1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Катедра за археологија на Филозофски факултет

Дискусија во 'Образование' започната од Мала плавуша, 24 октомври 2019.

  1. Мала плавуша

    Мала плавуша Нов член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2019
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Каде има археолошки факуктети во Македонија?
    Ве молам кој и да има некакво искуство со археологија нека сподели ми требаат што повеќе информации
     
  2. Мала плавуша

    Мала плавуша Нов член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2019
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Барав низ останатите теми имаше нешто ама сепак ми требаат поконкретни одговори за овај факултет, имам желба да се запишам но сепак сè уште се двоумам. Какви се професорите на овој факултет, колкава е вработеноста и платата по завршувањето...
     
  3. Ena05

    Ena05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    506
    Допаѓања:
    479
    Пол:
    Женски
    Археолошки факултет нема.
    Има на филозофски факултет смер што се вика "историја на уметност со археологија" и на универзитетот "Гоце Делчев" во Штип мислам имаше смер археологија ама не сум сигурна.
    А за работа дека ќе најдеш по струка у нашава вукојебина не знам баш, тешко... Сепак тоа е мое мислење, ако се одлучиш за тоа и ако тоа е тоа што го сакаш онда со среќа. Иако малку си закаснила, уписите поминаа.
     
    На Мала плавуша му/ѝ се допаѓа ова.
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Археолошки факултети нема никаде :D во Македонија, но постои отсек за Археологија на Филозофскиот факултет при скопскиот универзитет (спроти МРТВ).

    Некои од професорите можат да бидат многу интересни, некои досадни или просечни. Тие кои успеале да се вработат велат дека платата им е околу 400 евра. Но голем е бројот на оние кои се бават со нешто сосема друго или се бават со професија која може а не мора да има допирни точки со истата (на пр. наставници, туристички водичи и сл.).

    Многумина мислат дека археологијата е нешто како во филмовите со Индијана Џонс или игрите Tomb Raider но реалноста велат дека е воглавно прилично поинаква: бавно и внимателно копање по локалитети (читај: ниви) по жешко сонце или студ, многу прашина, инсекти...

    Но ти треба да се прашаш што искрено те влече и сакаш да студираш и евентуално работиш во иднина.

    Кои ти се другите интереси за студирање?
     
    На Rock\m/girl и Мала плавуша им се допаѓа ова.
  5. Мала плавуша

    Мала плавуша Нов член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2019
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Сè уште ми е рано за факултет, сега сум трета година средно ама сепак најголема желба ми е археологијата и сакав да се распрашам и да имам колку толку некакви познавања на оваа тема[/QUOTE]
     
    Последна измена: 25 октомври 2019
    На Ena05 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Мала плавуша

    Мала плавуша Нов член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2019
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Иако ми е рано да размислувам за факултет, имам уште доста време сепак сакав да видам коментари или некакви мислења за ова, најголема желба уште од многу мала ми е археологија или нешто историја. Живеам во мал град каде што искрено законот не владее многу, па така пред некое време бевме собрани мало друштво и на некој начин "упаднавме" во доста постар објект. Можам да кажам дека додека ги гледав и допирав старите предмети кои беа тука буквално целата се тресев од возбуда и цело време во главата си размислував кој ги допирал тие предмети и колку се стари... Секако за ова што се случи знаат само најблиските и можеби малце се оддалечив од темата ама сакав да кажам дека археологијата е моја страст и мислам дека би уживала дури и да работам на -50° или па на +50°
     
  7. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Имаш време, но можеш да разгледаш или прочиташ понекоја посериозна книга од областа на археологијата за да видиш дали е тоа нешто кое радо би настојувала да го запомниш и прераскажуваш на испит (текстовите се релативно сувопарни) а потоа дел од тоа и практично го примениш. На пр. побарај некоја од книгите на професорите Микулчиќ, Чаусидис, Лилчиќ... би можела да се обидеш да прецрташ дел од црно-белите цртежи бидејќи тоа е дел од вежбите на студентите по археологија. Ова што ми кажувале луѓе кои студираат арехологија.
     
