Препознав многу од овие од книгите на Ден Браун. Сакам еден ден да ја посетам Саграда Фамилија, кога ќе се заврши. Прекрасно е опишана. Ја имам посетено само Дуомото во Милано. Ептен импресивно...
Не знам ништо за катедралите и нивното значење, но ми се допаѓаат овие готски градби ради нивната мистичност, детали, уникатност, нешто од мојата архива Париз Прага
И катедралата во Милано ќе ти се допадне @elimkd мене лично многу ми се допадна. Посакувам некој ден да ја посетиш.
Православна Катедрала во Тмисоара Романија Мормонска катедрала во Вашингтон Мормонска катедрала во Сан Диего Кристална катердала во Јужна Калифорнија
Да се самоцитирам...Се уште ја немам посетено Нотр-Дам иако планиравме годинава да одиме,излегоа непредвидени работи и ќе мора да почекаме, па сега со она што ја снајде времето ќе се одолговлечи. Ме погоди настанот емотивно, бидејќи некогаш бев голем фан на книгата од Иго како и тоа дека сум верник а и естет, па од секој аспект ме трогна тоа што и се случи.