега одлични што имаат знаење, што учеле и што со труд си заработиле оценки.
    Нема цели генерации писмени или неписмени, секогаш има од се по нешто, само што порано се гледала разликата во оценки, а сега се покажува на оценки дека сите се супер, и тие што знаат и не знаат се на исто ниво, па после имаш вакво тестирање и се излегува на површина.
     
    На mode-kristina, Bezimenka90, Victorian и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Порано се користело тепање од страна на наставниците и децата повторувале второ, трето одделение, нешто што никаде во свет го нема зошто се смета дека ако толку мало дете не научило значи не му е посветено доволно внимание и се отфрлиле тие застарени методи и оценките воопшто не биле показател на знаењето и способностите на децата.
    И порано имаше врски и порано имаше поклонување оценки и порано имаше малтретирање од страна на наставници и редење помали оценки од инает.
    Не знам зошто се романтизира нешто што во никој случај не било подобро од сега, особено ако сте генерација што не живеела во тоа порано.
    Колку и да е лошо сега, полошо од порано не е
     
    На mode-kristina, Bezimenka90, Glowy и 5 други им се допаѓа ова.
  4. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.661
    Допаѓања:
    18.296
    Пол:
    Женски
    Кое исто ниво? Порано имало лажно ниски оценки за да битните излезат на површина. И да можат да се вработат на државно. ;)
    Плус и денеска се гледа разликата. Се гледа кој е со врски и партиски, кој работи и вреди неговото знаење итн.
    Во оваа држава никогаш нема да се сите деца на исто ниво.
     
    На supergirlmb му/ѝ се допаѓа ова.
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.114
    Допаѓања:
    112.707
    Пол:
    Женски
    Јас имав и приемен за во средно кога математика ни ја поништија па полагавме два пати имав 15 години, сама одев ни мама ни тато, со документите другарките и одевме да полагаме, после 4 години и матура полагав, и приемен за на факс и за 0.02 бода не влегов во државна квота, туку годината беше 1000 евра или 2000 марки. И ете ме и мене и цела моја генерација живи здрави. Сега сите се на факс, сите можат да имаат 5тки, секој втор магистер. И јас би да се вратат и на факс и во средно приемни испити.
     
    На Cosmic Girl и ani23 им се допаѓа ова.
  6. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.661
    Допаѓања:
    18.296
    Пол:
    Женски
    Џабе. Тоа е системска грешка да се полни буџет.
    Затоа со факултет работат по продавници или седат дома затоа што се магистри. На ниедна држава не и треба толку економисти правници учителки. Кој си е со врски ке се вработи, кој не не, и така во круг.
    Знам и од твоето време завршени што седат дома, така да не ти значи дипломата ништо.
     
  7. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.828
    И затоа треба ограничување на квотите според потреба и приемни испити за секој факултет. Па нека завршат најдобрите, а не ојлевци и дојлевци.
     
    На mode-kristina, sj *O*, Bezimenka90 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    6.610
    Пол:
    Женски
    Ниту таа крајност била во ред, ниту оваа е во ред.
    И порано имало врски и се, ама не е како сега, не се патело толку сите да се 5ки кај скоро секое дете и масовно да се прават притисоци за поправање оценка.
    Муабетот ми е имало деца и со пониски оценки и немале сите 5ки, сега се од ред се 5ки, мислиш сите деца генијалци, а во реалност не добиваш впечаток дека е баш така.
     
    На mode-kristina, sj *O*, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.661
    Допаѓања:
    18.296
    Пол:
    Женски
    Треба многу промени. Од самата замисла за образование, што се учи, како се учи, итн.
    Немам верба дека и приемни ке сменат нешто. Мои најглупи колеги и колешки завршија и земаа добри работни позиции со висока плата стартна.
    Цел систем е трул.
    Можам да кажам дека последни неколку години матурата е препишана 99%.
     
    На sj *O*, Bezimenka90 и Angie1432 им се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.114
    Допаѓања:
    112.707
    Пол:
    Женски
    Е видиш мене дипломата ми помогна многу. 20 години кариера. А ако ти не си завршила факс од икс причини сега теши се дека диплома не значи ништо.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.661
    Допаѓања:
    18.296
    Пол:
    Женски
    Знаеме за тебе дека си успешна. 8)

    Многу е битно што си постигнала со таа кариера, колкав напредок имаш за тие години, дали со и без факултет платата би ти била иста или воопшто не може без факултет, дали си експерт во областа и добиваш нови понуди за повисока плата, колку % ти е качена платата, дали можеш да оставиш работа денес и веднаш да најдеш нова, итн.
     
