1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Катица Јанева поднесе оставка, уапсен Боки 13 (Ново: Изречени пресуди)

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Asdasovski, 15 јули 2019.

  1. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    Еве пoсле изјaвaтa нa Милoшoски декa црпнaтиoт изјaвил декa кaтa ќе излезе зa 10 денa, еве денес читaм се бaрa куќен притвoр и се зaлoжувa нејзиниoт имoт.
     
    На Tanjamm и nextredstyle им се допаѓа ова.
  2. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Машки
    Opa batooo...Pukaj:)

    НОВ ЗАПИСНИК ОД „PEKEТ“: Никола Димитров знаел за peкeт, бил информиран но наместо да пpиjaви го повикал бизнисменот на состанок

    Ја гледав дебатата на 24ТВ, која пред некој ден ја имаа министерот за надворешни работи Никола Димитров и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. Во суштина, од дебатата можевме да разбереме само дека ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека ако добие 80 пратеници или повеќе ќе се направи ревизија на Уставот на државата со цел враќање на државното име во Република Македонија, додека од другата страна, од страна на претставникот на власта предводена од Зоран Заев слушнавме многу сврзници кои упатуваат на идно несвршено време „ќе“ биде ова, „ќе“ биде она – „ќе“ добиеме датум за ЕУ…..

    [​IMG]



    Помеѓу овиенесвршени глаголи и честички со кои се образува идното несвршено време, а кои се карактеризираат со„ќе“пред глаголот во сегашно време, имаше и низа оправдувања но и ширења налажни вестии злоупотреба на еснафските здруженија – мислам на оние новинарските. Во контекст на ова, сакам да објаснам дека одлуката со која „Инфомакс“ беше „осуден“ од страна наСоветот за етика во медиумите во Македонија – СЕММ, а на барање на Никола Димитров кој се почувствувал навреден затоа што бил споменат во еден од исказите на сведоците во врска со аферата „Рекет“ пристигна токму на денот за кога беше закажана дебатата со Николоски на 24Вести.

    Зборувајте ми за коинциденции, нели.

    [​IMG]

    Внимавајте ве молам, Димитров се жалел затоа што била објавена само првата страница од записникот, а тоа што не сме ја објавиле било прекршување на член 1 од Новинарскиот кодекс. Иако, од СЕММ заборавиле дека новинар кој се повикува на документ не може да клевети ниту да навредува. Едноставно, се повикува на документ, заради јавен интерес. Во овој случај на исказ што го кажал некој друг. Еве и сега, објавена е само првата страна од одлуката. Тоа што значи, дека повторно сум го прекршил Кодексот? Што би рекол Кили „немој да ме јебеш“.



    Но, бидејќи МНР Димитров повеќепати потенцираше дека тој ниту знаел, а ако знаел за рекетот кој му го пријавил еден нерезидентен амбасадор ќе пријавел во Обвинителството, заради јавниот интерес, еве јас ќе го потсетам за хронологијата на настаните, но и дека навистина знаел дека еден бизнисмен (помеѓу останатите) бил жртва на рекетот на СЈО, Боки Тредичи, Кичеец, кои пак пред да бидат пријавени биле предупредени од Зоран Заев да престанат комуникација со Орце Камчев кој најавил кривична пријава токму кај премиерот.

    Во исказот на еден бизнисмен од источна Македонија, да не речам од центарот на истокот, токму Никола Димитров се споменува како човекот кој меѓу првите добива информација дека во земјата се организира огромна рекетаркска операција за која знаеле токму во врвот на владата, но не и Димитров. Барем не до тој момент. Поради големиот јавен интерес, го објавувам и ова:

    Бизнисменот, кој се занимава со производство на вино (најчесто за ивоз), во својот исказ како сведок во Обвинителството објаснува дека Димитров во еден момент му се јавил на телефон и се обидел да го повика во министерството за да разговараат. Бизнисменот одбил. Никола Димитров наместо да пријави, молчел.

    – Во периодот октомври ноември 2018 година лицето ……. …………. адвокат од Штип, со телефонски број 070/2………………, кој ми е и кумашин и воедно правник на моите компании „Е….“ ми пристапи и ми кажа дека бил на средба во телевизијата на Бојан Јовановски „1ТВ“, и ми раскажа што се случило, бил повкан таму, помислил во својство на адвокатм дека ќе пружа адвокатски услуги на телевизијата, но бил видно изненаден кога состанокот, сопственикот на телевизијата Бојан Јовановски почнал разговор за мене, како јас сум имал проблеми со СЈО и дека доколку сакам да ми биде полесна ситуацијата да платам два милиони евра. – вели сведокот на крајот на првата и почетокот на втората страница од записникот од испрашувањето, водено од Вилма Русковска.