    На Мала плавуша му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Мала плавуша

    Мала плавуша Нов член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2019
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Каде би можела да ги најдам книгиве?
     
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Низ скопските книжарници(обично се поскапи цените 2-3000денари), но и бесплатно за позајмување во библиотеките, можеби и во твојот град...

    Еве едно од предавњата на проф. Никос Чаусидис



    А еве од проф. Лилчиќ:



    Доколку одбереш да се запишеш на отсекот за археологија, тие ќе бидат дел од професорите кои ќе ти предаваат.
     
    Последна измена: 25 октомври 2019
    На Мала плавуша му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Мала плавуша

    Мала плавуша Нов член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2019
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Баш ти благодарам за сите информации, а книгите ќе ги побарам најбрзо што можам. Навистина ти благодарам за сè ❤
     
  11. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Јас магистрирав на рано римски накит а дипломорав на раноримски градби. Со факултетот не добив ништо освен браво за мене. Работа нема ако има повремено е на некое сондажно ископување и тоа е ретко во последно време. Искрен совет не де запишувај колку е интересен тежок е факултетов , другарками првенец ни беше на наша генерација сега работи на каса во маркет со просек 10 и диплома. Иначе катедртата е Историја на уметност и Археологија и е на Филозофски при УКИМ. Програмата сеа е многу сменета и дел нема квалитет од тоа што беше за жал . Професорите се тие само што ја унаказија програмата. Ако ти требаат книги можам да ти пратам што имам во компјутер само пиши ми ПП
     
    Последна измена: 25 октомври 2019
    На Мала плавуша и Nausicaa им се допаѓа ова.
  12. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    6.649
    Пол:
    Женски
    И квалитетните проф се пензионирани. Микулчиќ и Лилчиќ се одамна пензионирани.
     
  13. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.834
    Допаѓања:
    21.513
    Убаво е да одбереш факултет според страст и вистинска желба, јас тоа го направив и завршив Историја на уметност. И горда сум, си ја обожавам струката. Но реалноста е дека за да работиш по струка како дипломиран археолог МОРАШ, ама навистина МОРАШ да имаш врски во институциите, а главната и најсилната врска која ги надмоќува сите останати врски е партиската.

    Затоа, прво осигурај се дека ја имаш таа врска, а потоа започни го тој факултет и студирај си со најголема страст. Во спротивност ти гарантирам 100% дека нема да работиш по струка и не, не сум јас исклучокот и можеби со тебе ќе биде поинаку, туку едноставно така функционира државата. Тоа го гледам и по искуството на колегите историчари на уметност и археолози од секакви генерации.

    Втора опција би ти била можеби странство, но и за таму ти треба некаква врска, односно да бидеш навлезен во археолошките/историските/уметничките води, за да те изберат токму тебе.

    Знам дека звучам сурово, но тоа е реалноста, не ми е намерата да ти го уништам сонот, туку да те предупредам.
     
    На Мала плавуша му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Мала плавуша

    Мала плавуша Нов член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2019
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Разбирам дека не е баш се онака "розево" како што мислиме дека е но сепак навистина незнам, дали да си го следам сонот со огромна надеж дека ќе успеам да го работам токму тоа што го сакам или па да се запишам на нешто друго со надеж дека ќе се привикнам да работам нешто што не е по моја желба
     
    На Филотеа му/ѝ се допаѓа ова.
  15. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Абе и јас се надевав ама само на тоа остана , сепак многу луѓе работат нешто што не го сакаат ама тоа носи солидна плата и го работат
     
    На Мала плавуша му/ѝ се допаѓа ова.
  16. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Имаш време и да размислуваш и да се предомислуваш. Дури и да одбереш нешто друго, никој не те спречува археологијата да ти биде хоби доколку така сакаш - во секое време можеш да читаш на таа тема (интернетот нуди изобилие информации и видеа) и да посетуваш музеи, па и археолошки локалитети. А зависно од можностите (време, финансии и сл.), понекогаш некои луѓе завршуваат после едниот, уште еден факултет или се префрлуваат на други насоки за кои сметаат дека повеќе им лежат или дека им се попотребни.

    Но сепак кога ќе дојде време, одлуката би требало да биде лично твоја.