1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Катастрофа на приемен тест во Орце Николов - Колку петките на учениците се навистина заслужени?

Дискусија во 'Образование' започната од Waverly Raven, 22 јуни 2022.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Татко ми, Бог да го прости беше професор на времето.
    Ни имаше речено: Јас имав петки, оти учев. Ако сакате и вие петки, учете.

    То е едно од најдобрите школи што сум ги добила.
    Иако не сум официјално образована, в гла ми е влезено, дека јас растам кога учам.
    Никој друг.

    Епа сеа да не глумиме 'изненадени' и да бараме виновници во сите други, освен во себе си.
     
    На JoyJoy, daylight, Anne Boleyn и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.891
    Пол:
    Женски
    Првпат има приемен во Орце. Не знам порано како било, последниве години немаше приемен.
    Требаше да има лани/прелани ама направија плус паралелка наместо приемен. Секако пологично беше тогаш да има наместо сега.
     
    Последна измена: 24 јуни 2022
    На Glowy и andrejko82 им се допаѓа ова.
  3. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.350
    Допаѓања:
    20.280
    Пол:
    Женски
    Ама не знам што сте запнале мама, тато и врски
    Не е до врските и мама и тато. Туку што многу од учениците учат само колку да запамтат за тестот оти оценката ќе им ја гледаат понатаму за сите предмети, не колку го бива во една област. Некогаш сум разбрала математика, сум имала 5ки. Еве сега нема да ми текнат сите формули за геометрија, задачи за компаративност или тригонометрија или уатевр, јер нажалост ми било битно само за тогаш да научам, не зашо мама и тато ми фаќале врски.
    И сум си вадела и живци да го научам солидно и гес уат? Пак по неколку дена ќе го заборавам. Не уживам во сѐ да учам.

    И патем Орце како гимназија е преценета.
     
    На Sunflower134, riba79, Srckata28 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    1.010
    Допаѓања:
    5.728
    Пол:
    Женски
    Децата треба да разберат дека не треба да учат за оценка, туку за да знаат.

    Вистинскиот свет започнува после училиштето.
    Дури и да ги примаат поради тоа што ги имаат сите 5.00/10.00, оценките не работат.
    Личноста работи со тоа што го научила до тогаш (и она што го учи на работата).

    Ако немаш знаење џабе ти се оценките, како што видовме во случајот.

    Денес за работа во некои компании мора прво да поминеш тест па после врз основа на тестот се оди на интервју... тогаш не знам дали корона/стрес/штрајк ќе поминат како изговори :)
     
    На JoyJoy, nevermet18, mode-kristina и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.703
    Пол:
    Женски
    Ама се додека е системот поставен дека за упис (средно,факултет) се потребни оценки,а не приемен тест на знаење, ке бидат битни оценките, и ке се учи за оценка и ке бркаат врски и сл.
     
    На nevermet18, FridaodaMk, Cosmic Girl и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    1.010
    Допаѓања:
    5.728
    Пол:
    Женски
    Затоа пишав претходно дека ни се потребни промени од корен во системот.
     
    На fast_and_curious, Demi_, Elenpelen и 2 други им се допаѓа ова.
  7. glupsumjbg

    glupsumjbg Активен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2022
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Машки
    Точно така но со исклучоци за пример ќе ја земам мојата наставничка по Хемија која не ни предаваше само ќе кажеше страна на лекцијата и ние самите пишувавме 30 минути НАШ ПЛАН за часот последните 10 мин решававме вежби кој сфатил сфатил кој не нема ... Ако не си разјаснував лекцијата дома односно сам пак да си учам немаше да имам 5 Хемија ја сакам Хемијата но Наставнкчката што ми предаваше мислам дека згрешила работно место
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. glupsumjbg