    Интересно е што бизнисменот е и конзул на една европска земја. Поточно на Латвија, земја чие знаме беше по грешка ставено за пречекот на Австрискиот канцелар Себастијан Курц во Македонија, токму во овој период.

    По кажување на сведокот, a поради јавниот интерес, треба да се објави дека неговиот адвокат на состанокот со Бојан Јовановски бурно реагирал, прашувајќи го дали тоа од компанијата на бизнисменот се бара рекет. На ова, Боки Тредичи одговорил потврдно, објаснувајќи дека ако тоа не го направат – ако не исплатат два милиони евра – бизнисменот ќе има поголеми проблеми во врска со предметот „Поштенска Банка“.

    Тој, Тредичи понатаму објаснувал дека знае дека адвокатот има пристап до сметките на бизнисменот и дека треба што побрзо да се реши ова нивно барање за рекет. Откако одбиле, бизнисменот добил посета од истражители на СЈО во неговата компанија но и обвинение за случајот.

    За да го убеди во сериозноста на тоа што го зборува, Бојан Јовановски го запознал адвокатот на бизнисменот и со синот на Катица Јанева, Лазар Јанев инаку тогаш вработен како маркетинг директор во телевизијата „1ТВ“ но и единствен вработен во „БМЈ Медиа Груп“ заедно со таткот на Боки Тредичи и Јасна Мандиќ.

    – Испуштив да кажам дека додека …… бил во просториите на 1 ТВ и разговарал со Бојан Јовановски, Бојан повикал некое лице кое влегло и се запознало со …….. и Бојан кажал дека тоа е синот на Катица Јанева. Како точно било ќе ви каже …… ………. затоа што јас ова го знам по негово кажување. – вели бизнисменот од источна Македонија во својот исказ на втората страница од записнкот, некаде на средина на страницата.

    После ова, вели бизнисменот во исказот, Бојан се обидувал преку разни луѓе да стапи во контакт со него, но безуспешно. Сепак, бизнисменот бил исплашен од ситуацијата која се одвивала во државата бидејќи во тој период Катица Јанева била многу моќна – според кажувањата на бизнисменот – а бил отворен и предметот „Империја“ по кој во притвор завршиле бизнисмените Орце Камчев и Цветан Панделевски и други бизнисмени. Ова го исплашило бизнисменот, кој одлучил да го информира амбасадорот на земјата на која е почесен конзул.

    – Јас веќе 12 години сум почесен конзул на Латвија и за ова што ми се случува усмено го известив амбасадорот кој е нерезидентен амбасадор за Македонија, а во тоа време беше амбсадор во …. Тој го информирал министерот за надворешни работи на Република Македонија Димитров, кој преку неговиот кабинет побара да се видат со мене. Јас не остварив таква средба од причина што не сакав таков срам јавно да излезе, тоа не би било добро за целата држава. – вели бизнисменот во своето сведочење, на втората страница од записникот, при крајот на страницата.

    И сега се поставува прашањето, повторно поради јавниот интерес. Зошто Никола Димитров, како и Зоран Заев, Фросина Ременски и останатите споменати во записниците на сведоците кои биле жртви на рекетот, лажат?

    До каде е постапката со тужбите до мене и „Инфомакс“? Или не ви одговара да се соочиме на суд, на јавно рочиште во присуство на сите медиуми?

    Тоа што дополнително ја прави состојбата тажна е фактот што од еснафското здружение СЕММ се ставија во служба на политиката, па наместо да го заштитат новинарскиот интегритет, јавниот интерес и слободата на говорот, тие се обидуваат да делуваат во насока на олеснување на процесите за политичарите кои се вмешани во афери. Тажно.

