@blonde_supergirl Ако веќе планираш да одиш на север ти ја препорачувам дефинитивно Виена. За мене лично нема поубав град во Европа од Виена. Богат со култура, традиција и родно место на премногу интелектуалци. И неверојатно чист град. Ова е малку надвор од темата ама чисто како препорака.
+++ Прво ми е план Романија со се Трансилванија, замокот на Дракула, Црната Црква и понатаму. Потоа Париз и Виена. Имам слушнато преубави работи за нив, ете сеа и ти спомна. Дефинитивно, о да!!
Буквално каде и да појдеш нема да погрешиш, верувај И мене ми е во план Bran's castle во Романија, иако не е однадвор наизглед нешто посебно грандиозен, сепак има нешто привлечно во него, а и неколку низ Германија ми имаат фатено око. Јас лично на секој што го познавам и не го познавам му велам барем еднаш во живот да ја посети Прага Не е толку гласна и честа мета за туристи како, да речеме, Париз, или Венеција, или Виена, но е неопислив бисер од град. Дури можам и досадна да станам, но толку е прекрасен, стар, полн со историја, митови, легенди, знаменистости вредни за посетување, нешта вредни за искусување... и ако почнам да раскажувам што сѐ ме привлече во врска со Прага, освен катедралата, ќе ни треба цела нова тема само за тоа
@MagsDestiny св.Стефан-Загреб ја имаш сликано? Ако е таа еве јас како сум ја сликала Загребската катедрала. Навистина е огромна внатре и има едно посебно чувство на ситност,малечкост што те обзема. Друга катедрала што ми оставила впечаток е катдралата во Минхен. И се разбира најомилена ми е Нотр-Дам.Оддамна не сум ја посетила,може треба.
Да, ја заборавив и Прага. Моја братучетка имаше појдено таму, и нејзе и се бендиса. Ах таа стара убава архитектура... За Романија Магс Дестини има многу поволни аранжмани по агенцииве. Париз сакам поради Дизниленд и Богородичната Црква, и јас досадна сум, ама ми се свиѓа, многу!! Ќе рашетам, си ветив.
Париз е преубаво,едно лето останав на студенстка размена оддамна,си шетав си разгледував,толку е некако вонвременско. За Прага и јас сум заинтересирана да ја видам не за џабе мал Париз ја викаат златна Прага.
Ајде, трета убавина од мене. Катедрала позната како Aachener Dom. Инаку катедралава е градена во три стила: каролингиски, отонински и готски. Катедралата е една од најстарите во Европа и ктиторот е Карло Велики: @blonde_supergirl , @Rama Бонус: византиска икона од 11 век:
Да . Таму има музеј. И во тој музеј се наоѓа богатството што го поседувал Карло Велики. Не цело ама голем дел.
@blonde_supergirl, а дали си чула за костурницата Седлек во Чешка? Тоа е всушност католичка капела која се наоѓа во склоп на Црквата на Сите Светци, која пак се наоѓа, surprise surprise - на гробиштата во Kutná Hora Внатрешноста на капелата е цела украсена - ѕидови, лустери, столбови итн. - со човечки коски. Се проценува дека се инкорпорирани меѓу 40 и 70.000 човечки костури, од луѓе кои загинале од чумата и војните во тој регион во текот на XIII. и XIV. век, а кои откако снемало гробно место останките им биле откопани и пренаменети. Можеби ќе ти биде интересно да ја погледнеш бидејќи е навистина несекојдневна глетка, па можеби и ќе ти се најде на go to листата - на мојата веќе е Спојлер: слики
Дефинитивно то го !! А дали има некое значење позади нивниот начин на изградба (со коски)? Од духовен аскект мислам. Ај ќе прогуглам да видам.
Катедралата Света Сесилија во Алби, Франција. Првобитно таму имало скромна црква од 4.век која што изгорела во прилично симболична година, имено во 666 година за да подоцна на нејзино место осамне храм на Катарите, сектата која ја прославија Кочо Рацин и Ден Браун Католиците организирале крстоносна војна во 13.век против своите христијански соверници од катарска вероисповед, позната по легендарното мото на нивниот лидер Арно Амари кој кога бил запрашан кои катари да се убијат а кои да бидат поштедени, лаконски одговорил - "Убијте ги сите, Бог ќе ги препознае праведните"... и така на местото на геноцидот и рушевините била подигната катедралата, највисоката структура од цигла на светот. Наводно после враќањето од светата земја и тамошните крстоносни војни, едно чудно здружение на лица склони кон верски авантуризам донело некои интересни предметчиња меѓу кои и наводниот приемник/предавател кон сигнали од паралелна димензија наречен Бафомет кои биле скриени во оваа катедрала
Од духовен аспект сигурно дека нема. Барем ова знам кога станува збор за религија. Може и да сум грешка. Католичката црква на хартија ова го забранува мислам, е сега реалноста знае да изгледа малку поинаку зошто вакви работи има и во православната христијанска религија. Треба да знаеш дека огромен број на светци во православната религија и голем број на обичаи се всушност превземени од обичаите кои ги негувале Словените на овие простори и се пагански. Само што да речеме православната религија ги превзела овие работи и ги инкорпорирала во религијата бидејќи била немоќна црквата да го искорени тоа кај народот. А инаку кога станува збор за обожување на пагански божества и ред други работи дефинитивно „хард-кор“ биле Западните Словени. Тие дури и успеале за разлика од Јужните Словени на пример да изградат доста пагански светилишта посветени на разноразни божества и формирале доста култови и католичката црква била долго време немоќна тоа да го искорени целосно. Причината е: пружале премногу долго време отпор, за разлика од Јужните Словени.
Нема никакво посебно духовно значење, едноставно снемало гробно место кон крајот на XIX. век, па останките биле откопани и првично сместени заедно на куп, а потоа еден од свештениците, колку што ми е познато, ги употребил за да го направи ова. Всушност, ова и не е единствена костурница, има уште 5-6 други низ разни земји
Мал оф-топик Нешто ми текнува имаше некои објекти градени стриктно од черепи, мислам дека се работи за автентичен отомански архитектонски израз но не сум сигурен...