    glupsumjbg Активен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2022
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Машки
    Според мене во гимназиите треба да има таканаречен општ тест од 5-6 предмет кој би бил заоснован на 100 бода и од секој предмет по 20-15 бода пример предмети(МАкедонски,Математика,Биологија,Физика,Хемија,Граѓанско)
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  9. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    И ја би го рекла истото. Од збор до збор си у право.
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.394
    Пол:
    Женски
    Леле ме изнасмеа! :D
    Немам што да замислам јас го поминав тоа. Исто и 99% од мојата генерација што заврши факултет.
    Ќе учиш ко луд, ете како!
    Како некој што се запишувал на факултет во 90-те еве ќе ти кажам дека тогаш само со реален успех и можеше да се запишеш на факс во квотата без партиципација. И бараше сериозно учење во средно, висок просек за старт и сериозно учење за приемен за да добиеш максимум поени на приемен.
    Врски имало секогаш ама тоа биле многу, многу мал процент.
    Само ако имаш чичко владика..
    Немаше тогаш приватни факултети. Штуловиот го отворија додека студирав ама не беше признаен како установа и дури откако дипломирав ги признаа тие дипломи.
    Не можеше да си купиш диплома.
    Значи опцијата беше државен универзитет во квота без партиципација или вон неа со партиципација.
    На испит пријавени 200 кандидати (на популарни факултети беа и повеќе) од кои 100 се со 5.00, а само најдобрите 20 влегуваат без плаќање. И примаа +10 најдобри кандидати од друга националност. 30 вкупно значи за без партиципација.

    Значи од старт мора да имаш просек 5.00 и максимални поени на приемен. Се полагаше стручен и општобразовен испит. Во општиот испит имаше 50 прашања од македонски и право. Стручниот беше различен за различен факултет и во мојот случај беа 100 прашања.
    Имав 5.00 ама тоа беше само старт а не гаранција.
    За приемен испит се убив од учење цел месец пред него. Ми беше најтешкото нешто што го учев дотогаш во мојот живот, не затоа што беше за мене тежок материјалот, туку затоа што чувствував голем притисок да влезам во квотата.
    На брат ми, кој веќе беше студент на електро, кога му го кажав ова, ми се изнасмеа дека тоа ќе ми биде најлесниот испит што некогаш ќе го полагам на факултетот и дека допрва ќе треба да загреам стол.
    На приемен положив со 2 поени помалку од просекот. Мислев дека нема шанси да влезам во квотата. Дека сите скроз одлични ќе бидат со максимум поени на приемен.
    Ама кога ја објавија ранг листата, испадна дека добар дел од другите со 5.00 потфрлиле на приемниот испит. И тоа најмногу на општобразовниот изгубиле поени. И јас влегов во првите 10.
    Не дека тоа беа деца што не учеле за петките.. повеќе беше до недоволно учење за приемен. Сите тогаш вадеа некој муабет дека е тоа полесниот дел од испитот и се тресеа за стручниот и мислам дека тука згрешија, повеќето го потценија.

    Само ќе кажам дека добро смислен систем на тестирање може да даде посакуван резултат. Односно да ги селектира оние кои се за таму од оние кои не се. Тоа е поентата на тестирањето.
    Овој систем каков-таков ама испадна дека бил успешен. Зошто сите што влегоа без партиципација и добар дел од тие што влегоа со повисоки поени на испит (било во квота или надвор од неа) завршија факултет со добар просек. Повеќе од пола од запишаните не ги завршија студиите особено оние што влегоа со послаби бодови.
     
    На JoyJoy, Cosmi, mode-kristina и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.394
    Пол:
    Женски
    Јас сум за тоа да се воведе систем на професионална ориентација кој ќе започне од основно образование. Значи да се следи успехот на секој ученик преку оценки, тестови од повеќе предмети и да се насочува со советување. Точките на проверка да бидат повеќе и во тек на образованието.
    Тоа значи тестирање еднаш на крај на седмо, па еднаш после втора средно на пример.
    Со тоа што овие тестови би биле без потреба од претходна подготовка на учениците за да се добие реално претстава што му лежи повеќе. Детето да се советува да продолжи во правец за кој дотогаш покажал успех.

    Приемни испити за средно образование и за факултет мислам дека треба да има, ама најавени и организирани.
     