    Бизнисменот во својот исказ дополнува дека по ова јавување од кабинетот на МНР Димитров се одлучил да ги исклучи мобилните телефони и да замине во Бугарија, во Банско на два месеци за да се сокрие од притисокот кој го чувствувал, ова исклучително е важно особено поради јавниот интерес. Бизнисмен кој го полни буџетот на земјата да се крие и да нема верба во институциите кои се финансираат од негвото вработење. Зборувај ми за јавен интерес…

    – Ова го направив од причина што не можев повеќе да го издржам притисокот. Сакам да напоменам дека ова не го пријавив никаде од причина што Бојан цело време по социјалните мрежи ги употребуваше јавите личности и тоа министри, обвинители, вклучително и вас (се мисли на Вилма Русковска која го води испрашувањето). – вели сведокот на крјаот на втората страница од исказот даден во Обвиителството за организиран криминал и корупција.

    Замислете, бизнисмен кој 25 години работи речиси исклучително извозно ориентирано, кој донел сериозни суми на девизен прилив во земјава се чувствувал загрозен и не можел да пријави дека некој сака да го рекетира бидејќи не верувал во институциите чии претставници се фотографирале со рекетарот, кој пак бил диригиран од еден моќен властодржец во земјава.

    Мизерно, нели?

    Но на крајот, еве министре Димитров кажете – сте знаеле или не за рекетот, и зошто не сте пријавиле во Обвинителство итно? Со кого мислевте дека ќе можете да изманипулирате? Сметате дека граѓаните се недоветни? Дека новинарите нема да го најдат вистинскиот одговор и дека ќе ви веруваат на вас? Не, вие одамна го загубивте кредибилиетот кој ви даваше за можност да веруваме во тоа што го кажувате.

    Ние, проверуваме….поради јавниот интерес.

    А.Митовски

    https://infomax.mk/wp/нов-записник-од-pekeт-никола-димитров/
     
  3. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Машки
    Катица ЈАНЕВА ја кријат во Јасен

    Потврдени се тврдењата на Миленко Неделковски дека Катица Јанева нема проведено ниту една ноќ во истражниит затвор Шутка.

    Уште повеќе, Дудинка има ексклузива дека во овие 2 месеци од шатро изречената мерка притвор за Катица Јанева, таа цело време се наоѓа во резерватот Јасен. Хотелско сместувае (целиот хотел и е на радполагање), парно греење, дивеч на богатото мени… А досадата Јанева ја разбива преку одење на лов секој ден.

    Вработените во Јасен, кое е под надлежност на министерството за одбрана (Шекеринска е министерка), тврдат дека Катица според третманот и активностите им личи на Јосип Броз Тито.

    Земајки ја предвид роднинската поврзаност на Радмила Шекеринска и Бобо Јанковски Дајнерс со случајот Рекет, односно на јатрвата на Шекеринска Марија Јанковска која е еден од основачите на Меѓународниит (рекетарски) сојуз на Боки 13 – јасен станува целиот заговор.

    Згора на се’, актуелен директор на Јасен е Новица Зечевиќ, брат на Миле Зечевиќ, шеф на СДСМ-овското крило на тајната полиција. Новица инаку е неосуден убиец. При лов на Маврово “случајно” убил свој пријател, а заради конекциите на братот Миле случајот е затворен како “несреќен случај”. За ова своевремено дебело реагираа дипломатите во Македонија, тврдејки дека со ваков директор не се чуствуваат безбедно.

    Во оваа завера активно учество има и директорот на Шутка Есад Рахич, бидејки го крие фактот дека Катица воопшто не му е испорачана на чување. Земајки предвид дека неговата ќерка е вработена во СЈО од страна на Катица, јасна е и оваа испреплетаност.

    Крајно, нема одговор и на прашањето кој и кога му овозможува фарбање на косата и кварцање на лицето на Боки 13.

    Во Шутка има берберин кој доаѓа еднаш во 2 недели. Има купишта глави за стрижење, па единствени фризури се “нуларица” или “кец”. Така да тој берберин нема ниту време ниту можности да го фарба Боки 13.

    Не е познато во светската историја на притвори дека притвореник може да излегува за да посети фризер.

    Исто така не може да се фарба затоа што во ќелиите не е дозволено внесување хемикалии за да не се отруе некој или за да не направи експлозивна смеша.

    Да беше СДСМ опозиција, 10% од ова да се случуваше, новинарски екипи, разно-разни експерти и аналитичари нема да се симнеа од екраните.

    Вака молк!!!

    Пардон, вака, само на Дудинка.



