Омилена ми е таа во Прага. St. Vito. Прекрасна катедрала кога ќе влезеш те обзема чувство на смиреност. Во текот на турата повеќето излегоа од катедралата побрзо, јас сакав да седам до крај. Баш би сакала на миса да останам некогаш.
Хммм, на балканските простори? Јас ова го напишав зошто имав на факс еден предмет кој се занимаваше со вакви работи и нешто ми останало во главата. А за ова ме заинтересира искрено. Имаш нешто повеќе информации??
Спојлер: Ćele kula Во Србија се наоѓало, биле потребни 15.000 черепи за изградба на овој репрезентативен објект
Интересно. Фала ти. Сега прочитав повеќе. Турциве дефинитивно биле дивјаци. Јас за ова првпат читам искрено. Да изградиш кула од черепи и коски на бунтовниците е крајно варварски и дивјачки според мене.
Не е стриктно отомански израз, како што кажа Ружа, туку во 1809. година имало обид за српско востание против турците, и тогаш еден турски генерал собрал околу 1000 черепи и ја изградил кулата во близина на Ниш. Денес се мислам дека скоро сите (ако не и сите) черепи тргнати оттаму. Всушност, ова е добар пример за тоа што сѐ може да биде употребено како ужасно предупредување кон непријателот во војна, без разлика на завојуваните нации, и не е ништо помалку ни повеќе непријатно од тоа кога телата им ги оставале набодени на копја на бојното поле, на пример
Заборавив да додадам дека во мојот град (Windsor, Ontario) има една прекрасна катедрала наречена Our Lady of the Assumption - оригинално најстарата континуирана парохија во Онтарио.
Не видов некој да ја спомнал мојата омилена катедрала - Santa Maria del Fiore, во Фиренца. Има огромна купола. Прекрасна градба, омилена ми е.
@+++ Да, а и имам познавање од латинскиот јазик. Latin: salve regina mater misericordiae vita dulcedo et spes nostra salve English: Hail Holy Queen Mother of mercy, life, our sweetness and our hope
@Mishela Во раната ренесанса била почната градбата на куполата и тоа ми се чини беше од некој архитект кој бил всушност автодидакт (самоук) ако не се лажам. А инспирацијата за големата купола потекнува од огромната купола на црквата Св.Софија во Истанбул. Ај нешто повеќе инфо, сум гледал документарни ама сум заборавил.
Повеќе автори се вклучени во изградбата на Санта Марија дел Фиоре - еден архитект работел на концептот, друг на фасадата, a најважниот според мене кој вреди да се спомне е Филипо Бруналески, затоа што сепак направил своевидна револуција во тогашното градежништво. Тој е инженерот кој бил творец на огромната купола. Имено, градбата долго време немала купола, затоа што не можеле за изнајдат функционално решение кое покрај дизајнерски специфики ќе понуди и конструктивно издржано решение. Не се сеќавам на точните димензии на куполата, но распонот секако се движеше над 9м во дијаметар, а висината беше навистина огромна, па како што кажав, не можело да се најде некое конструктивно издржано решение со техниките кои им биле дотогаш познати на градителите. Зошто решението на Бруналески било револуионерно - понудил решение со „летечки ребра“ кај куполата. Тоа е елемент од готика кој се употребува за дополнителна поддршка кај масивни градби. Еве како изгледа градбата во пресек. Не знам во кој размер е моделот, но се надевам имате предвид колку само е голема куполата.
@Mishela Да, тој беше архитектот. Филипо Бруналески. Инаку Бруналески бил навистина генијален и што е најинтересното воопшто не бил архитект, немал образование за архитект ама бил неверојатно талентиран човек. Фала ти за објаснувањето, интересно.
Бруналески бил математичар, но сепак се бавел со инженерство и дизајн. Инаку кога веќе го спомнавме - тој ја открива линеарната перспектива (до ренесанса не се користи воопшто перспектива во уметноста и скиците па и делата се „плитки и млитави“, без димензија) со помош на неговите знаења од геомeтрија и со тоа се смета за „татко на ренесансата“. Кратко потоа (не памтам години, само периоди), уредена е и куполата на Катедралата во Фиренца. Инаку бил навистина прочуен дизајнер. Имаше уште некоја базилика чиј творец е токму тој, но не ми текнува која беше, одамна го учев материјалов па не ми е баш најсвежо. Негово дело во истата таа катедрала е и лантерната над куполата. Ќе пишам повторно ако ми текне некоја друга катедрала која не сте ја спомнале.
Тој доживеал неуспех на конкурс, па отишол во Рим каде што учел архитектура и математика, така измислувајќи ја перспективата. Кога се вратил победил на конкурсот за куполата, со неговото двослојно решение, со два реда ребра и скали меѓу нив. Интересно е што самиот го направил и проектирал и алатот којшто се користел и цело време додека се градела бил присутен и ги надгледувал мајсторите.
Епа конкурсот е за дизајн на врата на крстилница во Фиренца, ама не го добил. Подоцна работел на друга врата во истата крстилница, користејќи перспектива.
Нема дилема дека бил генијалец. Ти да изведеш такво дело со образование само за скулптор и за ковач на злато треба навистина да си талентиран. За тоа дека бил математичар не знам, тоа го спомена Мишела ама да не ја упропастувам темава со ова. Али убаво што си поразговаравме.
http://www.online-literature.com/victor_hugo/hunchback_notre_dame/15/ Поглавје напишано од Виктор Иго за историјата на Богородичната Црква во Париз од неговата истоимена книга (тоа и е оригиналниот наслов). Морам да кажам дека ја знаел нејзината историја многу добро.