    На glupsumjbg му/ѝ се допаѓа ова.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.114
    Допаѓања:
    112.707
    Пол:
    Женски
    Можам се. Затоа не скокај многу. И не сум во државна фирма.Не се теши многу дипломата не е битна. Да, не е битна сега, зашто се штанцаат лажни дипломи, се купуваат на ангро. Ама знаењето никој не ти го зема. Никој не рече дека секој треба да оди на факс. Ама дека образованието генерално ни е на 0 е непобитен факт. Ова со Орце само го покажа тоа што сите го знаевме.
     
    На Cosmic Girl, sj *O*, ElenaOfRivendell и 3 други им се допаѓа ова.
  13. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    709
    Допаѓања:
    842
    Пол:
    Женски
    Sto e toa kariera da se vrabotis po struka ili da zemas mimum 1000 evra plata?
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.661
    Допаѓања:
    18.296
    Пол:
    Женски
    Ех сега, што се налути. Потврдувам дека си семоќна. Си имаш нешто свое, никој не ти купува улошки, имаш кариера од 20 години, во секоја прилика се возвишуваш. Ама јас немам комплекс што не завршив факултет, иако е во игра сеуште, немам ни други комплекси, ама добро.
    Значи ти кога студираше тогаш дипломите имале вредност, денес не. Интересен заклучок.
    Само да ти доловам кариера и кариера. Инаш луѓе кои се вработени како правни лица во сметководствено биро и пишуваат купопродажни договори за продажба на автомобили. Имаш правници кои бранат интереси на клиенти во бракоразводни парници, делба на имот итн. И на двете места имаш криера од 20 години ама не е исто.
    Спореди ги Јелена Карлеуша и Томашевиќ. Тоа е тоа.
    1000 евра за мене.
     
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.114
    Допаѓања:
    112.707
    Пол:
    Женски
    Имаш право. Се е во парите. За жал. Ние постарите генерации растевме во поинакви услови. Времињата се сменати.
    А за Орце.. Јас се кладам дека врскаџиите и со 1 на приемниов веќе се примени и само отишле проформа.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.945
    Пол:
    Женски
    Ај, кажи ми во тоа поранешно време дали над 50% беа скроз одлични?
    Јас не го глорифицирам ниту пак романтизирам поранешното образование, напротив.... меѓутоа дека ова сегашново е подобро не е! Не може скроз одлични да немаат основно познавање од граматика, дај не зезај!!!
     
    На Victorian и nena2010 им се допаѓа ова.
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.114
    Допаѓања:
    112.707
    Пол:
    Женски
    Да е само граматика. Ни авторитет немаат наставниците веќе ни ништо.
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Во право е членката, порано многу потешко се стигнуваше до диплома, сега веќе секој ја има. Ете со приватните факултети, буквално само плаќаш и добиваш диплома.
     
    На sj *O*, Emotional123, Glowy и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    1.010
    Допаѓања:
    5.728
    Пол:
    Женски
    Правно лице како термин се однесува за фирма, лицето кое занимава/работи со право се вика правник.

    Оваа разлика Астеруд ни ја потенцираше на прв час „Вовед во право“, речиси 10 години од тогаш уште ја знам, а воопшто не се занимавам со право. Покрај ова денес, после 15 години, можам да ги изрецитирам Ленка, Везилка, Њутновите закони или главните градови во Европа, кој е автор на Илијадата и дејството на Одисеја... (F**k I am old).

    Воопшто не се согласувам дека учениците треба да се насочуваат само за тоа што „ги бива“. Некои работи треба да ги знаеш од „општа култура“, не мора да те бива за нив.

    Не може ученик со 5.00 просек да добие единица, колку и да било ненајавено. Ако си учел нешто навистина, и после 10-20 години ќе го знаеш.

    Main point:
    Потребни се коренити промени во образовниот систем, од кадрите, начинот на вработување, материјалите и начинот на оценување без политиката да биде вмешана.

    Се додека бркаме оцена, а не знаење ќе си патиме :)
     
    На Cosmic Girl, Kom.pot, sj *O* и 3 други им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Вака е со децении бе луѓе.
    Толку сме кадарни.

    Не се децата криви, ние сме.
    Ние им го напрајвме системот ваков.
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.