    Дудинка

    23.09.19

    http://www.dudinka.org/катица-јанев...VPAyFdPfV8TaH10z2D-ZweMvlYtzimsgAvBDwnogXPB4s
     
  4. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Абе да не сте грешка како и џа се па и за молкот?
    Молк беше на екраните кога беа ВМРО.
    ЧАК И другар ти Дудинка беше молк.
    Сега слободно вие невистини, а со извинење по сле се овој жовек само прост народ го верува.
     
  5. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Машки
    Popoleka ke izleze vistinata.Kolku i da se trudat da ja sokrijat.

    Post na Nikola Gruevski na FB so iminja i preziminja

    Никола Груевски: Катица му се заканила на Заев -„Ако одам јас, ќе одиш и ти“

    Зоран Заев пред да ги предаде материјалите во СЈО внимателно ги отстранил сите компромитирачки за него снимки, пишува во свој ФБ статус поранешниот премиер Никола Груевски, кој доби политички азил во Будимпешта.

    Во подолгиот пост, Груевски во пост скриптум пишува:

    Неодамна објавив дека две недели пред апсењето Катица Јанева го задолжила обвинителот Пеливанов да преслушува снимки поврзани со Заев. Ми пренесоа дека имало реакции дека тоа не е точно, по што извршив дополнителна проверка и имам мала исправка. Имено, при пренесувањето на информацијата ми беше кажано дека нејзин близок соработник по потекло од Кавадарци го правел тоа заради што така напишав. Всушност, друг нејзин близок соработник од Кавадарци ја добил таа должност, еден од истражителите, извесен Атанас. И не две недели, туку еден до два месеци пред апсењето.

    Но, поентата беше дека попусто го правеле тоа, затоа што Заев претходно, пред да ги предаде материјалите во СЈО внимателно ги отстранил сите компромитирачки за него снимки. Токму затоа и имаше огромно доцнење со предавањето на снимките на СЈО. Формално се предадоа еден месец по истекот на законскиот краен рок, согласно Законот за заштита на приватноста. Овој Закон, Заев одлично го знаеше, бидејќи само една недела пред неговото донесување лично учествуваше во неговата подготовка и прифаќање одејќи во детали член по член.

    Тоа е формалното предавање на аудио материјалите. Неформално уште околу половина месец подоцна, кон средината на јануари, една вечер во фабриката за правење керамиди на Заеви ,,Еленица” во Струмица, Заев ги има предадено на Јанева лично на рака.

    Потребата внимателно да острани се што е компромитирачки за него беше посилна од факот што порано или подоцна сите незаконски прибавени аудио материјали во форма на копија и не споредена со оргиналот, како и не вештачени, ќе паднат во судска постапка во земјата или во Стразбур. Меѓу другото, и заради прекршување токму на роковите за предавање на аудио материјалите во Законот за заштита на приватноста.

    П.С.2. Некаде во период март-април оваа година, Катица Јанева за прв пат е поканета во премиерскиот кабинетот со назнака да не влегува од главниот и официјален влез, туку од директниот влез во премиерскиот кабинет од гаражата на владата, кој се користи при пристигнување и заминување од работното место на секој досегашен премиер. Секогаш претходно Јанева доаѓа од официјалниот влез на владата. По средбата, Јанева вознемирено известила свои блиски лица дека и било предложено да се повлече од функцијата со образложение дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати продолжување на СЈО со неа на чело. Предлогот бил, таа да се повлече за СДСМ да го задржи СЈО како свој инструмент во политиката со друг нивни човек на чело, а подоцна по смената на претседателот на Врховниот суд (очигледно уште тогаш планирана), Јанева да биде промовирана во претседател на истиот.

    Јанева, која меѓу другото била свесна дека по сегашните закони не може да биде назначена за претседател на Врховниот суд, остро се спротиставила со зборовите: “Ако одам јас, ќе одиш и ти”, што засега како што сите знаеме не е така. Сепак, Заев знае на што мислела кога го рекла тоа…

    https://lider.com.mk/makedonija/nik...zakanila-na-zaev-ako-odam-jas-kje-odish-i-ti/
     
  6. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Навистина и Фросина Ременски е обвинета ?

    Доста беше веќе глума и летање во облаци.
     
  7. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Машки
    ГО TPУE ЛИ НЕКОЈ БОКИ 13: Дали некој сака да го oтpye Бојан Јовановски во зaтвopoт бидејќи премногу знae?

    Бојан Јовановски алијас. Боки 13 е осомничен во најголемата рекетарска афера во историјата на независна Македонија, аферата „Рекет“, во која е обвинет заедно со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец. Според обвинението тој, заедно со Кичеец и Јанева земале најмалку 1.5 милиони евра рекет од бизнисменот Орце Камчев, но и од други бизнисмени за олеснување на постапката во случајот „Империја“ во која беа обвинети Камчев, Цветин Панделевски, но и други бизнсмени и луѓе од јавниот и политичкиот живот.

    Во оваа афера се вмешуваат и лица од највисоките ешалони на власта.

    Така на пример, во исказот на Камчев во неколку наврати се споменати имињата на Фросина Ременски и нејзиниот сопруг Јовче Ременски, судијката Весна Димишкова и нејзиниот брат Васил Димишков, Радмила Шекеринска и нејзиниот сопруг Божидар Јанковски.

    Споменат е и премиерот Зоран Заев кој според исказот ги предупредил Боки и Кичеец дека е започнта истрага.

    Дека во рекетот бил вмешан и Зоран Заев јасно се гледа и од исказите на останатите оштетени и сведоци, но она што најмногу загрижува е исказот на Орце Камчев, во кој се вели дека премиерот наместо да ги изведе пред лицето на правдата, ги предупредил Кичеец и Боки Тредичи дека Орце Камчев ги пријавил за Рекет.

    -На прашање дали после средбата со премиерот Заев, имал контакт со Бојан Јовановски или со Катица Јанева, подносителот одговори не, но имав комуникација со Зоран Милевски кој што имаше добиено информации дека сум го пријавил случајот, мислам дека од премиерот, стои во записникот на обвинителството за организиран криминал од исказот на Јордан Камчев.

    https://infomax.mk/wp/го-tpуe-ли-некој-боки-13-дали-некој-сака-да-г/
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Катица Јанева бара апанажа, туку за друго влегувам во темава (а е исто во суштина), зошто нејзините соработници сѐ уште работат на случаите отпочнати од сјо, тие се компромитирани, други кадри нека преземат.
     
    Последна измена: 2 ноември 2019
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.592
    https://a1on.mk/macedonia/fetai-i-bubevski-trgnati-sproti-mijalkov-kje-zastane-vish-javen-obvinitel/

    Ги тргаат. Посебно Фетаи која не успеа ни еден случај да заврши ко што треба.
     
  10. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.592
    Не е она
     
  12. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.034
    Допаѓања:
    26.581
    Не гледам вести ни па ме интересираат.
    Ама, преска случајно почнале и таман да сменам почна ударната вест.
    Ептен е комично ова се.Кој со здрав разум ќе мисли дека ова е приведената?
    Со 1777 палтиња па и раци покриени.
    Ние сме Див Запад, ама искрено.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    И тоа без да ѝ биде прифатена имотната гаранција.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    Сегa и Рускoскa ќе пoкренелa финaнсискa истрaгa зa судиите штo и дoделиле куќен притвoр.
    Кoј циркус чoвече, немa крaј
    :rofl:
    Мирисa нa сценaриo зa некoј дa спaси гз
     
    На Shmizla94 и nextredstyle им се допаѓа ова.
  15. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Кои пародии човече, овие го зезнале Спилберг.
     
    На GirlLove, Harper, lovestoneddd и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    Сo вaкви судии ќе нaмaлo еу...
    Веќе незнaм дaли Рускoскa е пoлитичaр или oбвинител, oвде не се знaе ни кoј пие ни кoј плaќa.
     
    На nextredstyle и Fleur-De-Lis им се допаѓа ова.
  17. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Знаат, знаат многу добро тие. Ние незнајме. Виша политика шта чеш.
     
    На GirlLove, nextredstyle, Stark и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    77154497_948943825505800_5337458396788424704_o.jpg
    И тaкa сo другиoт oсoмничен ќе седaт немo и ќе гледaaт турски серии.
     
    Последна измена: 19 ноември 2019
    На Cka, orevokrsacka, Fleur-De-Lis и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.667
    Допаѓања:
    116.478
    Пол:
    Женски
    Кој Спилберг,кој Кјубрик?
    Нашиве се врв... :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
     
    На Fleur-De-Lis и Asdasovski им се допаѓа ова.
  20. sunshine2015

    sunshine2015 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2015
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    4.488
    Пол:
    Женски
    Што се случува со Боки?
    Прееска случајно го фатив адвокатот негов како збори декс не му давале лекарства, бубрегот му откажал....вистина е или само за куќен притвор е работава?