    На JoyJoy, nevermet18, sj *O* и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.394
    Пол:
    Женски
    Инаку за слабото знаење на децата воопшто не се чудам.
    Се изнагледав секакви наставници додека моиве две деца проаѓаат низ средно и основно.
    За наставниците ова би го сумирала:
    Пола (што не е малку) од нив место со децата се занимаваат со политика. Тераат политика преку децата. На штета на децата нормално.
    Дел не се политичари ама не се ни педагози. Имаат стручно знаење ама не знаат да го пренесат добро.
    Некои имаат квалификации ама им фали да се усовршуваат, да се обучуваат, не се носат со децата.
    Некои ги мрзи да работат, ништо не предаваат ништо не објаснуваат, не се ни присутни на настава. Само кога треба да се оценат ќе им дадат тест и ќе им мачкаат слаби.
    Некои имаат лични психички проблеми и фрустрации заради кои буквално трпат и децата.
    Некои наставници се оптеретени со тоа да задржат имиџ на авторитет и се престроги кон децата, ги научуваат, ама тоа учење е со негативен емотивен контекст за детето. Така да кај некои деца ствара обратен ефект , страв, револт и одбивност од предметот.
    Некои со другите наставници се во натпреварувачки однос и во меѓусебните односи ги користат децата или во најмала рака ги оптеретуваат нив со информации за нивните меѓусебни релации. Тие работи децата не треба да ги интересираат.

    И конечно има еден мал дел прекрасни наставници кои не само што ги научуваат туку имаат воспоставено со учениците и убав однос. Индивидуален однос имаат кон ученикот. Со нив процветуваат децава. Се вложуваат целосно за да ги научат нешто повеќе. Работат прекувремено и не жалат труд и време за да детето постигне максимум. И верувајте и тие се оштетени од другиве колеги, не само децата.
     
    Последна измена: 25 јуни 2022
    На JoyJoy, Glowy, sj *O* и 6 други им се допаѓа ова.
  13. glupsumjbg

    glupsumjbg Активен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2022
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Машки
    Вистина е ова што се збори за Корчагин дека 100 тина деца сакале да отпишат ???
     
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.114
    Допаѓања:
    112.707
    Пол:
    Женски
    Прв пат останале празни места во Корчагин после прв уписен рок. А за ова не знам.
     
  15. Волкот

    Волкот Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2022
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    139
    На времето во 5 то одделение се понављаваше ако не те бива,подеднакво и во шесто,седмо и осмо.

    Средно имаше до 5 ученици во клас максимум одлични, од кои само 1 или 2 ца скроз.

    И во најјаките гимназии се паѓаше година и се идеше на полагање.

    Сега...сите петки сите одлични.

    И тие оценки што се добиени на приемниот се нереални.Верувам дека се попуштало ради врски
     
    На Victorian и Elenpelen им се допаѓа ова.
  16. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    А каква е состојбата низ другите скопски гимназии во тој поглед?
     
  17. Elenpelen

    Elenpelen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    928
    Пол:
    Женски
    Многу добро памтам дека уште во второ одделение се оставаа 4ки во свидетелство, сега е незамисливо. И пак ќе кажам дека даалеку беше од добро и тогаш, ама место да се работи на подобрување, се оди на затупување, величање лажни вредности и така.
     
    На Волкот му/ѝ се допаѓа ова.
  18. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    734
    Допаѓања:
    2.485
    Пол:
    Женски
    1.Да се смени програма. Кембирџ веќе на ништо не личи, ептен лошо и неразбирливо објаснето.
    2.Да се направи 'чистка' на наставен кадар. Пола од моите професори во основно не го заслужуваа местото, нити предаваа нити па се трудеа ние да научиме.
    3.Појдете од себе и тие околу Вас. Не ги учете децата да добиваат сè во раце, мора да научат ако сакаат нешто да се борат. Не им помагате со тоа што преговарате за оценки.
     
    На nevermet18, glupsumjbg, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  19. glupsumjbg

    glupsumjbg Активен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2022
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Машки
    Кембриџ е најлошото нешто што е додадено во образованието но според мене ова за кембриџот е веќе друга тема , ако збориме за приемниот тест тој може да се заоснова на повеќе факти како на пример 1. Не заслужена оцена/подмитени оценки
    2. Не заентересираните наставници/Не образувани
    3. Стрес и Страв
    4. Тежина на тестот



    5. Исто така и година со онлајн настава и штрајк на наставниците НО ако тие ученици имале 5,00 значи дека не им пречело тоа.
     
    На sj *O* и tel-ef им се допаѓа ова.
  20. JustBeautiful

    JustBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски